ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Она со куклите за тестирање, претпоставувам, беше во контекст на тоа дека луѓето кои излегуваат на нив знаат дека, прво ќе бидат физички нападнати (збориме за Балкан), второ само пумпаат гнев кај останатите со својот дисплеј и трето се земаат едино за потсмев.Ова со куклите за тестирање не ти го разбирам баш, ама мислам алудираш на фактот дека голем дел на мазохисти излегуваат на парадите (???) Види, парада која е тоа во вистинска смисла на зборот, еве, на пр., беше овогодинешната парада во Софија: нормални, нормално-облечени луѓе, со нормално однесување, излегле на улиците, целосно почитувајќи го законот, да покажат на некои си таму законодавци, дека не се сите стрејт.
Парадите се, но не најдобро средство за остварување на правата. Ама колку стрејтерите допринесуваат со своето однесување, кое резултира со вакви парадирања, на кои гејовите, наместо да се претстават како образовани и социјализирани луѓе (што во најголем дел се), тие исфрустрирани се разголуваат, давајќи му само сексуална конотација на настанот???
И како да не те земаме во предвид? Па твоето мислење е подеднакво значајно како и моето. Немој така сега...
Значи, не добиваат нешто во своја корист, а сепак го прават тоа, што е своевиден мазохизам.
Инаку, апсолутно немам став дали хомосексуалноста е болест или не. Знам дека е девијација (или ако тоа е пресилен збор, онда алтернација) на вообичаената, доминантна сексуална ориентација.
Од друга страна, сметам дека е апсолутно смешно да се третира како нешто што се "лечи".
"Лекување" едино во случај кога особата знае дека е геј, а од разни причини се плаши да го искаже тоа...значи, самоиницијативно да си побара разговор кој би и овозможил да ја собере храброста за да ги сруши самонаметнатите стеги и да се справи со оние од околината.
Конечно, нечија сексуална определба is none of my bussines...Али сакам и хомосексуалците да го почитуваат истото, односно да не го истакнуваат фактот за ориентација "на чело" преку паради и останати непотребни и нападни пропаганди, кои се контра-продуктивни, а поважно узурпираат туѓо време и внимание со нешто кое е апсолутно од интимна природа.