Düsseldorf , бариста во Starbucks. Во Германија ти е 9.35 ЕУР минимална плата .
Плаќаш студио (гарсоњера 30м2) во Düsseldorf 700 ЕУР минимум може и поскапо плус nebenkosten(струја ,вода, гас , парно ,радиодифузна такса) и ти излегува 800-900 евра месечно плус 200-300 EUR за храна секој месец ти идат и тоа да си купуваш и да си готвиш дома од ALDI , LIDL , PENNY , NETTO , Kaufland i Real се скапи.
За кола да имаш треба осигурување,данок да плаќаш секој месец плус гориво , сервис и остали заебанции.
Ова ти зборам ако живееш сам и во центар на Düsseldorf(Stadtmitte) или во некоја приградска населба како што е Bilk , Pempelfort , Oberbilk , Flingern итн.
Втора опција ти е да живееш во некој помал град каде што киријата за станот ти е помала или да земеш WG ( соба од 15-20 м2) од 300-350 ЕУР месечно и кујна и купатило да делиш со други луѓе , треба да патуваш секој ден на работа ако не работиш во тој мал град каде што живееш тоа ти е плус трошок.
Ова втора опција е фаворит за луѓето како нас од Балкан али сум пробал и нема шанси , ќе плаќам поскапо али сакам да си имам мир и тишина , со втората опција може ќе заштедиш малку повеќе пари али нон стоп нервози и не си сам .
Поискрено од ова нема да добиеш како одговор на твоето прашање , мразам луѓе што лажат и што кога ќе дојдат во Македонија на пример ти кажуваат бруто плата во Германија колку земаат само за да испадне повисока плата дека имаат а нето плата не ја кажуваат затоа што е многу малку.
Не сум негативен , само сум искрен .
Се најдобро !