Ама не сум докрај начисто за неколку работи.
Три прашања:
1.Протестот е поддршка за грците, или инспириран од протестите таму?
2.Ако е по нивни пример, дали ќе одиме на влада вечерва, бидејќи во текстот има дел А што е со Македонија?каде се величи анархистичката идеја во грција, за сметка на критизерскиот тон кон летаргичната положна на македонецот денеска?
3.Ако е поддршка за борбата на анархистите кои не поддржуваат за уставното име, нели е подобро да напишеме на еден блог ГРЦИЈА се бори за правда а не Грција, како што тие не поддржале (и признале, на блог) кога ние излегувавме на улици. Фер енд сквер?
Протестот, според тоа што разбрав е директна подршка на левичарското движење во Грција.
Значи, бројните Македонски левичари (10 или 20 души) ги подржуваат своите идеолошки браќа од Грција. Апсолутно романтично.
Во Македонска верзија, протестот е револт и против владата на Македонија, која бунтовнициве наши ја поистоветуваат со онаа грчката.
Инаку, интересно е што грчката опозиција има идентичен став за името и Македонската нација со владата на Караманлис.
Но, истата еве ги почитува грчките протести, па и нашиве Че Гевара wannabes индиректно ја подржува Грција и во ставот по однос на името и другите прашања.
Прво донесоа грци у сред Ск, за да ни кажуваат колку они се фини, а колку нашиот патриотизам е за никаде...Сега ова. Не знам кај ќе им биде крајот.
Ова во основа го гледам како поддршка за грчките анархисти од македонските анархо движења (ако 20ина луѓе е нешто што се “движи“ :pos2
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
И не е убаво да викате “нека се испоубијат ако сакаат сите грчишта“. Прво ги негирате дека постојат и дека хеленизмот е европска измислица од 19ти век после со предрасуди викате дека милиони луѓе заслужуваат иста судбина... На една тема третина “грци“ се загубени македонци, а претседателот им е Албанец на друга им порачувате судбина полоша од смрт.
Друго, ако грците протестираа против нашата власт и полиција ќе го сметавме како голем чин против нашата сувереност бла бла, додека вуна и компанија кога протестираат против фашистичката грчка влада некако пак го гледаме како нешто антимакедонско. Тоа веќе е параноја. :nesvest:
Место владата да плаќа Орце Стефановски да пее дебилни песни за Грујо можат да фрлат пари за поддршка на протестите кои се инспирирани од бунтовите во Грција.
Ма дај? Стварно?
Сеа ќе не убедиш дека Хеленизмот не е европска измислица?
Како што веќе реков, со овој чин, Вуна и овците негови, индиректно ја подржуваат грчката опозиција (пошо ако има преврат, таа ќе дојде на власт ко партија, не група зелени анархисти).
А ставот на грчката опозиција е:
Нема Македонски народ и нема држава со име Македонија.
Е ова го подржуваат бунтовните другарчиња на Вуна вечерва.
Сметам дека треба сериозно да се позборува за нивните акции. Тие се апла не-македонски.
Авангардни биле, космополити биле...Браво!
Ама и ми работат против земјата.