Различни се поимите ,,радиодифузна ТАКСА,, и радиодифузна ,,претплата,,. Порано беше претплата и затоа кој немаше ртв приемник не плаќаше претплата а оној што не плаќаше редовно се тужеше на суд па потоа пресудата се даваше на извршување. Сега е такса, значи јавна давачка и ако не ја платиш постапува УЈП и ке ти ја наплати присилно. Значи сега не се плаќа претплата за гледање МТВ или други канали туку такса од која потоа се финансира јавниот сервис МТВ, дел земаат сите други телевизии, се финансираат проекти од национален интерес што значи од колачот земаат и други разни продукции и коскоглодачи..... сите имаме гледано емисии на кои е означено дека се финансирани од сретствата од рдт.
Проблемот е во тоа како е одредено кој е обврзник да плаќа рдт, како што погоре напиша Let 3, ако е такса тогаш истата треба да ја плаќа секој полнолетен грѓанин. Сега има некој систем по кој фирмите зависно од големината плаќаат 1, 2,3 ... такси, некаде функционира системот на семејство, некаде системот на стан..... каша и попара...
Сосем друга е тамата дали гледаме МТВ и дали тие како јавен сервис ја исполнуваат својата законска обврска или се само средство за сеење магла и реклами за владата и вработување на партиски паразити....