Работа на брод

Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377
Dexter26 јас најискрено на свет ти посакувам да отидеш барем на 4дневен круз на бродче кое збира барем 3500 гости. Премногу апстрактни ти се прашањава кои ги поставуваш.
Бродот е толку голем што може мини драј док да се направи без гостите воопшто да забележат дека нешто се случува на бродот.

Инаку кога сме кај IT, во мај доаѓаат Viking Ocean Cruises и бараат System Managers.

И не ти одговорив за цевките, имаш и пластички и метални, зависи каде и каква вода тече низ нив.

https://www.youtube.com/watch?v=5gRzbAwHjck
Ја немам гледано документаркава цела, ама мислам дека ќе ти се допадне.
Покрај Оејзис имаат направено епизоди за уште еден куп други крузери.
Ти благодарам за одговорот и за видео клипот. (y)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.154
Поени од реакции
5.995
Дечки, да не барам назад во темава, доколку некој сака да биде љубезен накратко да ми каже отприлика колку трае процедурата и колку чини? Која агенција би ја пофалиле од мк?
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Дечки, да не барам назад во темава, доколку некој сака да биде љубезен накратко да ми каже отприлика колку трае процедурата и колку чини? Која агенција би ја пофалиле од мк?
За една недела све завршив и пројдов на интервју (до 4-ти април комплет). Ја додуша бев со други обавези инаку се завршува се за два дена, освен потврдата за неосудуваност која се чека 3 работни дена. Од кога ќе ти дадат датум за летање, да си ги завршиш лекарските еден ден и еден ден ќе те фати визата и тоа е тоа.
Е сега малку се чека измеѓу, мене на 5-ти април кога ме известија дека сум прошол на интервјуто ми рекоа дека ќе треба да почекам 3 4 недели за да ми кажат датум за летнување али нема везе, за толку не е фрка, само да не се издолжи ...
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Дечки, да не барам назад во темава, доколку некој сака да биде љубезен накратко да ми каже отприлика колку трае процедурата и колку чини? Која агенција би ја пофалиле од мк?
Јас обично од наопаку одговарам :)
Од агенции ќе ги препорачам Коузон, таму работи еден Тони, ѕвер е човекот :) После тоа иде Мајоми, исто ТоБ агенција.

Е сеа процедура, мислиш од одење во агенција па до качување на брод, претпоставувам.
Првата фаза од чекање е од моментот кога ќе аплицираш во агенција до интервјуто. Далечната 2011та мене ми се погоди недела дена откако аплицирав да ми кажат за недела дена има интервју за фотографи у Загреб, значи во мојот случај само 2 недели, што е среќна околност.
Потоа откако пројдов на интервјуто ми кажаа да направам прво медикал, да видат дали сум здрав. Инаку на враќање од Загреб се разболев и цел месец не можев да се оправам, па додека да ми го одобрат медикалот од Мајами... Мислам дека помина месец и пол/два, после тоа чекав гарантно писмо од компанијата со кое што требаше да алицирам за американска виза. Интервју за виза ми закажаа за 20тина дена. Откако направив сето тоа ме ставија на листа на чекање кога ќе се отвори место за да ме викнат на брод. Се на се од интервју до качување на брод поминаа точно 8 месеци. Во меѓувреме си работев у Општина Гази Баба притоа информирајќи само еден колега што претходно истерал 3 договори на Карнивал. Дури откако го добив датумот кажав на остаток од колегите.

Од друга страна сум видел луѓе кои за помалку од месец дена од пристапување во агенција се качиле на брод. Само немој да ми кажеш дека си за во Бар, затоа што сум чул дека за таа позиција се чека, и чека, и чека....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377
Јас обично од наопаку одговарам :)
Од агенции ќе ги препорачам Коузон, таму работи еден Тони, ѕвер е човекот - за фотографија :)

...
Надополнето.

Дај не биди толку скромен, потенцирај ги твоите вештини кога себеси се опишуваш како ѕвер, нема од што да се срамиш. :)
 
Член од
13 март 2015
Мислења
210
Поени од реакции
138
Дали може со средно образование да се замине на брод?

И ако може, кои се отприлика можните работи?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Дали може со средно образование да се замине на брод?

И ако може, кои се отприлика можните работи?
Можно е, а работите, па има широк спектар, почнувајќи од ресторан, хаускипинг, фото,бар, кујна, круз стаф... Во зависност од претходното работно искуство, знаења и вештини можеш да аплицираш за некоја позиција во тие оддели.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.989
Поени од реакции
2.976
Здраво. Гледам дека има доста на форумов со искуства од брод па би сакал да ми кажете како сте си поминале.. Дали сте задоволни и дали пак би оделе на брод? Дали е напорно? Колкави се шансите да добијам виза за на брод? Слушнав дека било многу ограничено за вработените( пр. хаускипинг) дека од својот сектор каде што треба да чистат неможат да шетаат дури и додека не се на работа не им било дозволено слобода на движење низ целиот брод.

Како се движат саатниците и дали воопшто има бакшиш? Аплицирав за Америка како студент по втор пат, а имам голема желба за брод да осетам нови предизвици и искуства. Иначе имам искуство од работа во ресторан како басер ако има нешто врска.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409

Јас сум задоволен поради заработката, искуството и местата што ги прошетав. Еве сум веќе втор договор на Carnival, почнав како Assistant Waiter сега сум Asst team waiter.

Напорно е многу посебно првите месец дена додека фатиш ритам. За виза не се секирај 99% е пролазноста. Ако немаш гостински привилегии не смееш да шеташ каде што се гостите и кога не си на работа али реално и немаш потреба од тоа. Ако не си на работа и ако бродот е укрцан на порт можеш да си излезиш кога сакаш.

Саатниците за ресторан, бар и хаускипинг департмент ти се минимум 10 саати на ден или 70 саати неделно така да може некогаш да работиш и 7-8 а некогаш и 12-13. Али не ги работиш директно тие 10 саати туку имаш паузи саат-два зависи каде работиш. Пример кога почнуваш како Assistant Waiter обично работиш во staff mess и работиш појадок од 6:30 до 9:00 па ручек од 10:30 до 1:30 и на крај вечера од 5:30 докај 9:45 со тоа што еднаш неделно имаш lunch off. Бакшиш има, зависи каде работиш.

Мој совет е не само во ресторан или хаускипинг департмент зошто е многу напорно али и најлесно и најбрзо се заминува таму. Ако можеш некако во бар т.е како bar waiter и таму е напорно али многу подобра заработувачка има.

Има уште многу за пишување али морам назад на брод, ако сакаш прашај па ќе ти кажам кога ќе видам.

Поздрав од european crew center од Port Canaveral. И @Tonchie не, не им се плаќа сега вифито и е ултра брз интернетот. А и добри ќебапи имаат.

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Член од
15 август 2006
Мислења
18
Поени од реакции
2

na koj brod si
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
@SanIker еднаш таму купив три или четири милки од по 100 грама, една за мене другите за американки од ентертејнмент департмент. После еден ден си викам ај да заблажам душа и некако чудна милкава... гледам датум до кога е добра за јадење, гледам поминал пред 3-4 месеци. Веднаш по вејв (дект) фон им пратив порака да ги фрлат тие чоколади и дека на Ст. Мартин ќе им купам нови. Од тогаш моја нога таму нема стапнато.

Инаку на @Македонија 1932 нема да му одговорам, премногу е долго за пишување :)
Денес дојде еден дечко кај нас у агенција прашуваше за некои опции за вториот договор сака нешто да менува... и ме потсети на мојојт прв месец кога помислував да дадам отказ и да се вратам назад во Македонија, единствено долговите што ги имав ме држеа на брод, ама после месец/два влегов во ритам, на крај истерав 5 договори. Да не направеше Имиџ такво драстично кратење на платата можда сеуште ќе бев на брод.

Инаку ова со привилегии за шетање во гостинскиот дел од бродот, море си има предности. Првиот договор Хотел Директорот идеше со една од фото девојките. Можевме да правиме скоро се што сакаме, се додека не пречиме на гости. После него дојде друг хотел директор едно наци копиле од австрија кој што мразеше концесионери (фото и спа) ни скина еден куп привилегии. Битно во театарот шоута ги изгледав сите освен едно што идеше на формал најт а на формал најт секогаш работиме турбо. Во гостинските продавници потрошив еден куп пари, не морав да чекам кру-сејл за да одам и да пазарувам убави саати, парфеми, сувенири, облека со логото на компанијата. А понекогаш се што сакав да правам е да седам у кабина да гледам филм на телевизор (имаш видео он дименд и база со еден куп филмови) или да скокнам до кру-џим да дигнам некое тегче, ама... некој од колегите ме ставил на листа за вечера во гостински ресторан, па идеш бањање, пеглање кошула, дотерување ко за свадба и идење горе во назначеното време...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Здраво...Да прашам дали е можно машко да оди како спа масажер терапист, доколку може каде треба да се аплицира и дали Коузон и Мајоми посредуваат? :toe:
Не посредуваат Мајоми и Коузон, ама обрати се тука Riv Agency - Cruise Line Jobs & Career (тоа е нивната фејсбук страница) , Хелена е посредник Helena.Vehovec.Steiner@gmail.com. Порану идеше во Македонија доста често, незз што се смени, нема повеќе интервјуа во Македонија, но имаш во Бугарија и Хрватска на пример.[DOUBLEPOST=1492734150][/DOUBLEPOST]
секои први две-три недели ти се турбо и кнап, имаш нова работна околина, тренинзи и навика на бродот. "Одредена ситуација" е долгото стоење и како го носиш послужавникот, глеј да не си направиш Карпал Тунел, научи како се држи голем послужавник. И мислам на ГОЛЕМ послужавник.
После скоро месец дена на брод, веќе си во системот.

Sent from my Nexus 6 using Tapatalk
Ме насмеа со постов, ја у глобала имам доста позитивно искуство со работа на брод, ама имам и карпал тунел :pos:.
Ипак боље карпал тунел него попештине вени :D.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Дечки и девојки, помалку од месец дена до интервјуто на Viking Ocean Cruises во Скопје.
Уште помалку од две недели за праќање на апликации.

#YouHaveToBeInItToWinIt

Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom