Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
Баш така, на тоа мислам. Најмалце ми е битно кој управува со селските и градските средини т.е. општини, или пак кој директорува на некоја селска задруга. Тие управуваат дури не дојдат косовските органи на прогонот, и не ги стрпаат во хермелин, свиткани на пола како кифли. Тоа најчесто од меѓународната се толкува како внатрешна работа на Косово и поминува со повик за намалување на тензиите, преку дијалог дрн дрн јариња... Сега Вучиќ има шанса таквите упади, меѓународно правно, да издејствува да станат надворешна агресија. (на некој му смета тоа, зошто?)Ако мислиш за контрола каде што Србите се инцидентно напаѓани а при тоа да не реагираат меѓународните сили или некои провокации тогаш си грешка, провери кој управува со тие погоре места и се ке ти е јасно.
Друго Србија нема да влезе во НАТО бидејќи ке се соочи со огромно незадоволство кај народот па кој сака нека биде на власт.
И третто уште неми одговори каде тоа Вучиќ не испоручи се што му потражија западњациве... а секако се слагам со тебе во однос на опозицијата, освен Обрадовиќ негледам не искаљан лик до сега.
Србија немала да влези во НАТО... народот... незадоволство... незнам што... пак дрн дрн јариња муабети. Никој нема да го праша народот, кога ќе дојди ред Србија да влези во НАТО. Сега најбитно е да се затвори било како Косовското прашање про-форма, и Србија да биде протуркана во НАТО заедно во пакет со Косово, за да нема вета отпосле, обострани. Дали ќе извлечат некој ќар од потребата на Западот што побргу да ја упика Србија во НАТО, тоа зависи од самите Срби пред се, а потоа од Вучиќ. (Инаку за инфо, администрација на Трамп, за разлика од онаа на Обама, нема ништо против размена на територии како решение).
Точно дека Вучиќ многу работи испорача на Западот, а и мене ми сметаат многу од нив, но ни една од нив не го заситува доволно Западот, како крајниот производ „Србија членка на НАТО“. Но, Вучиќ докажа дека добро флертува и со Истокот (Русија, Кина, Турција...) поточно докажа дека е прагматичен политичар. Сака соработка и со Исток и со Запад, т.е. неутрална политика, која според мене носи најмногу бенефити на долг рок и е најисправна, меѓутоа во моментот тоа е далеку од real-politik (сем за Израел, Унгарија и уште некои др. држави). Единствената, а и најважна работа која Западот ја бара од Вучиќ е членство во НАТО, а Вучиќ тоа не го сака, бидејќи тоа е крај за неговиот концепт за надворешна политика, избран од српските гласачи на избори и претставен во предизборна програма. Членството во НАТО, по автоматизам подразбира промена на Устав и одземање на суверени права на државите членки. (ама ако продолжиме за тоа треба нова тема или на веќе постечките за НАТО).
Ако не си задоволен и од овој одговор, иако мислам дека ти одговорив мошне прецизно на претходен пост, тогаш намерно бладаш и потсвесно дури си напишал СЕ. За Западот СЕ е членство во НАТО, останатото е про-форма и нивни калкулации, кои засега српските гласачи добро ги разредиле и самите заклучиле колку вредат тие потези на Вучиќ и дали треба за нив да му се даде нов мандат или не. Истите тие избори, не беа ниту најмалку оспорени од Брисел, ниту од Вашингтон, но ќе дојде ден и за тоа, ако Вучиќ не падни и после Косовското прашање и кризата во Србија.И третто уште неми одговори каде тоа Вучиќ не испоручи се што му потражија западњациве
Од почеток...Казаки, тропаш глупости по темава и стварно не знам од кај да почнам да те исправам.
... мада мислам тешко ќе ти оди, бидејќи доволно те раскринкав во една друга тема, преку репостирање на твои довчерашни видувања на ситуација во Македонија... со среќа