Скапи пакетите на Карнивал
Пакетит на Имиџ беа далеку подостапни, ама и со тоа и хонорарот за фотографот понизок.
Имаше една србинка сликаше две или три свадби у еден круз, и двете/трите со најголемиот пакет и за недела дена зеде 600 долари регуларна плата плус уште 600 од свадбите (и се погодија гостите). Ама ова беше 2014та.
Инаку дифолт за фотографот одеа 40 долари. Јас како што мразам свадби никогаш не сликав свадба на брод.
Инаку еднаш памтам една гостинка, го купи цедето со сите фотки од крстарењето и ни кажа дека не може да верува колку добри фотки добива за 350 долари. Плус имаше приватна фото сесија која ја чинеше 1000 долари. Ни кажа дека за нејзината свадба го платила фотографот 22.000 долари и фотките не биле ни пола од она што го добила од нас на брод. Ние останавме со вилиците на земја.