Работа на брод

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Бродски форум другари.
Веќе еднаш ја одложив датата за качување на брод, дали можам уште еднаш? (Здравствени причини)
Има ли некакви последици одложувањето?
Најверојатно ќе те стават најдолу на листата за качување или ќе те симнат позиција подолу ако претходно си напредувала.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Бродски форум другари.
Веќе еднаш ја одложив датата за качување на брод, дали можам уште еднаш? (Здравствени причини)
Има ли некакви последици одложувањето?
Koj договор ти е по ред ова и на која позиција работиш? Какви ти се евалуациите од претходните договори? На која компанија одиш? Има премногу фактори кои влијаат врз тоа.

Доколку се здравствени причини ќе треба да им пратиш медицински извештаи и преводи од истите заверени кај овластен преведувач. Доколку ја испочитуваш оваа процедура само ќе те преместат за следната опција.

Различни комапнии различно си ги пополнуваат квотите.
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
20
Поени од реакции
5

Прв договор за фотограф, на Карнивал..
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453

VIKING OCEAN LINE – INTERVIEW IN SKOPJE
GREAT CAREER OPPORTUNITY – ONE OF THE BEST PLACES TO WORK

Let’s finish the year embarking a new adventure with Viking Ocean Cruises.
Another great opportunity for all who want to be part of one of the most luxurious cruise line in the world.
Face to face interview in Skopje, Macedonia on 11th & 12Th December 2017.
Apply for F&B Department, Housekeeping, Shore Excursion, Stores, Entertainment or Galley.
In order to win a position at this interview, do not wait to send your CV to info@kouzon.com.mk
 
Член од
26 октомври 2017
Мислења
1
Поени од реакции
1
Здраво на сите !
Сакам да заминам да работам на брод па одлучив да отидам во Мајоми. Вработената одма ми кажа за Oceaniа дек секој вторник имало интервјуа за на тие бродови и за asst waiter ми кажа плата 1600$.
Па сега некој што знае и е поискусен некој што работел на брод да ми каже мислење за компанијава
Oceania. Пошто мислам дека има многу разика од брод до брод па и од компанија до компанија.
па секое инфо е благодојдено :)
 
Член од
1 ноември 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2
Здраво момци,музичар сум,сакам да работам на крузер како музичар,дали имаме агенција во скопје што посредува за таков тип на договор и на каков тип на крузери би требало да таргетирам за да имам поголема можност да добијам интервју?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539

Еве баш како нарачано за тебе, тазе оглас објавен денес, среда, 1 ноември 2017.

Меѓу повеќето работни позиции за кои бараат работници на брод, бараат и музичари.

https://kariera.mk/job/0_MxObnrrU-XtzJWOxv9sQ/otvoreni-pozicii-na-rechni-brodovi-za-zimska-sezona-2017-2018

Станува збор за работа на речни бродови низ Европа, а со оглед на фактот дека во огласот е наведено дека познавањето на германскиот јазик ќе се смета како предност, повеќе од очигледно е дека работата е на речен брод во Германија.
 
Фала ти многу,им пратив ЦВ :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.484
Поени од реакции
11.539
Фала ти многу,им пратив ЦВ :)
Подобро би било да отидеш лично во Декра позади Броз кафе и да се информираш од прва рака, за да знаат дека си сериозен кандидат за работната позиција.

А и баш наспроти нив се Мајоми, каде што исто така можеш да се информираш за работа на брод. :)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2017
Мислења
20
Поени од реакции
5
Бродски другари. На 16ти заминувам во Конзумел на тренинг за фотограф, па на Карнивал дрим. Знае ли некој како е исплата на плата? Ми спомнаа на две недели, ако месечна е 1000$, како би било тоа.. Исто така ме интересира вадење пари, праќање пари :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.829
Бродски другари. На 16ти заминувам во Конзумел на тренинг за фотограф, па на Карнивал дрим. Знае ли некој како е исплата на плата? Ми спомнаа на две недели, ако месечна е 1000$, како би било тоа.. Исто така ме интересира вадење пари, праќање пари :)
Секоја втора недела стигнува плата т.е сега со новата банка со која почна да соработува Карнивал уште во петок ја пуштаат. Значи секој втор петок ти стига платата. Ако ти е 1000 зимаш 500 па после пак 500. За вадење имаш банкомати на бродовите. Можеш да си ја префрлаш на сметка во нашата земја само ти требаат свифт и ибан кодови од нашата банка. Можеш пример да направиш 80% од платата да ти оди на нашата сметка а 20% да ти останува на сметката што ја имаш таму. Можеш ако сакаш и цела плата да ти стои на таа сметка и кога сакаш да си ги префрлиш парите на наша сметка, само како што кажав ти требаат свифт и ибан и уште неколку информации од сметката што ја имаш тука и тој процес може да потрае околу десетина дена. Исто имаме и попуст ако праќаме преку Вестерн Унион, не знам колку точно али јас знам еднаш пратив 500$ и ми зема околу 5$ провизија. Тоа е тоа, ако те интересира уште нешто прашај. :)
 
Супер фала многу! А за старт колку пари би ми биле потребни да носам со себе?
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Бродски другари. На 16ти заминувам во Конзумел на тренинг за фотограф, па на Карнивал дрим. Знае ли некој како е исплата на плата? Ми спомнаа на две недели, ако месечна е 1000$, како би било тоа.. Исто така ме интересира вадење пари, праќање пари :)
Од кога чекаш за Карнивал?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Супер фала многу! А за старт колку пари би ми биле потребни да носам со себе?
Ако можеш, понеси со себе едно 200-300 долари. По аеродром ако видиш нешто фино, или ако изгледниш да си купиш сендвиче и сокче (10+ евра на аеродромот во Виена). Потоа Козумел е одличен остров, има мноооогу интересни работи. И за крај додека да почне да ти стигна плата ќе треба да си активираш интернет пакет, да испиеш некоја пијачка у кру-бар (мада јас би ти препорачал да избегнуваш кру-бар првите 2-3 недели од договорот). Не знам како е на Карнивал. На Дизни имавме 75 долари кру-кредит. На Ројал мораше однапред да ставиш пари на кру-сметката па да трошиш по брод.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom