Let3, споредбата не ти е еднаква, МТВ и бензин. Лазар одлично ви ја објасни работата и не ми е јасно како не разбирате. Формиран е јавен сервис кој се финансира од населението на РМ. Значи, не е ова комерцијална телевизија или друг производ кој се плаќа затоа што сакаш да го имаш, туку е институција. И МАНУ добива пари од сите нас, не директно, туку од буџетот кој сите го полниме. Кој доброволно би дал пари за МАНУ? Никој. Но, од државен интерес е да постои...
Ако МТВ почне да се меша во колачот на комерцијалните ТВ станици, има опасност вториве да пропаднат. МТВ има голема потенцијална моќ со пари и се останато да ги згази останатите. МТВ нема реклами, сем ретко кога даваат некои манифестации (Лига на шампиони и сл.) па заради спонзорите на истите се емитуваат.