мхххххххм... колку често само се случува "jump-ship".
1. бродот се докира
2. излагаш од брод со план да не се вратиш
3. бродот си оди
4. те бараат на разглас
5. не те наоѓаат
6. се јавуваат кај надлежните служби, "Тој и тој не се врати на брод, неговите работи ќе бидат пратени на адресата што ни ја даде кога се вработи, кој го ебе, депортирајте го".
7. (за ова треба потврда
@Tonchie ) дали агенцијата што го пратила јаде негативни поени за тоа што отишол да работи преку нив (?).
Туку, имаше нешто за Бахамите, да не користат бродови-влечачи кога ќе се докира крузер, така да доаѓа до одредени, проблеми.
не знам, може некој веќе го пуштил клипов на форумов.
Туку, ако некој ја прати приказната од Декември 2017, за ликот што го снема од Ројал Vision of the Seas, Ројал конечно го објави документот за целата несреќа, или во што и да спаѓа случајов, ваљда несреќа.
Документот е прилично долг, така да... тие што ве мрзи да читате, шо ве ебам, ќе читате тука на кирилица
Дечкото (24 годдишен момак од Маурициус) се пријавил на работа рано сабајлето, ама го снемало во текот на утрото (рано сабајле = early morning на брод е 4-5 саат сабајле, не е ни разденето). Работата му била чистење на палуби и околу базенот.
Го барале што го барале, и секако не го нашле на бродот, а за тоа време не го свртеле бродот да го бараат на отворено море, пошто може да го покаже на радар. Дечкото имал Safety Training сабајлето, и не се појавил (DUH!) а Safety Officer-от не се замарал многу, па си отишол на ручек (што значи 12 на пладне).
Кога ги прегледале снимките од камерите (после 9ипол саати), го виделе како сам скока преку оградата.
Сепак, иако момаков скокнал во 5и15 сабајлето, имал тренинг во 9ипол, офицерот одговорен за тренингот лабаво на ручек во 12, дури тек во 12и40 неговиот супервајзор го пријавил како исчезнат. Па секако 12и45 е првиот разглас по него, па Мостот го информираат во 1, па втор разглас во 1и15 попладне и трет разглас во 1и45.
Од 1и45 до 2и15 ги прегледуваат снимките, Стаф Капетанот и Капетанот ја испрашуваат девојката со која живеел дечково (исто од Маурициус, заедно биле во кабина), ја изолираат во друга кабина со чувар пред вратата.
во 2и45 попладнето, Обезбедувањето се јавува во Мајами да пријави “можно исчезнување“, и дури во 3и20 почнуваат да го бараат типов по бродот, ручно ваљда, под черга да не се скрил а на камерата се гледа дека прерипал.
Во 3и45 ја заклучуваат вратата од кабината на типов, CRIME SCENE лента на вратата, во 3и50 официјално пријавуваат “исчезнат човек“ во Мајами.
Заклучно во 4и50 објавуваат дека е завршено пребарувањето на бродот и типот не е најден.
Зошто не се вратиле назад да го бараат на отворено море, не знам, ама ова лежерниве офицери ми идат на нерв секогаш кога сум на брод. Од лежерност и немарност се дешаваат најголемите срања, посебно на место каде што немаш многу простор за маневар и бегање од опасност.
Се сеќавам дека на неколку пати не се појавуваа луѓе на тренинзите, и тој што беше инструктор/тренер се јавуваше кај нивните менаџери да провери дали спијат или се на работа или не дај Боже, некое вакво срање.