Работа на брод

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Дали ти @pepi_17 поаѓаш со намера да останеш илегала во 'мерика?[/QUOTE]

А какви се шансите за таква авантурица, сигурно има такви случаеви со кои сте запознатети, па ме интересира дали може да се остане илегала во САД, и евентуално легално продолжување на престојот таму?
 
И

Игнориран член

Гостин
Зависи од компанија до компанија. Доколку од Коузон или Мајоми ти кажале дека треба да одиш на тренинг, тогаш мораш да одиш на тренинг.

А зошто прашуваш?
Чисто информативно, бидејќи во Коузон ми рекоа дека неможе без предходно во Скопје да се посетува тренингот а познавам другар кој отиде на брод без предходно да помине обуки тука во Скопје. Ама ете и другите членови објаснаа дека зависи од компанијата на која ќе работиш.

Ти благодарам за информацијата.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Дали има работа за лекар на брод и која е процедурата. Поздрав?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.866
Дали има работа за лекар на брод и која е процедурата. Поздрав?
Зависи од компанијата, секоја компанија има овластени клиники, кои вршат потребни прегледи и изготвуваат потребна документација, за Карнивал се Тоспаш и Неуромедика.[DOUBLEPOST=1491481333][/DOUBLEPOST]
Дали ти @pepi_17 поаѓаш со намера да останеш илегала во 'мерика?
А какви се шансите за таква авантурица, сигурно има такви случаеви со кои сте запознатети, па ме интересира дали може да се остане илегала во САД, и евентуално легално продолжување на престојот таму?[/QUOTE]

После прв договор од C1/D можеш да аплицираш и за B1/2 туристичка виза, меѓутоа за илегално можеш да останеш, кога ќе завршиш со прв договор, затоа што за време на договорот пасошот ти е оставен на бродот, добиваш фото легитимација со која можеш да се движиш неограничено низ сите пристаништа т.е дестинации кои ги посетувате. Компаниите плаќаат пенали за сите вакви случаи, во крајност од одредени земји дури и членовите на екипажите по завршување на договор со пасош во рака се испраќаат до качување во авион, иако имаш право да останеш туристички. Тоа е и една од причините што доста компании не најмуваат МКД, без гарантно писмо од компанијата не би припариле до американска виза, а го злоупотребуваат тоа.
 
Последно уредено:

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
терај си со неосудуваност, тоа не е скапо. А за прегледите, тие ќе ги направиш во еден ден, така да ако ти е шубе, причекај две недели, јави се во агенцијата и прашај до каде е процедурата.
Иако ти кажуваат за три недели, може да ти се јават и порано, зависи како има слободна позиција на некој брод.
Биди спремен со облека, да не се замараш во последен момент.

Едит. На NCL тренинзите ми беа на брод, а сега на MSC ги правев во Скопје затоа што не ми ги прифатија сертификатите од NCL

Sent from my Nexus 6 using Tapatalk
Фала на инфово ептен :D Патем уште едно прашање. Колку се плаќа (АКО се плаќа) за доказот за неосудуваност и дали унапред, поточно на уплатница или можам и таму на лице место? :)

едит: Најдов. Се уплаќало на сметка 320 денара за уверение за неосудуваност.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.409
освен долен веш ,чорапи патики влечки маици и нормално прибор за лична хигиена дали на carnival обезбедуваат униформа и кондури бесплатно или ти одбиваат од платата за asisttant waiter пошо во loe не е наведено дали треба да се носи ,дали некој друг има што оди на carnival magic најверојатно 28 овој месец
Od 1 Januari 2017 ne se plakja uniformata na Carnival, besplatno e se, za site departmenti.

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Зависи од компанијата, секоја компанија има овластени клиники, кои вршат потребни прегледи и изготвуваат потребна документација, за Карнивал се Тоспаш и Неуромедика.[DOUBLEPOST=1491481333][/DOUBLEPOST]

А какви се шансите за таква авантурица, сигурно има такви случаеви со кои сте запознатети, па ме интересира дали може да се остане илегала во САД, и евентуално легално продолжување на престојот таму?
После прв договор од C1/D можеш да аплицираш и за B1/2 туристичка виза, меѓутоа за илегално можеш да останеш, кога ќе завршиш со прв договор, затоа што за време на договорот пасошот ти е оставен на бродот, добиваш фото легитимација со која можеш да се движиш неограничено низ сите пристаништа т.е дестинации кои ги посетувате. Компаниите плаќаат пенали за сите вакви случаи, во крајност од одредени земји дури и членовите на екипажите по завршување на договор со пасош во рака се испраќаат до качување во авион, иако имаш право да останеш туристички. Тоа е и една од причините што доста компании не најмуваат МКД, без гарантно писмо од компанијата не би припариле до американска виза, а го злоупотребуваат тоа.[/QUOTE]
Zato

Затоа ако сакаш илегала иди директно ко туриста и нема задршка на пасош на брод!
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Дали има работа за лекар на брод и која е процедурата. Поздрав?
Има работа на брод за доктори.
Коузон праќа доктори на МСЦ и на Ројал Карибиан (за доктори не важи забраната за МК пасош).
Двете компании имаат различни барања. Заедничко е дека е потребно положен државен испит и барем 2-3 години искуство во оддели како ургентен центар, брза помош и слично.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382

А за информатичарите важи забраната на Ројал Карибиан ?

Има ли некоја побарувачка за нив, прашувам бидејќи нели помеѓу февруари и април е периодот на нови интервјуа ?

И ова забележав во огласите за работа на брод на Астерија, во некои огласи бараа заварувачи, која е нивната улога на бродот, бидејќи браваријата спаѓа во градежни работи ?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
А за информатичарите важи забраната на Ројал Карибиан ?

Има ли некоја побарувачка за нив, прашувам бидејќи нели помеѓу февруари и април е периодот на нови интервјуа ?

И ова забележав во огласите за работа на брод на Астерија, во некои огласи бараа заварувачи, која е нивната улога на бродот, бидејќи браваријата спаѓа во градежни работи?
Моментално сеуште немам најпрецизна информација за информатичари на Ројал. Кога ќе имам, нормално ќе се пофалам иако лично не сум фан на Ројал.

Ова со периоди на интервјуа ТОТАЛНО НЕМА ВРСКА. Интервјуа се прават кога круз компаниите ќе сметаат дека треба да регрутираат нови кадри. Нема интервјуа само од католички божиќ до нова година, останатиот период од годината доколку имаат потреба компаниите организираат интервјуа.

И за крај, бродот претставува мал град на море, а град без заварувачи, не иде...
 
А бе јасно дека бродот претставува мал град на море, ама звукот и мирисот од брусалката и апаратот за заварување не се ни малку пријатни, ова го знам од искуство бидејќи и јас едно време имам работено браварија.

Токму бидејќи бродот е мал град на море, удобноста вообичаено - би требало, според мене лично - да им биде приоритет на бродските компании, а апаратот за заварување и брусалката не се ама ич удобни, дури и штетни за видот ако некои од патниците се загледаат во електродата додека се заварува, наредниот ден видот ќе им биде заматен, а можеби и денот потоа.

Освен водоводната и канализационата инсталација - кои би требало да се беспрекорни на бродовите, а вообичаено се работа на водоинсталатерите кои од поодамна раскинаа со металните цевки, но добро бродовите не се македонско производство, па можеби таму сеуште се користат метални цевки, на што друго работат браварите ?

А кои компании според тебе се добри за информатичари ?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.866
А за информатичарите важи забраната на Ројал Карибиан ?

Има ли некоја побарувачка за нив, прашувам бидејќи нели помеѓу февруари и април е периодот на нови интервјуа ?

И ова забележав во огласите за работа на брод на Астерија, во некои огласи бараа заварувачи, која е нивната улога на бродот, бидејќи браваријата спаѓа во градежни работи ?
За информатичари или чисто ИТ оддел потребни се одредени сертификати, мајкрософт, циско, менаџирање со мрежи и др, прилично комплицирана работа и не се се голем оддел а имаат доста обврски, целокупна ИТ опрема на бродот која ја има доста, ships intranet...вклучително и телефонијата на бродот, спаѓаат во auxiliary dept, и се независен оддел, хиерархиски се junior IT officer, senior...Chief IT officer. Делумно се поврзани со електричарите кои се дел од engine dept.
Заварувачи исто така потребни се сертификати, и искуство затоа што ваквите зафати на брод се земаат за мн сериозни, тоа е она што значи hot permit work, на секоја ваков зафат има присутно fire patrol, се обезбедува просторот, заштита со азбестни ќебиња и сл, исто има хиерархија, junior welder, senior...welder supervisor, дел од engine dept.
Градежни работници од типот плочкари, ѕидари и сл. се mason што значи ѕидар уствари, исто има хиерархија, до Team leader, сл е и за столарски работи, е сега овие припаѓаат на Deck dept.

;)[DOUBLEPOST=1491512271][/DOUBLEPOST]
А бе јасно дека бродот претставува мал град на море, ама звукот и мирисот од брусалката и апаратот за заварување не се ни малку пријатни, ова го знам од искуство бидејќи и јас едно време имам работено браварија.

Токму бидејќи бродот е мал град на море, удобноста вообичаено - би требало, според мене лично - да им биде приоритет на бродските компании, а апаратот за заварување и брусалката не се ама ич удобни, дури и штетни за видот ако некои од патниците се загледаат во електродата додека се заварува, наредниот ден видот ќе им биде заматен, а можеби и денот потоа.

Освен водоводната и канализационата инсталација - кои би требало да се беспрекорни на бродовите, а вообичаено се работа на водоинсталатерите кои од поодамна раскинаа со металните цевки, но добро бродовите не се македонско производство, па можеби таму сеуште се користат метални цевки, на што друго работат браварите ?

А кои компании според тебе се добри за информатичари ?
Turner-бравар ти е различно од заварувач-welder, исто се engine, меѓутоа браварот е под надлежност на chief motorman, и работи исклучиво на дребонгот, само инцидненто доколку треба мерки на лице место оди, во спротивно во работилница.
Водоводџиите се исто Engine dept, имаш исто хиерархија, junior ass plumber, senior ass plumber...Chief plumber, не ти препорачувам ни оддалеку за оваа позиција.
Се ова се однесува на Carnival Cruise lines, и сл е на сите сетрински компании кои се во посед на Карнивал корпорација.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
За информатичари или чисто ИТ оддел потребни се одредени сертификати, мајкрософт, циско, менаџирање со мрежи и др, прилично комплицирана работа и не се се голем оддел а имаат доста обврски, целокупна ИТ опрема на бродот која ја има доста, ships intranet...вклучително и телефонијата на бродот, спаѓаат во auxiliary dept, и се независен оддел, хиерархиски се junior IT officer, senior...Chief IT officer. Делумно се поврзани со електричарите кои се дел од engine dept.
Заварувачи исто така потребни се сертификати, и искуство затоа што ваквите зафати на брод се земаат за мн сериозни, тоа е она што значи hot permit work, на секоја ваков зафат има присутно fire patrol, се обезбедува просторот, заштита со азбестни ќебиња и сл, исто има хиерархија, junior welder, senior...welder supervisor, дел од engine dept.
Градежни работници од типот плочкари, ѕидари и сл. се mason што значи ѕидар уствари, исто има хиерархија, до Team leader, сл е и за столарски работи, е сега овие припаѓаат на Deck dept.

;)

Turner-бравар ти е различно од заварувач-welder, исто се engine, меѓутоа браварот е под надлежност на chief motorman, и работи исклучиво на дребонгот, само инцидненто доколку треба мерки на лице место оди, во спротивно во работилница.
Водоводџиите се исто Engine dept, имаш исто хиерархија, junior ass plumber, senior ass plumber...Chief plumber, не ти препорачувам ни оддалеку за оваа позиција.
Се ова се однесува на carnival Cruise lines, и сл е на сите сетрински компании кои се во посед на Карнивал корпорација.
Оф оф оф, ми се крена косата кога прочитав дека и за заварувачи бараат сертификати :)

За информатичарите полесно е, од 1.500 до максимум 3.000 евра се курсевите и испитите, или во најлош случај само испитите доколку курсевите се поскапи, но може да се истера некако до сертификат за информатичар. А може да се најде и за пониски цени, само треба да се најде соодветен центар за едукација.

Но за заварувачите, во институт Југ за 1 (ЕДЕН) ден настава наплаќаат 200 евра, а курсот вообичаено трае месец ипол до два месеца.

Имаат некој професионалец кој држи курсеви, а тој бил единствен во Македонија со такви сертификати, што постојано имал работа таму некаде доле во Битола за заварување на некои посебни цевки и секогаш само него го барале во Битола за таква работа.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Dexter26 јас најискрено на свет ти посакувам да отидеш барем на 4дневен круз на бродче кое збира барем 3500 гости. Премногу апстрактни ти се прашањава кои ги поставуваш.
Бродот е толку голем што може мини драј док да се направи без гостите воопшто да забележат дека нешто се случува на бродот.

Инаку кога сме кај IT, во мај доаѓаат Viking Ocean Cruises и бараат System Managers.

И не ти одговорив за цевките, имаш и пластички и метални, зависи каде и каква вода тече низ нив.

https://www.youtube.com/watch?v=5gRzbAwHjck
Ја немам гледано документаркава цела, ама мислам дека ќе ти се допадне.
Покрај Оејзис имаат направено епизоди за уште еден куп други крузери.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.866
Има доста интерес за темата што не е чудно со оглед на ситуацијата кај нас...јас лично заминав преку Мајоми, инаку претсавништво на Успињача посао Загреб, претходно бев на презентации на др агенции и сл кај нас, Београд, читање форуми и сл. и најодговорно тврдам дека никој во Македонија моментално нема да направи реален муабет како во Мајоми, со реални информации за што се нуди, што се бара и што можи да се добие, човечки однос без продавање ветер во магла, затоа најтопло ги препорачувам.Претежно работата со Carnival Cruise line.
Ова е нивна страна.

Е сега нешто друго, моментално има голема побарувачка за екипаж, и тоа new hire поради фактот што 2016 исплови Carnival Vista, најголемиот брод во флотата, во 2018 ист таков Vista class, Carnival Horizon треба да исплови, моментално се наоѓа во бродоградилиштето на Финкантиери во Магера, Италија, истата компанија која ја изгради Виста.Секој од овие крузери има 1500 екипаж.

Бидејки се работи за нови градби, start up team се прави од поискусен екипаж, кој треба да биде заменет на бродовите од кои е напрвен трансфер на пловило (vessel transfer), плус треба да има резерва т.е ротaција која го покрива кога оди на одмор, еве ги бројките. Сега воглавно new hire одат на Dream, Magic i Breaze затоа што start up тимот е извлечен од тие бродови, Dream Class е најблиску до Vista class према ship layout. Према тоа и операцијата на бродот.
Веќе има склучено договор со фински бродоградилишта за два значително поголеми бродови од претходно споменатите, најкасно до 2022 треба да испловат. Carnival cruise line е најголемата компанија во светот, по број на пловила и вработени, и сеуште расте енормно, Carnival corporation произлегува од Carnival Cruise Line, и оперира со некаде 2/3 од cruise market во светот, Costa Concordia на пример е брод на оваа корпорација, како и поголемиот дел од компаниите во овој бизнис. Сопственикот на Carnival, Mickey Arison, инаку е и сопственик и на Miami Heat. Посебно добра за new hire компанија, сите тренинзи ги добиваш на брод, куп можности за напредување, промена на оддел, усовршување и сл... далеку од лесно ама има барем зошто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom