Психолозите се спротиставија на терапијата за хомосексуалците

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ова со куклите за тестирање не ти го разбирам баш, ама мислам алудираш на фактот дека голем дел на мазохисти излегуваат на парадите (???) Види, парада која е тоа во вистинска смисла на зборот, еве, на пр., беше овогодинешната парада во Софија: нормални, нормално-облечени луѓе, со нормално однесување, излегле на улиците, целосно почитувајќи го законот, да покажат на некои си таму законодавци, дека не се сите стрејт.

Парадите се, но не најдобро средство за остварување на правата. Ама колку стрејтерите допринесуваат со своето однесување, кое резултира со вакви парадирања, на кои гејовите, наместо да се претстават како образовани и социјализирани луѓе (што во најголем дел се), тие исфрустрирани се разголуваат, давајќи му само сексуална конотација на настанот???

И како да не те земаме во предвид? Па твоето мислење е подеднакво значајно како и моето. Немој така сега...
Она со куклите за тестирање, претпоставувам, беше во контекст на тоа дека луѓето кои излегуваат на нив знаат дека, прво ќе бидат физички нападнати (збориме за Балкан), второ само пумпаат гнев кај останатите со својот дисплеј и трето се земаат едино за потсмев.
Значи, не добиваат нешто во своја корист, а сепак го прават тоа, што е своевиден мазохизам.

Инаку, апсолутно немам став дали хомосексуалноста е болест или не. Знам дека е девијација (или ако тоа е пресилен збор, онда алтернација) на вообичаената, доминантна сексуална ориентација.
Од друга страна, сметам дека е апсолутно смешно да се третира како нешто што се "лечи".
"Лекување" едино во случај кога особата знае дека е геј, а од разни причини се плаши да го искаже тоа...значи, самоиницијативно да си побара разговор кој би и овозможил да ја собере храброста за да ги сруши самонаметнатите стеги и да се справи со оние од околината.

Конечно, нечија сексуална определба is none of my bussines...Али сакам и хомосексуалците да го почитуваат истото, односно да не го истакнуваат фактот за ориентација "на чело" преку паради и останати непотребни и нападни пропаганди, кои се контра-продуктивни, а поважно узурпираат туѓо време и внимание со нешто кое е апсолутно од интимна природа.
 
O

Out Boy

Гостин
Prirodata ( ili Gospod ) taka sakala. Znaci homoseksualnosta ne e protiv opstestvenite principi i normi nego protiv prirodnite.
Nema sto nie da izmisluvame topla voda i da ja menuvame prirodata. Ona ne se menuva, taka sakala taka i ke bide, i se sto e razlicno od toa sto taa go nalaga treba da se smeta kako abnormalno, devijantno.... megju niv i homoseksualnosta. :toe:
Оф, се контраш во две реченици пишани една до друга...
Хомосексуалноста Е против СЕГАШНИТЕ принципи и норми, оти таквите принципи се поставени од мнозинството луѓе.

Хомосексуалноста не е против ПРИРОДНИТЕ принципи, бидејќи ПРИРОДАТА е таа која определила константа од 12-ина % хомосексуалци. Така било, така и ќе биде. Природата не се менува. Да.

Она со куклите за тестирање, претпоставувам, беше во контекст на тоа дека луѓето кои излегуваат на нив знаат дека, прво ќе бидат физички нападнати (збориме за Балкан), второ само пумпаат гнев кај останатите со својот дисплеј и трето се земаат едино како за потсмев.
Значи, не добиваат нешто во своја корист, а сепак го прават тоа, што е своевиден мазохизам.

Конечно, нечија сексуална определба is none of my bussines...Али сакам и хомосексуалците да го почитуваат истото, односно да не го истакнуваат фактот за ориентација "на чело" преку паради и останати непотребни и нападни пропаганди, кои се контра-продуктивни, а поважно узурпираат туѓо време и внимание со нешто кое е апсолутно од интимна природа.
Да, целосно си во право. Само што, не се тие кои парадираат по улиците тие што менуваат нешто на подобро, туку оние од типот на Јохана Сигурдардотир, Бертран Деланое, Оле фон Бојст, Клаус Воверајт... кои со својот макотрпен труд и знаење, и покрај својата ориентација, успеале да докажат дека можат да бидат рамноправни професионалци со останатите и да сменат многу работи.

Значи, се јавуваат две екстремни струи, едните хомофоби, другите што парадираат разголени со синџири на вратот, кои во конфликт внесуваат две сосема пријателски страни кои имаат разбирање едни за други.

И ada, и бракот, и бакнежот без страв од осуда, и одлуката за чување деца, се интимна работа... Кој се меша сега?
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
И ada, и бракот, и бакнежот без страв од осуда, и одлуката за чување деца, се интимна работа... Кој се меша сега?
Приватна работа која се зафаќа со уште 10 јавни работи.Уан тинг лидс ту анад’р
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да, целосно си во право. Само што, не се тие кои парадираат по улиците тие што менуваат нешто на подобро, туку оние од типот на Јохана Сигурдардотир, Бертран Деланое, Оле фон Бојст, Клаус Воверајт... кои со својот макотрпен труд и знаење, и покрај својата ориентација, успеале да докажат дека можат да бидат рамноправни професионалци со останатите и да сменат многу работи.

Значи, се јавуваат две екстремни струи, едните хомофоби, другите што парадираат разголени со синџири на вратот, кои во конфликт внесуваат две сосема пријателски страни кои имаат разбирање едни за други.

И ada, и бракот, и бакнежот без страв од осуда, и одлуката за чување деца, се интимна работа... Кој се меша сега?
На луѓето од втората категорија и мислам, кога претпоставувам конструктивна борба за права, која би донела конечно рушење на стереотипите, и нивните јавни заложби ги почитувам и подржувам.
Додека останатите, кои се повеќе егзибиционизам и залуден револт, искрено, ме иритираат (не затоа што доаѓаат од некои кои се хомосексуалци...ми смета било чие такво "барање на права").

A, она околу децата...Тука вметнуваме и трета индивидуа, која нема право на избор, па затоа нештата се малку покомплицирани.
Нејсе, треба да се дозволи и тоа...Дури тогаш ќе може да се изгради релевантен став околу истото (вака останува на празни нагаѓања и "лов на вештерки").

Но, да не ја водиме темата во тој правец (мислам на право на деца и сл.) затоа што таква веќе има на форумов.

За крај, како што на многу теми имам прашано, а никако не добивам одговор:
Што очекуваат хомосекуалците у Мк (во однос на прифаќање и рушење на стереотипите), кога демонстрираат нула храброст и подготвеност за борба и кога единствениот нивен јавен претставник е Кочо?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Што очекуваат хомосекуалците у Мк (во однос на прифаќање и рушење на стереотипите), кога демонстрираат нула храброст и подготвеност за борба и кога единствениот нивен јавен претставник е Кочо?
Кочо е едиствен јавно деклариран и легитимен геј во Македонија. Сега за сега како стојат работите тој си се преставува сам себе си. Нема ни абер од некаква геј заедница во Македонија.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772

Се согласувам. Кочо е најпознатиот геј во земјава. Што не значи дека е тоа битно. Објектот каде се наоѓа ,,Valijant" во центар, до пред неколку години, беше ноќен клуб за хомосексуалци. Ко што ми имаат кажувано-никогаш празен ноќен клуб.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А кој кажал пред XXX години дека хомосексуалноста е девијантна?
Колку што знам во времето на Александар ова било прилично нормална појава.
Значипак се враќаме на тоа дека ние кажуваме што е нормално а што не.
Види Рим ти бил центар на култура, образование, цивилизација ама бил и центар на развратот, промискуитетот, инцестот, педофилијата и хомосексуалноста. По падот на Рим раните христијани кои што ги пишувале каноните одлучиле дека се што претставувал Рим се не чини, се е грев. Е сега бидејќи римјаните сакале многу да се бањаат и капат, одржувањето на хигиена станало грев, така да Европа одела неколку векови неизмиена и почнале да се појавуваат болести како чуми, колери итн. Во тој поглед раните христијани згрешиле и како опшество ние денес се имаме поправено. Ама не згрешиле во однос на промискуитетот, инцестот, хомосексуалноста и педофилијата тие се грев, и не се грев затоа што јас тоа го пишувам на форум или раните христијани ги пишале како грев, туку реално се грев затоа што тие дејствија или акти предизвикуваат морална и етичка деградација на човечката цивилизација и реално се деструктивно нешто.
Погледни го тоа како сакаш филозовски, религиозно тоа е факт како планина :).

Да го оставам Фројд на страна?
Ај, еден од основачите на психологијата (воедно и сите негови следбеници) се остаени по на страна.
Фројд давал идеи кои подоцна се испитувани. Не се докажани дека се точни,ама ниту се докажани дека не се точни...
Е сега за Фројд :).
Братучед ми е автомеханичар, кога некој муштерија ќе донеси свој автомобил секогаш го прашува дали може да се поправи. Што мислиш ти дали братучед ми ќе биди мајстор на својот занает ако одговори или ќе ја биди или не т.е. одговори со несигурност. Па нормално дека нема да биди професионалец туку ќе го гледаат како аматер, така и Фројд :).
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Види Рим ти бил центар на култура, образование, цивилизација ама бил и центар на развратот, промискуитетот, инцестот, педофилијата и хомосексуалноста. По падот на Рим раните христијани кои што ги пишувале каноните одлучиле дека се што претставувал Рим се не чини, се е грев. Е сега бидејќи римјаните сакале многу да се бањаат и капат, одржувањето на хигиена станало грев, така да Европа одела неколку векови неизмиена и почнале да се појавуваат болести како чуми, колери итн. Во тој поглед раните христијани згрешиле и како опшество ние денес се имаме поправено. Ама не згрешиле во однос на промискуитетот, инцестот, хомосексуалноста и педофилијата тие се грев, и не се грев затоа што јас тоа го пишувам на форум или раните христијани ги пишале како грев, туку реално се грев затоа што тие дејствија или акти предизвикуваат морална и етичка деградација на човечката цивилизација и реално се деструктивно нешто.
Погледни го тоа како сакаш филозовски, религиозно тоа е факт како планина :).
Деградација на човековата цивилизација ќе предизвика нешто кое ги повредува другите со директно влијание.
Педерите ништо не ти прават, нити па зло ти мислат. Морална деградација-мислиш на религиозни правила? Љубовта е вредност. Особено кога е двострана, нема збор. Омразата не е морална, па ти ги осудуваш и мразиш.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Деградација на човековата цивилизација ќе предизвика нешто кое ги повредува другите со директно влијание.
Педерите ништо не ти прават, нити па зло ти мислат. Морална деградација-мислиш на религиозни правила? Љубовта е вредност. Особено кога е двострана, нема збор. Омразата не е морална, па ти ги осудуваш и мразиш.
Ти знаеш каков шок е да дознае човек дека има хомосексуалец во поблиска фамилија, и тоа сигурно ги повредува другите околу него со директно влијание :helou:.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Види Рим ти бил центар на култура, образование, цивилизација ама бил и центар на развратот, промискуитетот, инцестот, педофилијата и хомосексуалноста. По падот на Рим раните христијани кои што ги пишувале каноните одлучиле дека се што претставувал Рим се не чини, се е грев. Е сега бидејќи римјаните сакале многу да се бањаат и капат, одржувањето на хигиена станало грев, така да Европа одела неколку векови неизмиена и почнале да се појавуваат болести како чуми, колери итн. Во тој поглед раните христијани згрешиле и како опшество ние денес се имаме поправено. Ама не згрешиле во однос на промискуитетот, инцестот, хомосексуалноста и педофилијата тие се грев, и не се грев затоа што јас тоа го пишувам на форум или раните христијани ги пишале како грев, туку реално се грев затоа што тие дејствија или акти предизвикуваат морална и етичка деградација на човечката цивилизација и реално се деструктивно нешто.
Погледни го тоа како сакаш филозовски, религиозно тоа е факт како планина :).

Е сега за Фројд :).
Братучед ми е автомеханичар, кога некој муштерија ќе донеси свој автомобил секогаш го прашува дали може да се поправи. Што мислиш ти дали братучед ми ќе биди мајстор на својот занает ако одговори или ќе ја биди или не т.е. одговори со несигурност. Па нормално дека нема да биди професионалец туку ќе го гледаат како аматер, така и Фројд :).
-.-
Се осеќам ко од Марс падната.
Не мислев буквално да ми каеш кој кажал и што напраив у Рим и у четрстурска. Муабетот ми беше дека ние самите(луѓето) си ставаме граници и си одредуваме норми.
Не доаѓаат од други планети да ни кажат шо да праиме и како да се оснесуваме, што да ни биде океј а што не.
Не доаѓаат марсовци да ни кажат дека педерите се болни и дека се ненормални и дека треба да се лечат(?!) туку ние-човештвото си става граници.
*вади блокчето и почнува да црта*

А за Фројд..
Споредбава ти е :jaj:
Ако братучед ти даде некоја теза за расипан автомобил, дека е можно ради загреаниот покрив да е расипан цинцилаторот доле кај федерфуфната, и ако после тоа се прават истражувања за да се докаже дали е можно тоа да се случува со психата на колата.
Братучед ти ако со сигурност му го тврди тоа на муштеријата, можно е да се докаже дека неможе поради покривот да се расипе цинцилаторот, после шо праиме?
Секако дека ќе му каже дека може да е така ко шо мисли, ама може и да не е така ко шо мисли за да си остаи простор другите да се спротиостават (со докази) на неговата теорија.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
-.-

Не доаѓаат марсовци да ни кажат дека педерите се болни и дека се ненормални и дека треба да се лечат(?!) туку ние-човештвото си става граници.

Секако дека ќе му каже дека може да е така ко шо мисли, ама може и да не е така ко шо мисли за да си остаи простор другите да се спротиостават (со докази) на неговата теорија.
Човештвото си става граници затоа што мнозинството луѓе знаат што е добро, а што лошо, знаат што е природно, а што не, знаат што можи да помини, а што не.

На крај краева на човек му се суди во професијата дали е успешен или не. Не е битно што е по професија дали автомеханичар, архитект, конструктор на ракетни мотори или психолог.
За првиот дали автомобилот е направен или не, за вториот дали конструираниот мост ќе ја издржи тежината на автомобилите или во даден момент ќе се сруши, за третиот дали спејс шатлот успешно ќе полета или експлодира, за четвртиот дали ќе му помогни на пациентот или не, а не или ќе ја биди или не.

И на крај краева ако има докази ќе биди практично употребливо нешто а не теорија.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Човештвото си става граници затоа што мнозинството луѓе знаат што е добро, а што лошо, знаат што е природно, а што не, знаат што можи да помини, а што не.
Не, не затоа што знаат, туку затоа што така е полесно да се функционира.
Затоа што е полесно да се разбереш со некој ако ти рече дека дома има стар човек, ја ијаме поставено границата од каде до каде се смета за стар човек.
Кога би немало граница, не би знаел за каков човек ти зборува.

Ти знаеш каков шок е да дознае човек дека има хомосексуалец во поблиска фамилија, и тоа сигурно ги повредува другите околу него со директно влијание :helou:.
Значи ти порадо би живеел со фактот дека твојот син е женет а му се дига на мажи и секако не е среќен, отколку да каже на сите дека е геј и да биде среќен?
Да не бидете повредени и шокирани, синот нека пати.
Кул!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Значи ти порадо би живеел со фактот дека твојот син е женет а му се дига на мажи и секако не е среќен, отколку да каже на сите дека е геј и да биде среќен?
Да не бидете повредени и шокирани, синот нека пати.
Кул!
Магде телесно или генетски ако гледаш во поблиска фамилија сето мажишта сме во вистинска смисла на зборот :).
Ама хомосексуалноста не е телесна болест, туку духовна настраност. Е сега хипотетички во иднина кога би имал син, ќе го научам да мисли сам за себе ама и ќе го научам сам да види што е добро, а што лошо, понатаму, кодекси, начин на однесување, морални и етички вредности, природни или божји закони и зошто е тоа така.
Така да јас сум сигурен во себе дека нема да имам дете хомосексуалец, затоа што теоретски имам некои сознанија кај можи да биди коренот на тоа нешто :smir:.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Почекај

Е фала за ова.
Па дај сподели со светот за твоите сознанија и нема да има веќе хомосексуалци по светов.
Магде тоа си е лично моја теорија, и го молам Бога да не дојди време да морам да ја проверам.
Инаку јас за нешто што не можам да докажам не пишувам овде на форум, затоа што не ми е проверено и не сум сигурен дали е вистина.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Зашто да ставиме варнинг, затоа што ти докажа дека хомосексуалците се болни?
huh?
Ја докажав дека се болни?
Како тоа те молам просветли ме.
Инаку за линкот треба варнинг зашо не секој сака да гледа тоа што е прикажано таму.

Магде тоа си е лично моја теорија, и го молам Бога да не дојди време да морам да ја проверам.
Инаку јас за нешто што не можам да докажам не пишувам овде на форум, затоа што не ми е проверено и не сум сигурен дали е вистина.
Те поздрави цитатов:
Фројд давал идеи кои подоцна се испитувани. Не се докажани дека се точни,ама ниту се докажани дека не се точни...
А да речеме дека ќе имаш син хомо (не ти посакувам у никој случај ама ете пример) шо тогаш?
Порадо би живеел со фактот дека твојот син е женет а му се дига на мажи и секако не е среќен, отколку да каже на сите дека е геј и да биде среќен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom