kooperativa
Г-ин Пола Милениум
- Член од
- 2 октомври 2012
- Мислења
- 7.633
- Поени од реакции
- 8.601
Последен пат ова сум го искористил далеееечната 1990 година, после тоа нема ништо од 40ден.Бре мајката не ти биле редовни приходите а викаш дека склучуваш договори за работа
Не плаќај придонеси па оди приватно направи панорамска снимка за 800-1000 денари,ама ако плаќаш придонеси во државна за истата снимка ќе платиш 40 денари.
Види сега кој е во загуба
Ако пошто си протагонист ЗА законот, кажи каде ќе идат тие придонеси од фриленсерите? Или од хонорарците? Да ти одговорам? Секаде, ама не каде што би требало.
Од една страна дупло плаќање на придонеси, а тој што ги плаќа не гледа никаков аир од тоа. Да не му се зголеми пензијата случајно ако е вработен и има по некоја тезга од страна? НЕ, само ќе се полни нечиј џеб.
Понатаму, другата страна, мислиш дека луѓето работат тезги/фреленсерски/хорнорарно затоа што сакаат да се отепуваат од работа или затоа што немаат избор, едноставно економијата е катастрофа и ни две плати не стигнуваат да се прехраниш ко човек, а да не зборам за некој “луксуз“ од типот на неделен ручек во ќебачилница. Пази, со ќебапчилница споредувам.
Трето, ако е само фриленсер, ............ погледни ја претходната забелешка, ...... нема работа, а и таа што ја има НЕ е доволно платена.
Зошто тогаш една здраво-разумна личност за која државата ја боли стојко да ја подржува државата? Дали ти се грижиш за оној кој сака да ти ги земе парите? НЕ, нели? Е па исто и со нас обичните луѓе.