поздрав дечки до вас,би сакал АКО може некој да ми ја објасни постапката за добивање на лиценца за обезбедување,каде колку и каква е,благодарам однапред за било каков одговор!?
Ако има измени нека ме корегира некој, полагав пред 5 години.
Се пријавуваш во комора за обезбедување, пиши на Google ке најдиш тел број.
Од документи треба лекарско, неосудуван.. И за тоа точно ке ти кажат.
Ке ти кажат што и како да платиш...
Треба да се собере група, па телефонски ке те побараат.
Одиш на часови во просториите на комора за обезбедување (зависи од кој град си, некогаш има и во другите, ако нема во Скопје ке биде) и околу 1 недела има предавања кои се задолжителни. Се работи за неколку предмети и самоодбрана.
Исто има обука во идризово за ракување со оружје.
По кратко време следи полагање на испит. Прашањата се лесни, најверојатно ке ви ги дадат предходно пример 100, па од нив се пагаат 10. Тоа е компјутерски... Самоодбрана се полага после, тоа практично.
После тоа следи полаѓање за ракување со огнено оружје.
Треба да покажеш како се расклопува и склопува пиштол, и потоа се пука во мета со пиштол на 10м и пушка на 100м.
Кога ке положиш, се плака лиценцата околу 3000 ден и ке те повикаат во комора да си ја подигнеш.
Потоа барај работа, најчесто е мизерно платена со многу прекувремено кои тешко да се платат, БЕЗ ПРАВО НА РЕГРЕС (К15)...
Околу 400 евра беше без трошоците доколку си од друг град, за одење до Скопје.