Работа во Германија

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.186
Поени од реакции
3.162
Се извинувам можеби е многу пати објаснето и слично..
Ќе прашам дали со бг пасош ако одиш ти одбиваат голем данок ако си не женет и немаш деца? Или тоа е за со виза ако си со мак пасош и си не женет ?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798

Мислам дека е исто за виза и за ЕУ пасош.
А данокот се одбива според платата и саатнината шо ја зимаш,барем колку што знам јас.
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131
Се извинувам можеби е многу пати објаснето и слично..
Ќе прашам дали со бг пасош ако одиш ти одбиваат голем данок ако си не женет и немаш деца? Или тоа е за со виза ако си со мак пасош и си не женет ?
Одбиваат и тоа многу посебно ако не си женет и без деца зависи која Steuer класа си , еве на овој линк можеш да си видиш и да си пресметаш бруто во нето и обратно ,данок и здравствено осигурување колку ти одбиваат , исто има објаснето за сите Steuer класи :

P.S.
Јас сум со бугарски пасош во Германија а со мак пасош и виза мислам дека е исто али не сум сигурен.
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242

ако не е тајна батец,во кој град си и што работиш?!?и како тие таму?!?!?
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131
ако не е тајна батец,во кој град си и што работиш?!?и како тие таму?!?!?
Düsseldorf , бариста во Starbucks. Во Германија ти е 9.35 ЕУР минимална плата .
Плаќаш студио (гарсоњера 30м2) во Düsseldorf 700 ЕУР минимум може и поскапо плус nebenkosten(струја ,вода, гас , парно ,радиодифузна такса) и ти излегува 800-900 евра месечно плус 200-300 EUR за храна секој месец ти идат и тоа да си купуваш и да си готвиш дома од ALDI , LIDL , PENNY , NETTO , Kaufland i Real се скапи.
За кола да имаш треба осигурување,данок да плаќаш секој месец плус гориво , сервис и остали заебанции.
Ова ти зборам ако живееш сам и во центар на Düsseldorf(Stadtmitte) или во некоја приградска населба како што е Bilk , Pempelfort , Oberbilk , Flingern итн.
Втора опција ти е да живееш во некој помал град каде што киријата за станот ти е помала или да земеш WG ( соба од 15-20 м2) од 300-350 ЕУР месечно и кујна и купатило да делиш со други луѓе , треба да патуваш секој ден на работа ако не работиш во тој мал град каде што живееш тоа ти е плус трошок.
Ова втора опција е фаворит за луѓето како нас од Балкан али сум пробал и нема шанси , ќе плаќам поскапо али сакам да си имам мир и тишина , со втората опција може ќе заштедиш малку повеќе пари али нон стоп нервози и не си сам .
Поискрено од ова нема да добиеш како одговор на твоето прашање , мразам луѓе што лажат и што кога ќе дојдат во Македонија на пример ти кажуваат бруто плата во Германија колку земаат само за да испадне повисока плата дека имаат а нето плата не ја кажуваат затоа што е многу малку.
Не сум негативен , само сум искрен . ;)
Се најдобро !
 
Последно уредено:
Член од
25 април 2011
Мислења
197
Поени од реакции
283
Здраво, ме интересира дали е возможно тука во Македонија да се водам како вработен (да си искористам одмор), а притоа да почнам со работа во Германија ? Дали ќе биди проблем да ме осигураат таму ?

Исто ме интересира дали можам да ја подигнам визата за девојка ми, без нејзино лично присуство ? Заедно апликациравме.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Nekoj?

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
Агенцијата преку која си одел ќе ти среди за процент од добиената сума.
Така е најдобро според мене.
Автоматски споено мислење:

Здраво, ме интересира дали е возможно тука во Македонија да се водам како вработен (да си искористам одмор), а притоа да почнам со работа во Германија ? Дали ќе биди проблем да ме осигураат таму ?

Исто ме интересира дали можам да ја подигнам визата за девојка ми, без нејзино лично присуство ? Заедно апликациравме.
За ова второво мора и она да дојде.
А за првово мислам дека не е проблем,ама пак зошто да ризикуваш.
Автоматски споено мислење:

Düsseldorf , бариста во Starbucks. Во Германија ти е 9.35 ЕУР минимална плата .
Плаќаш студио (гарсоњера 30м2) во Düsseldorf 700 ЕУР минимум може и поскапо плус nebenkosten(струја ,вода, гас , парно ,радиодифузна такса) и ти излегува 800-900 евра месечно плус 200-300 EUR за храна секој месец ти идат и тоа да си купуваш и да си готвиш дома од ALDI , LIDL , PENNY , NETTO , Kaufland i Real се скапи.
За кола да имаш треба осигурување,данок да плаќаш секој месец плус гориво , сервис и остали заебанции.
Ова ти зборам ако живееш сам и во центар на Düsseldorf(Stadtmitte) или во некоја приградска населба како што е Bilk , Pempelfort , Oberbilk , Flingern итн.
Втора опција ти е да живееш во некој помал град каде што киријата за станот ти е помала или да земеш WG ( соба од 15-20 м2) од 300-350 ЕУР месечно и кујна и купатило да делиш со други луѓе , треба да патуваш секој ден на работа ако не работиш во тој мал град каде што живееш тоа ти е плус трошок.
Ова втора опција е фаворит за луѓето како нас од Балкан али сум пробал и нема шанси , ќе плаќам поскапо али сакам да си имам мир и тишина , со втората опција може ќе заштедиш малку повеќе пари али нон стоп нервози и не си сам .
Поискрено од ова нема да добиеш како одговор на твоето прашање , мразам луѓе што лажат и што кога ќе дојдат во Македонија на пример ти кажуваат бруто плата во Германија колку земаат само за да испадне повисока плата дека имаат а нето плата не ја кажуваат затоа што е многу малку.
Не сум негативен , само сум искрен . ;)
Се најдобро !
Браво за напишаново,убаво е да видиш вака некој кој реално размислува.
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Дечки после интервјуто во амбасада не ми издадоа сметка т.е. потврда дека сум платил а платив. Печат в пасош имам за апликацијата исто така и редното бројче го чувам. А знам во пораките стига дека и потврдата за платено треба.... Чаре?
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Дечки после интервјуто во амбасада не ми издадоа сметка т.е. шотврда дека сум платил а платив. Печат в пасош имам за апликацијата исто така и реднотп бројчегп чувам. А знам во пораките сѕога дека и потврдата за платено треба.... Чаре?
Треба потвдра да.
Како може да не ти дале,да не си ја изгубил некаде.
Најубаво ѕвони и прашај ги не би требало да е проблем,влезен си во ситемот.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Треба потвдра да.
Како може да не ти дале,да не си ја изгубил некаде.
Најубаво ѕвони и прашај ги не би требало да е проблем,влезен си во ситемот.
Не ми дадоа нешто се бунеше таа на шалтер дека работеле по 12 саати итн итн и ништо, ми ги врати документите и толку сега гледам ништо нема с чекам порака од друштвото почнаа да добиваат.. Нервите си ги искинав се надевам не е причина за одбивање на виза или дека поради тоа немам порака.

Утре ќе одам со другарите ќе прашам ама не ми мириса на арно..
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Не ми дадоа нешто се бунеше таа на шалтер дека работеле по 12 саати итн итн и ништо, ми ги врати документите и толку сега гледам ништо нема с чекам порака од друштвото почнаа да добиваат.. Нервите си ги искинав се надевам не е причина за одбивање на виза или дека поради тоа немам порака.

Утре ќе одам со другарите ќе прашам ама не ми мириса на арно..
Не верувам дека може за тоа да те одбијат,не е тоа документ некој кој ти фали за постапката.

А ти не доби порака така ли?
Пред колку време ти беше терминот?
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.317
Не верувам дека може за тоа да те одбијат,не е тоа документ некој кој ти фали за постапката.

А ти не доби порака така ли?
Пред колку време ти беше терминот?
Не добив, па на 12 ќе направи месец.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.798
Не добив, па на 12 ќе направи месец.
Ууу многу е обично за 10 дена до 2 недели готов е терминот.
Ништо друже оди до амбасада прашај си најдобро ти посакувам се најдобро да ти испадне,мое мислење е дека можеби пак ќе треба да платиш и да почекаш уште некое време ама дека че бидеш одбиен искрено не верувам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom