leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Секој нов закон е со некаква комисија. Само за информација секој пратеник во македонското собрание членува во најмалку две комисии од кои месечно добива најмалку 1000 евра плус. Значи овие надзорни и управни одбори на јавни и државни дупки се награда за секој оној што ќе си го изгази името како професорицава. Многу им е гајле за народот, погледни ги предлозите за високо образование секаде ќе сретнеш комисија.Знаете како,за се може да најдеш оправдување ако сакаш,за секоја работа може да дискутираш од милион аспекти,ама во случајов,кога и на мало дете му е јасно дека ова се прави само за да се земат повеќе пари,тоа е сосема непотребно.Така да,тука нема повеќе аспекти,има само еден,и има само едно прашање на кое секој треба да си даде одговор:
Дали мислите дека државата/власта/партијата/фамилијата,кој како милуе,треба да зема повеќе пари од граѓаните или не?
Ако мислите дека треба,ОК,ваше право,само имајте на ум дека,иако буџетот секоја година се зголемува,секоја година се повеќе и повеќе пари сакаат/им фалат.
Ако мислите дека не треба,тогаш треба да излезете и да протестирате,пошто ако ова глатко им помине,за брзо време на ред ќе дојде нешто друго.
Ако се побуневме за некоја од давачките кои претходно ги воведоа или за астрономските казни,можеби на хонорарците немаше да им дојде редот.Ако не се побуните за нив ќе ви дојде редот и вас,и тоа побрзо одколку што мислите.А после ебавање нема каење,еднаш изгубена слобода,право или привилегија,тешко се враќа.
Како шлаг на овој закон се хонорарците на власта/партијата,фамилијата,за кои законов не важи,кои членуваат во по еден куп комисии,агенции,дирекции,каде што ама баш ништо не работат,а земаат баснословни хонорари.
Еве еден пример,
Вакви надзорни одбори,комисии,дирекции и агенции има еден куп,за се што можете да замислите постои комисија,агенција или дирекција.
Ако на власта и фалат пари може да укине некоја од нив,да им скрати некоја привилегија на џабелебојадците таму,може да скрати некој споменик,ама пошто не се буниме,не протестираме,полесно им е да измислат нешто со што ќе брцнат подлабоко во нашите џебови,и се додека тоа глатко им мине,така ќе си тераат.
За крај,пораката која треба да се упати до власта на протестов,според мене,би била:
Ако ви фалат пари
воведете мерки за штедење
а не
мерки за цедење
Патем најдов каде ќе ги инвестираат парите од хонорар:
Пензионерите од следната година ќе добијат бесплатен туристички викенд, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, во обраќањето на 8-та седница на Собранието на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија.
![](http://kajgana.com/sites/default/files/styles/half_size/public/2014/12/16/128179/penzioneri.jpg?itok=eN0ASSVx)
Во однос на подобрување на условите за живеење и престој, Спасов рече дека се преземаат активности насочени кон подобрување на условите за сместување и престој на корисниците на пензија во пензионерски домови.
„Водиме постојана грижа за повозрасните лица со цел нивна поголема исполнетост на слободното време и поголема независност во секојдневното живеење. Поаѓајќи од потребата за оформување дневни центри за старите лица во местото на живеење, развиваме мрежа од дневни центри како социјални сервисни служби за стари лица. Во 2014 година отворивме три дневни центри, а во наредниот брз временски период планираме уште три. Со овој проект имаме за цел да ја подобриме социјализацијата на повозрасните лица преку нивна секојдневна комуникација и дружење”, истакна Спасов.
http://kajgana.com/nova-privilegija-za-penzionerite-besplaten-turistichki-vikend
Ова го нема ни во најдобростоечките земји бесплатни викенди за перење пари.
Секој нов закон е бесмислен, лаком газ трагедија.