Знаете како,за се може да најдеш оправдување ако сакаш,за секоја работа може да дискутираш од милион аспекти,ама во случајов,кога и на мало дете му е јасно дека
ова се прави само за да се земат повеќе пари,тоа е сосема непотребно.Така да,тука нема повеќе аспекти,има само еден,и има само едно прашање на кое секој треба да си даде одговор:
Дали мислите дека државата/власта/партијата/фамилијата,кој како милуе,треба да зема повеќе пари од граѓаните или не?
Ако мислите дека треба,ОК,ваше право,само имајте на ум дека,иако буџетот секоја година се зголемува,секоја година се повеќе и повеќе пари сакаат/им фалат.
Ако мислите дека не треба,тогаш треба да излезете и да протестирате,пошто ако ова глатко им помине,за брзо време на ред ќе дојде нешто друго.
Ако се побуневме за некоја од давачките кои претходно ги воведоа или за астрономските казни,можеби на хонорарците немаше да им дојде редот.Ако не се побуните за нив ќе ви дојде редот и вас,и тоа побрзо одколку што мислите.А после ебавање нема каење,еднаш изгубена слобода,право или привилегија,тешко се враќа.
Како шлаг на овој закон се хонорарците на власта/партијата,фамилијата,за кои законов не важи,кои членуваат во по еден куп комисии,агенции,дирекции,каде што ама баш ништо не работат,а земаат баснословни хонорари.
Еве еден пример,
Најновиот член на Надзорниот одбор на АД „Македонска пошта“, од пред неколку дена е професорката на скопскиот Правен факултет, Тања Каракамишева - Јовановска, покажуваат документите од Централниот регистар.
Покрај професорката, во Надзорниот одбор членуваат и амбасадорот на Македонија во Шпанија и поранешен министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, Тони Димитриоски, претставникот на скопската фирма „Метрудхем“ која планираше да ја рестартира велешката „Топилница“, Боро Велигденов и Минир Исаку.
Тони Димитриоски покрај членството во овој надзорен одбор истовремено е претседател на Одборот на директори во државното Акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловниот простор.
Собранието на акционери ги избира членовите на Надзорниот одбор, а единствен сопственик на „Македонска пошта“ е државата.
Вакви надзорни одбори,комисии,дирекции и агенции има еден куп,за се што можете да замислите постои комисија,агенција или дирекција.
Ако на власта и фалат пари може да укине некоја од нив,да им скрати некоја привилегија на џабелебојадците таму,може да скрати некој споменик,ама пошто не се буниме,не протестираме,полесно им е да измислат нешто со што ќе брцнат подлабоко во нашите џебови,и се додека тоа глатко им мине,така ќе си тераат.
За крај,пораката која треба да се упати до власта на протестов,според мене,би била:
Ако ви фалат пари
воведете мерки за штедење
а не
мерки за цедење