Работа на брод

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzings
  • Време на започнување Време на започнување

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Дали би работеле на брод? Од овие големите туристички, и да видам дали има некој со искуство.
Како човек што не го фаќа место ниту една друга држава каде што можам да отидам во моментов да работам не ми изгледа по убаво и ниту една друга работа во странство не ми изгледа поубаво/повозбудливо/понеизвесно/поживо/пошарено !:vozbud:
 
Не би заминала да работам на брод.Страв ми е долго време на брод,не дај Боже да почни да тони,нема бегање:)Плус непозната средина,не знајш со какви луѓе(газди) ќе си имаш работа,далеку од дома...мене како женско ми е страв.
 
Распрашај се по туристички агенции, мислам дека имаат такви понуди, ама пази да не завршиш кај некој Шефќет во околината на Гостивар.:)
 
Лично јас немам искуство со работа на брод иако сакам едно такво искуство...еден братучед беше 6 месеци шанкер .... нема лош збор ... многу возбудливи места многу јавни фаци многу интересно му било.... му завидувам ... а тоа за тонењето :) ех лелеее ак требе да се деси нешто ќе се деси па ак сакаш и в кревет биди...
 
Беше еден брачед ... Ич не е задоволен
 
Во Скопје на брод луѓе праќаат Мајоми и Коузон.
На времето кога го имав ова како идеја, една другарка замина преку Мајоми и после и јас аплицирав, дадов 1500 денари и си останав на копно. Сега се пишманив, имам други планови.
Во истот време кога јас аплицирав преку Мајоми, двајца мои другари аплицираа преку Коузон.
Едниот беше тапа со англискиот и сосема очекувано си остана на копно, а другиот замина да биде собар.
Инаку вика дека е напорно, но со парите спечалени таму си купи еден куп интересни работи, но пак имаше идеја да се врати назад.
Последниот пат кога го видоф кажа дека наместо 6 месечна виза добил повеќегодишна, и договор на подолг период, и за повисока плата.

Инаку Виртуала ме советуваше да одам преку Коузон, но јас му реков дека веќе сум дал пари и ќе чекам од овие...

Како што ми кажуваше другаров, сместени се во кабини по двајца и во кабината имаат се што им треба, бања, телевизор, масичка. По бродовите има персонал од цел свет.

И патнички брод (ова важи за Madchen) нема потона мноооооооогу долг период.
 
Немам искуство јас на брод,но мојот вереник работи таму веќе 5 години.Знае да биде напорно како и секоја работа но убавото е што шета и се запознава со луѓе.НАјнормално потота продолжуваат нивните контакти.Да кабините ги делат со цимер и имаат и телевизорче и бања ама не некоја огромна.ЈАс како што ги видов кабините на слика искрено жал ми е за сите што се таму.Ама тоа е.А за пари зависис на кој брод си и колку дена е крстрењето.И најнормално до луѓето и компанијата.
 
јас мислам дека оваа работа не е за женско незнам али јас така не би идела за машките е ок ипак машко е мислам не ме сваќајте погрешно знаете што сакам да кажам нели!?сега еден другар аплицира преку каузон и ќе си иде сега во јуни па ќе видиме како ќе му биде.
 
јас мислам дека оваа работа не е за женско незнам али јас така не би идела за машките е ок ипак машко е мислам не ме сваќајте погрешно знаете што сакам да кажам нели!?сега еден другар аплицира преку каузон и ќе си иде сега во јуни па ќе видиме како ќе му биде.
Не те сваќаме погрешно пошто го знаеме менталитетот во Македонија, во светот не се работи на тој начин ... нема никаква опасност и женско да оди на брод или било каде ... не е се само за машките...но твое мислење твое право :)
 
Заебано е на патнички брод, може да тргне накај Хаваи, ама може и да се укотви на Аљаска (брррр). Иначе, искуства не знам многу, освен дека на еден другар брат му се врати со жената му - црна ко ноќ :)
 
Абе пушење на шефовата...хм, пура, за прогрес на работното поле е исто.
Е сеа, зависи од ситуацијата, уствари не... денес кој гледа полови. Еднаквост на полови m=f. e=mcнаквадрат


Не сум слушнал за работа на брод, ама затоа деновиве постојано се врти по радиостаниците оглас за работа во казина во странство. Обезбедување, келнери, шанкери, готвачи, рецепција... па би можело да се проба.
 
Еден од моите најдобри другари веќе 4 пати беше и се врати. Првиот пат отиде како помошник готвач, се врати со паричка, ама не беше баш задоволен, не поради друго, туку дека самото работно место не е платено.

Вториот пат отиде како помошник келнер. Се врати задоволен, заработил дури и над очекувањата.

Третиот пат отиде како келнер, последниот пат како џомба келнер. Од последнит пат е презадоволен, малку работа, елитен ресторан со гости кои оставаат многу бакшиш, се врати со бааѓи паричка, сега во април треба пак да се врати.

Секогаш оди да работи за истата компанија.
 
сега во април треба пак да се врати.

Секогаш оди да работи за истата компанија.
Сега со падот на доларот не е исплатливо,ќе го скинат од работа...обично луѓе од балканот и филипинци се во најголем број,по шо нели најефтина работна рака.Сите тие компании се американски,па никој не памти американец да работи на брод како келнер.
 
Сега со падот на доларот не е исплатливо,ќе го скинат од работа...обично луѓе од балканот и филипинци се во најголем број,по шо нели најефтина работна рака.Сите тие компании се американски,па никој не памти американец да работи на брод како келнер.
A shto ti kako makedonec se ramnish so amerikancite? E da te razocharam, daleku sme! Jbg, toa e, eftina rabotna raka sme. Ali mozesh sam da se izborish za ubava plata, tamu barem ne trebaat prijateli i partiski knishki i da imash vujko vladika = Prv moj bratuched za 2.5 godini t.e chetvrt dogovor od po 6 meseci e klener so okolu 3.5k $ mesechna plata! Inaku Kompaniiite se svesni za padot na dolarot ne se sekiraj, skoro na site pozicii e pokachena platata, taka da ne drzi mesto niti toj muabet! :smir:
 
Зависи на кој брод работи.Верувај не е на секој брод идеално за пари.А дека сме евтина работна рака тоа е точно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom