Работа на брод

Член од
3 мај 2017
Мислења
20
Поени од реакции
5
Од кога чекаш за Карнивал?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Не чекав многу, еден месец откако аплицирав, требаше август да одам ама ја одложив датата за следен тренинг сега во ноември.[DOUBLEPOST=1509745728][/DOUBLEPOST]
Ако можеш, понеси со себе едно 200-300 долари. По аеродром ако видиш нешто фино, или ако изгледниш да си купиш сендвиче и сокче (10+ евра на аеродромот во Виена). Потоа Козумел е одличен остров, има мноооогу интересни работи. И за крај додека да почне да ти стигна плата ќе треба да си активираш интернет пакет, да испиеш некоја пијачка у кру-бар (мада јас би ти препорачал да избегнуваш кру-бар првите 2-3 недели од договорот). Не знам како е на Карнивал. На Дизни имавме 75 долари кру-кредит. На Ројал мораше однапред да ставиш пари на кру-сметката па да трошиш по брод.
Ќе ми биде интересно значи, фала ти и на тебе! :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
Супер фала многу! А за старт колку пари би ми биле потребни да носам со себе?
150-200 долари би ти биле доволно, плус носи си ја потврдата што ти е од визата дека имаш платено и уште првиот ден трк во МЅА и ќе ти ги вратат тие 160 долари за неколку дена.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Која е разликата на платите помеѓу Томсон и Карнивал, за ресторант
департмен ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
8 декември Томсон има интервју , да не знае некој дали е во Скопје?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
МОРНАРИ ОД МАКЕДОНИЈА - ЈАВЕТЕ СЕ!!!
ДАЛИ ИМАМЕ “СТАРИ” МОРНАРИ КОИ САКААТ ДА СЕ ВРАТАТ ВО “ЖИВОТ”?

Дали работите или сте работеле на брод?
Дали би сакале да направите чекор напред во вашата кариера?
Вработете се на компанијата Viking Ocean Cruises и искусете ги сите бенефити која оваа компанија им ги нуди на своите вработени!

ШТО ДОБИВАТЕ?

Бесплатен wi-fi, примамливи плати и други придобивки кои нивните работници ги добиваат, се само некои од работите кои ја прават оваа компанија една од најдобрите во својата индустрија.

ВИСОКИОТ РАСТ НА ОВАА КОМПАНИЈА ви овозможува да напредувате брзо во вашата кариера. Интервјуто со Viking Oceans ќе се одржи на 11-12 декември во Скопје.
За пријава и повеќе информации за позициите и платите контактирајте не на info@kouzon.com.mk или на телефонскиот број 070/206-108.

Пријавите треба да содржат ваше CV на англиски јазик и ваш evaluation/appraisal.

---------------------------------

Само да додадам дека интервјуата на Викинг се во неколку чекори.
За да се присуствувате на интервјуто треба првин тие да го одобрат вашето ЦВ.
Апликациите се затвараат на 1 декември, не знам дали ќе прифаќаат апликации после тој датум.
Нивната цел е да ги разгледаат убаво сите апликации пред да ве видат во живо.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
@Tonchie колку шо видов засега имаат еден брод, помал, споредено со други бродови иста класа релативно помал број на патници носат, не знам бр. на екипаж, одат на повисоко ниво на услуга или сл. не ми е јасно.

Корекција:
Capacity: 930 passengers
Crew: 602 crewmembers

Ако не е проблем напиши нешто плус, чисто информативно кои позиции ги бараат и колку е основна плата за истите, покривање виза, лекарско, униформи на брод, траење на договор и одмор и сл...

Фала,
 
Последно уредено:

Мислам дека имаат повеќе бродови бе, не им е само еден. Околу 3-4 беа мислам до пред некое време. Имам другар што работи во housekeeping, stateroom steward позиција плата му беше околу 3000$, за bar waiter како што читав по форуми околу 2000$ што е горе доле слично како и на Карнивал каде што работам. Друго ништо не знам за компанијава освен дека вработените имаат бесплатен интернет а интернетот е толку брз што еднаш другаров ми прати стрим како гледа европско ракомет во кабина. :D
 
Речни бродови имаат повеќе, океански имаат само еден засега, колку Фантази класа на Карнивал е.

Не смета да кажи нешто плус, пошто глеам дека одат на повисоко ниво на услуга земено однос на број на екипаж и гости.

Карнивал е малку подруго :)
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Само за тие што работеле или и за нови кандидати е ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
Само за тие што работеле или и за нови кандидати е ?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
И за нови и за стари е поканава за аплицирање.
На оние кои веќе работеле на други круз компании ќе им се допадне тоа што начинот на работа е поразличен отколку на познатите големи компании. Темпото е побавно, има помалку стрес.
Речни бродови имаат повеќе, океански имаат само еден засега, колку Фантази класа на Карнивал е.

Не смета да кажи нешто плус, пошто глеам дека одат на повисоко ниво на услуга земено однос на број на екипаж и гости.

Карнивал е малку подруго :)
Најлесно се прави споредба ако ги споредиш цените на крстарењата. На Викинг за 7 дневни крстарења цените почнуваат од 5 илјади долари.
Нивото на услуга е соодветно на цената. Главниот менаџмент се бифши Дизниевци и на Викинг имаат пренесено се освен игротеките и Мики Маус.
На Викинг не можат да крстарат гости под 18 години.
Викинг Ривер е најголема речна компанија која во ист ден има крстено 7 брода што е светски рекорд и вкупно имаат над 60 речни бродови.
Викинг Оушн има моментално 4 бродови и петтитот закажан за пловидба во мај 2018.

@Tonchie колку шо видов засега имаат еден брод, помал, споредено со други бродови иста класа релативно помал број на патници носат, не знам бр. на екипаж, одат на повисоко ниво на услуга или сл. не ми е јасно.

Корекција:
Capacity: 930 passengers
Crew: 602 crewmembers

Ако не е проблем напиши нешто плус, чисто информативно кои позиции ги бараат и колку е основна плата за истите, покривање виза, лекарско, униформи на брод, траење на договор и одмор и сл...

Фала,
Бројот на гости е точен, ама персонал има помалку мислам дека беа 450-490, не сум баш сигурен.
Кои позции се бараат можам точен одговор да ви дадам утре кога ќе видам на работа, всушност можам да кажам кои позиции сеуште не се пополнети, бидејќи мислам дека за некои позиции веќе го надминавме бројот на апликанти кои можеме да ги претставиме. Исто и за плата.

И сега она што го знам:
- Должината на договорите е 7/2, седум месеци на брод, два дома
- Униформите ви се обезбедени на брод, од вас се бара само да носите доволен број на црни чорапи, долна облека и облека за кога не сте на должност. Не плаќате ниту цент по основ на униформа.
- Трошоците за сите потребни визи ви се рефундираат во првата плата (Ц1Д е 160 американски долари, но не се бара за сите бродови)
- Трошокот за медикал исто така се рефундира со првата плата (околу 18.000 денари)
- Трошокот за вакцина против жолтра треска исто така се рефундира (3500 денари)
- Трошокот за STCW не се рефундира. Потребен е цел сет (Бејзик сејфти, Секјурити авернер, Крауд енд Крајсис Менаџмент) и мора да се од тренинг центар на копно. Валидни се 5 години и чинат 550 - 650 евра
- На бродовите имате брз и бесплатен интернет (не ме прашувајте колку пари потрошив за интернет, посебно не за трите месеци додека бев на Ројал)
- Патните трошоци ви се целосно покриени за сите договори во двете насоки (На Карнивал сами си ги плаќате авионските карти до брод, па пресметајте колку пари ќе заштедите само на авионски карти и евентуално сместување по хотели. Пред да се качите на брод преноќувате во хотел, дури и да се качувате на брод во Дубровник, нормално Викинг плаќа.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.857
На Карнивал сами си ги плаќате авионските карти до брод, па пресметајте колку пари ќе заштедите само на авионски карти и евентуално сместување по хотели.
Да не шириме дезинформации, САМО првата карта за првиот договор кога одиш се плаќа на Карнивал. И тоа ти кажуваат фиксно цена од Мајоми 850 евра мислам беше, они викаат дека тоа е картата али мислам дека нема везе, пола од тоа они го зимаат како провизија. Кога се враќаш назад од првиот договор ти е платена и за секое следно идење-враќање ти е платено плус хотелите и целокупниот превоз ти е платено се и ова важи за сите департменти. Е сега на Карнивал пак не се плаќа STCW, тоа се полага на бродот и е бесплатно. Трошоците горе-доле како што гледам се слични.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
Да не шириме дезинформации, САМО првата карта за првиот договор кога одиш се плаќа на Карнивал. И тоа ти кажуваат фиксно цена од Мајоми 850 евра мислам беше, они викаат дека тоа е картата али мислам дека нема везе, пола од тоа они го зимаат како провизија. Кога се враќаш назад од првиот договор ти е платена и за секое следно идење-враќање ти е платено плус хотелите и целокупниот превоз ти е платено се и ова важи за сите департменти. Е сега на Карнивал пак не се плаќа STCW, тоа се полага на бродот и е бесплатно. Трошоците горе-доле како што гледам се слични.
Ммм... извини не знаев дека само првата карта се плаќа на Карнивал. Мислев дека е како на Ројал каде си плаќаш за секој договор, или пак Имиџ, моја стара фирма каде што само во првиот договор ти плаќаат карта, за сите останати сам си плаќаш карта (Скоро 4000 долари имам потрошено за да стигнам на работа).
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Значи за на Карнивал ти требаат сигурно 1000-1200 евра да заминеш, за Викинг 600-800

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Да не шириме дезинформации, САМО првата карта за првиот договор кога одиш се плаќа на Карнивал. И тоа ти кажуваат фиксно цена од Мајоми 850 евра мислам беше, они викаат дека тоа е картата али мислам дека нема везе, пола од тоа они го зимаат како провизија. Кога се враќаш назад од првиот договор ти е платена и за секое следно идење-враќање ти е платено плус хотелите и целокупниот превоз ти е платено се и ова важи за сите департменти. Е сега на Карнивал пак не се плаќа STCW, тоа се полага на бродот и е бесплатно. Трошоците горе-доле како што гледам се слични.

Немаш потреба од STCW на Карнивал, тие сертификати не се исто шо се добиваат на брод.[DOUBLEPOST=1510876468][/DOUBLEPOST]@Tonchie напиши кои позиции се нудат и платите основни ако не ти е проблем.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Да не шириме дезинформации, САМО првата карта за првиот договор кога одиш се плаќа на Карнивал. И тоа ти кажуваат фиксно цена од Мајоми 850 евра мислам беше, они викаат дека тоа е картата али мислам дека нема везе, пола од тоа они го зимаат како провизија. Кога се враќаш назад од првиот договор ти е платена и за секое следно идење-враќање ти е платено плус хотелите и целокупниот превоз ти е платено се и ова важи за сите департменти. Е сега на Карнивал пак не се плаќа STCW, тоа се полага на бродот и е бесплатно. Трошоците горе-доле како што гледам се слични.
Јас кога бев стаф плаќа само првиот пат после Карнивал, crew екипажот плаќаше нон стоп. Можеби смениле сега незнам.

Тончи чисто информација зошто некои што го имаат STCW и ги поминале Вашите обуки претходни договори со други компании мораат пак да ги поминуваат? Не е малку глупо тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom