Работа на брод

Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
@StarDrom

Знаеш што е проблемот. Точно е дека секој си е способен на свој начин и како ќе се снајде си е негова работа. Некој ќе се откаже уште првиот месец а на интервју растурил и добил и добра позиција. Тоа не е темата туку темата е што толку многу ја форсираат обуката. Подобро ми е плати провизија ако заминеш, како мајоми. Проблемот е кај Коузон ако не заминеш во тој случај нема да земат ништо. Кога посредуваа за принцез не смееја да земаат провизија им беше строго забрането од самата компанија. Затоа уште тогаш 2007 ги воведоа тие обуки само со цел да земат плус. Ова го знам затоа што индирекно и јас помагав за тоа.


Друго што ме нервира, јас апплицирав за фотограф, 3 дена на презентациите во холидеј ин слушав за тоа како се држи чаша, како се служи прво деца па жени па мажи на крај итн. Плус некои други тестирања и слично изгубив цела недела плус трошоци. Од фотографија немаше ни Ф спомнато за на крај на интервјуто со италјанецот кој исто така немаше врска од фотографија ме гледаја ко шарено теле. Интервјуто беше преставување од моја страна и ме прашаа за искуство. Инаку имав тоа време над 10 години искуство со фотографија. И тие беа прашањата за на крај да ми каже јас не знам многу за фотографија твоево интервју ќе го предадем на луѓето што го разбираат тоа. Цела недела немаше одговор за мене за на крај да ми речат а што не одиш како клинер. Значи за мене немаа ниту позитивен ниту негативен одговор. Значи губев цела недела обуки за кенлер за на крај да ми речат оди чистач затоа што немале никаков одговор за мене. И тоа требаше пак да одам на интервју. Подобро да ми кажаа не си примен и толку.

Зошто плус ме нервира таа обука. Другар ми работеше за принцез околу 5-6 договори. Даде отказ и после пола година реши пак да оди. Коузон тогаш посредуваше за Ројал и му велат да поминеш треба обука. Ало таа таму немаше еден ден поминато на брод му вели да поминеш обука за да имаш поголеми шанси да поминеш на интервју. Ма немој да ме јебеш. Нека кажат плати провизија и чао не го дупи детето. и му велам како беше обуката, се смее вика овие не биле ден на брод оправаат како треба таму да се понаша и слично. П.С. он ја помина еднаш обуката за принцес.

Сега сваќаш зошто ме нервираат тие нивни обуки?

Е сега ќе ти кажам за интервјуто преку мајоми. Презентација во холидеј ин од македонец кој сега е во пензија но најдобар менаџер беше на карнивал и ако сакаш да станеш фото менаџер одиш кај него на обука. Значи он ги спремаше менаџерите. Он држеше 2 часа презентација и после тоа најискрено кога заминав на брод многу работи ми беа познати и ги знаев ко да ми беше втор договор. Толку добро објасни како и што работи фотограф на брод во два часа што овие од коузон не можеа 1 недела. Ги кажа сите негативни и лоши работи. Без правење филмови за елити и џет сетови. Двајца напуштија не ни продолжија на интервју затоа што не им одговараше. После пола час пауза беше интервјуто. Беа прашања поврзани со фотографија, освен нормално представувањето на почеток. Имав фотографии за презентација и имав ноќна фотка и ме праша како го добиваш ова, како сликаш навечер. Му објаснив со долга експозиција и ми рече ок се гледа дека разбираш. Одма се гледа кој знае кој. Друго ме праша дали би ми било проблем да работам по 11 часа на ден. Му реков дека на свадби сум некогаш од 8 сабајле до 1 по полноќ а во недела пак од сабајле на друга свадба. И со тоа ми потврди супер тогаш примен си ќе те известиме.
За две недели ми се јавија и во рок од една недела се спремив од визи лекарско и слично и заминав. Бев прв повикан со уште еден. на мајоми им платив мислам 300 евра откако добив виза, претходно освен 1500 за апликација денар не ми зедоја.

Значи коузон треба да е агенција за посредување на работа не се они кој даваат работни позиции. Можат да дадат совет да помогнат да насочат ама ако сакам да одам фотограф дај ми шанса ако сакам гифт шоп дај ми шанса. Сега нормално е да се има некоја селекција али не како они што ја прават. А кој колку вреди ќе си се види на брод, номожат ни коузон ни регрутерот точно да знае како ќе се одвива твојата кариера. И 10 јазици знај ако неможеш да работиш на брод џабе ти е. Не е секој за тоа.
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
16
Поени од реакции
0
Дечки еве ме мене пак, после завршениот договор на NCL добив работа на речен брод
компанија G&P gruppe како stateroom. Да не знае некој како се движат платите одприлика ?Оваа од интервјуто ми кажа 750 евра и плус бонуси но не кажа колкави бонуси (имам познаници на истава компанија што работат ми викаат дека добиваат од 400 до 750евра од рецепција во зависност колку ѕвезди е бродот, по прашањето дали идете до 1200 евра месечно ти одговараат демек не размислувале на платата не знаеле колку плата зимаат како да ке им ги земеш парите .)
Знам дека е глупо прашањето и не би требало да го поставам но ме интересира чисто информативно да знам дали да си трошам време или да барам друга компанија.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
13
Поени од реакции
5
Здраво дечки , ме интересира да ми објасни некој подетално за gift shop на Princess и на MSC како се движат платите затоа што читам платата била некој си 900 $ плус процент од 200 до 400 . Јас имам изработено 2 договора на Carnival во Housekeeping и сите што ги познавам што работеа во gift shop под 2 000 $ не пагаа и сега баш ме чуди.

BTW ако некој го интересира нешто подетално за Housekeeping и Carnival слободно нека ми се обрати што можам ке објаснам и ке помогнам.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
Ситуацијата во шоп департмент е сменета. Не знам кога ти си работел на Карнивал. На времето МСЦ шоп имале плата 2-4 илјади, зависи од тоа колку ќе купуваат гостите, за сега да падне на 800 + процент од продажба така да варира од 1000-2000 долари, со најчеста плата околу 1200-1600.
Претпоставувам дека и на другите компании тука некаде.
Летово правев муабет со бифша колешка која сега е џулри спешалист на НЦЛ и вика дека и нејзината плата е во тој ранг. Друга бифша колешка исто работеше на НЦЛ ама како општа продавачка платата и на друг брод, беше обично 1000 долари.
За Принцес да почекаме некој што работи таму да пише.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
13
Поени од реакции
5
Фала на информацијата Тончи , како што ми стои работите доста се имат сменено во gift shop. Јас додека работев они важеа за едни од највисоко платените позиции на брод(пред 2-3 год) . Сепак се надевам дека се уште се staff а не crew и ги имат сите привилегии. Ако има некој што во скоро време бил на Princess и има некој информации за gift shop би му бил благодарен ако сподели информации (должина на договор , работни саати и сл. )
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
Во меѓувреме фотографии од првата група на тридневното интервју со НЦЛ во Скопје

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Во меѓувреме фотографии од првата група на тридневното интервју со НЦЛ во Скопје

И што велиш, од НЦЛ бараа кандидатите да бидат вака дотерани како пингвини, или мораа да ја поминат прво обуката за дотерување и однесување на Коузон ?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
И што велиш, од НЦЛ бараа кандидатите да бидат вака дотерани како пингвини, или мораа да ја поминат прво обуката за дотерување и однесување на Коузон ?
Декстер, ако некогаш решам да станам интернет трол, ќе дојдам кај тебе на обука.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Декстер, ако некогаш решам да станам интернет трол, ќе дојдам кај тебе на обука.
Ама не си Интернет трол, туку си претставник на приватна фирма за посредување при вработување на брод.

Едноставно да или не ќе биде задоволителен одговор на моето прашање:

Од НЦЛ бараа кандидатите да бидат дотерани како пингвини, или мораа да ја поминат прво обуката за дотерување и однесување на Коузон ?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
20 годишното искуство ни кажува што проаѓа а што не проаѓа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
20 годишното искуство ни кажува што проаѓа а што не проаѓа.
А бе едноставно ДА или НЕ ќе заврши работа како задоволителен одговор.

Сега почнуваш ти да делуваш како Интернет трол, избегнувајќи да дадеш одговор на прашањето.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Ајде ако може помош да склопам СV за во ресторан, пошо неам работено во таа бранша а знам што отишле луѓе исто као мене.. Да земам препораки? Како иде тоа?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Ајде ако може помош да склопам СV за во ресторан, пошо неам работено во таа бранша а знам што отишле луѓе исто као мене.. Да земам препораки? Како иде тоа?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Отиди во некоја агенција и они ке ти склопат по мерка.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.462
GRAND OPENING FIRE WATCH SEASON 3

КОУЗОН гордо ви ги представува новите отворени работни места во програмата FIRE WATCH !!!
Оваа есен нудиме многу работни ангажмани за вас како Fire Watch во текот на Октомври, Ноември и Декември 2017. Работа која е посакувана од многу млади кои сакаат добро обезбеден работен ангажман. Примамлива понуда која има многу бенефиции и е сѐ повеќе актуелна.
Fire Watch ангажманот се одвиваат во Марсеј на бродови крузери кои се подложени на реновирање, ваша работа би била безбедноста и сигурноста на работењето, односно мониторинг и превенција на опасности. Базични критериуми за добивање на ваква работна понуда се добар англиски, добри работни навики, желба за работа во динамична средина...

Коузон ви нуди работен ангажман каде вашите трошоци се 0 денари !!! Фантастична понуда која ви дава :
- обезбедени авионски билети
- обезбеден смештај и оброци, кафе паузи ....
- обезбедени униформи и сета опрема
Приоритет имате доколку поседувате ЕУ пасош !!!
Првиот ангажман е од 23 Октомври до 6 Декември со траење од 44-46 дена !
Вториот ангажман е од30 Октомври до 23 Ноември со траење од 24-26 дена !
Не дозволувајте овај работен ангажман и искуство да ве заобиколи. Отворете шанса за IN&OUT вработување и дополнителен финансиски приход !

Пратете ВЕДНАШ ваше CV на TRENDO@KOUZON.COM.MK за да добиете newsletter со повеќе инфо околу овие активности и да букирате информативен разговор со нас !
Бројот на понудени договори е ограничен, побрзајте да бидете дел од тимот на Macedonian Fire Watchers !
 
Член од
3 мај 2017
Мислења
20
Поени од реакции
5
Бродски форум другари.
Веќе еднаш ја одложив датата за качување на брод, дали можам уште еднаш? (Здравствени причини)
Има ли некакви последици одложувањето?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom