Тоа прашај во СВР, тие така велат. По мои проценки и по анализи на организаторите на протестот имаше околу 1200-1500 луѓе, што е сосема реална бројка за град како Кочани.
Инаку денешните протести во Кочани беа најдобро организирани до сега. Имаше и контрапротест на ГДОМ, ама беше мизерен и за потсмев.
Додека ние протестиравме со балони, пароли, бакли, факели и во одлично расположение и голема еуфорија, на другата страна на реката тромо се влечеа контрашиве онака целите скиснати. Од авион ќе познаеш кој е на улица по своја волја, а кој е пратен од штаб да изиграва будала.