Простување

Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
сурово е а? па мислам брат дека прво да гледаш за себе па после за другте. Тоа не ме прави безгрешен. тоа ме прави преживувач
Изгледа ти си од тие на кои треба да им се прости? Преживувач може да значи и „газам по лешеви за свои цели“
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
сурово е а? па мислам брат дека прво да гледаш за себе па после за другте. Тоа не ме прави безгрешен. тоа ме прави преживувач
Јас пак не се согласувам со тебе. Јас мислам дека еден од клучните фактори за сопствената среќа е да им простиш на другите, дури и кога тие не ти ја побарале прошката. Едноставно да најдеш сила во себе, колку и да ти е тешко, во себе да дадеш прошка и таму каде што не е таа побарана. Во спротивно човек секогаш ќе носи огорченост во себе и никогаш наполно нема да биде среќен. Простувањето на грешките на другите значи и сопствено ослободување и расчистување со се она што е негативно.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
сурово е а? па мислам брат дека прво да гледаш за себе па после за другте. Тоа не ме прави безгрешен. тоа ме прави преживувач
Ама ти си влегол ептен у гето филм. Уејки уејки, ова е Прилеп, не Бронкс. Живееш на грб на родителите и никој нема да те упуца, смири се. Читај книги у слободно време, Тупак нема ништо со тебе.

Тоа што другар ти те видел како фалбаџија дека ти си фаца у друштво а он не, не го приметуваш а? Тоа што во негови очи ти си мочко шо и покрај тоа што е фаца во друштво не сака да го внесе во истото, не го гледаш а? Уствари он не ти простил тебе, исто колку и ти него.

Животот носи поише “бедови“, смири се, ќе дојдат, ќе видиш шо значи да се прости, коа некој ќе ти плаче у скут, ќе те видам колку ќе бидеш ладен и нема да простуеш. И да успееш, ќе те видам ти коа ќе плачеш у некое ќоше, коа ќе почнеш и Господ да го молиш да ти помогне, само за уште еден миг, за уште една шанса...
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Изгледа ти си од тие на кои треба да им се прости? Преживувач може да значи и „газам по лешеви за свои цели“
прости ми ако те газам... се надевам дека не ми мирисаат чорапите

Ама ти си влегол ептен у гето филм. Уејки уејки, ова е Прилеп, не Бронкс. Живееш на грб на родителите и никој нема да те упуца, смири се. Читај книги у слободно време, Тупак нема ништо со тебе.

Тоа што другар ти те видел како фалбаџија дека ти си фаца у друштво а он не, не го приметуваш а? Тоа што во негови очи ти си мочко шо и покрај тоа што е фаца во друштво не сака да го внесе во истото, не го гледаш а? Уствари он не ти простил тебе, исто колку и ти него.

Животот носи поише “бедови“, смири се, ќе дојдат, ќе видиш шо значи да се прости, коа некој ќе ти плаче у скут, ќе те видам колку ќе бидеш ладен и нема да простуеш. И да успееш, ќе те видам ти коа ќе плачеш у некое ќоше, коа ќе почнеш и Господ да го молиш да ти помогне, само за уште еден миг, за уште една шанса...
фала. искрена критика од од 27 годишен човек кој животот го поминува пред компјутер. Јас ако слушам хип-хоп не значи дека во секој муабет треба да го мешаш Тупак.. те молам покажи респект кон мртвите.... второ не ме учи ти за живот кога не знаеш како живеам. Не велам дека ќе нема полоши денови, но бато ја сум спремен за нив и веќе доволно солзи сум потрошил колку за твоја информација
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
прости ми ако те газам... се надевам дека не ми мирисаат чорапите

фала. искрена критика од од 27 годишен човек кој животот го поминува пред компјутер. Јас ако слушам хип-хоп не значи дека во секој муабет треба да го мешаш Тупак.. те молам покажи респект кон мртвите.... второ не ме учи ти за живот кога не знаеш како живеам. Не велам дека ќе нема полоши денови, но бато ја сум спремен за нив и веќе доволно солзи сум потрошил колку за твоја информација
Абе се имаш искинато од солзи леење. Туку шо треба ја на 27 години у петок навечер да праам, па ја не можам туѓи фамилии да е*ам од 16.30 до понеделник до сабајле за пак на работа да одам.
Туку, слушам и ја хип хоп, ама бел сум... комплет. И живеам во урбана средина кај што нема пиштоли, а Тупак не го навредив, ама сеа не сум ја кирв шо е мртов, Биги е крив, плус боља музика праеше од него :baeh:
А ти сине како тоа бараш респект за мртви, а шанси втори не даваш, кој те учи на правилава, чичко ти сточарот од Мариовско?
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Абе се имаш искинато од солзи леење. Туку шо треба ја на 27 години у петок навечер да праам, па ја не можам туѓи фамилии да е*ам од 16.30 до понеделник до сабајле за пак на работа да одам.
Туку, слушам и ја хип хоп, ама бел сум... комплет. И живеам во урбана средина кај што нема пиштоли, а Тупак не го навредив, ама сеа не сум ја кирв шо е мртов, Биги е крив, плус боља музика праеше од него :baeh:
А ти сине како тоа бараш респект за мртви, а шанси втори не даваш, кој те учи на правилава, чичко ти сточарот од Мариовско?
да да али штета брат цело мариово се пресели во скопје па сеа не знам можи и тебе ти паѓа нешо роднина а? пууу можи јас и ти братучеди да сме а? ц ц ц ц мал е светов. Ама не. Ти рече дека си бел, ја не сум. Штета брат шо други ми ја пишува биографијата како на пример дека сум црн, дека живем во гето, дека чичко ми е сточаро од Мариово.... ја не знам од каде луѓево олку инфо за мене :vozbud:. Добар си брат али тие 10 години разлика не се доволно за да те почитувам како постар и поискусен :toe:
 
Нема везе, и боље шо е така. Пошто твоите врсници у ова време (ти у никој случај, ти светец си) се само обични мочковци кои шо не биле тепани у вреќа. Серковци и мочковци што живеат у свој свет изграден од МТВ или игрици на компјутер. Ретардоси шо не можат да погледнат у реалноста од премногу мазење, мислејќи дека секој од нив е следниот ајнштајн, или Тупак, или што веќе. Од вас не се ни очекува да простите некому, пошто не сте ни способни да го сфатите зборот простување, за вас Господ ни себе си нема да си прости што ве створил.
 
во право си брат али не се пронајдов во никое од овие ( освен во она со ајнштајн и тупак така интересни беа :pipi:). Нарекувајме и мрсулко и мочло и разгалено детиште но јас сепак иам видено повеќе од тебе. Господ ќе ме казни бидејќи не простувам, тебе бидејќи потценуваш и се трудиш да ја вршиш неговата работа. Продолжи со своите ставови и биди горд на тоа дека знаеш што значи да простиш за разлика од еден беден тинејџер на кого домашните му купиле компјутер за да можи да се сили без никој да го знае. Со тебе втор пат велгувам во мегдан и баш ми е забавно :baeh: али сеа ми се спија така да поздрав до следното видување
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Да простиш, ама навистина да простиш и да заборавиш на грешката на другиот е баш ко што рече некој погоре боженствена особина. Ретко кој човек е доволно благороден да го направи тоа. Погрешно се мисли дека со простувањето му правиме услуга на човекот кој згрешил, со тоа си правиме пред се услуга на самите нас со што се ослободуваме од гневот.И дајте ве молам не мешајте религии кај што не им е местото.
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
За да ми прости некој, јас прво треба да се покаам и да побарам прошка. Тоа е нешто што до сега го немам направено. Втора работа што ја немам направено е на никој/а му немам простено. Кој сум јас за да простам на некого? Некаков суд, или што? Никој и ништо. Секој прави онака како што мисли дека треба, дека е правилно. Ако целта ги оправдува средствата, ако јас треба да бидам повреден, за да се направи некои поголемо добро за таа личност која ме повредува и искрено ми се извини за постапката, јас тоа можам да го разберам и да продолжам како и до тогаш. Но, никогаш нема да побарам некој да ми се извини, или пак јас да барам прошка од некого. Можам да се извинам за нешто што имам направено и тоа е се’.

Ако постапката на некој/а мене тоа не ми се допаѓа, и тој/таа не се извини и не ме увери дека тоа што се случило било неизбежно, дека повторно нема да се случи, јас ќе прекинам секаков контакт со таа личност.

Целиот проблем во денешното гледање на "гревовите", кои самите се создадени од луѓето (тоа не значи и дека е точно) е тоа што поголем дел од човечката маса, гледаат на гревот дека не смеат да го направат затоа што ќе бидат казнети од Бог во оној свет, а не затоа што така е исправно.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Вештице ти си благорден човек промени го името далеку си ти од вештиц, можеби да напишеш Ангелче. Прекрасно размислуваш.
Да простиш, ама навистина да простиш и да заборавиш на грешката на другиот е баш ко што рече некој погоре боженствена особина. Ретко кој човек е доволно благороден да го направи тоа. Погрешно се мисли дека со простувањето му правиме услуга на човекот кој згрешил, со тоа си правиме пред се услуга на самите нас со што се ослободуваме од гневот.И дајте ве молам не мешајте религии кај што не им е местото.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Секој човек прави грешки и никој не е безгрешен...Перфекција е само еден апстрактен поим кој често пати мислиме дека постои кај нас самите(т.с некои постојано го мислат).Меѓутоа често пати во животот се случува кога некој ти згрешил или и ти си згрешил...По извесен времеснки период сфајќаш дека тоа е така и се покајуваш и бараш прошка..Сите сме различни и ова е доста лично дали ќе се оди кон следниот чекор простувањето...Човечки е да се прости според мене за некои работи бидејќи гневот и негативната енергија која што ја чуствувате исчезнува и вие подобро се чуствувате...Негативните нешта кои ви се дешавале во вашиот живот ќе останат трага,белег или ако не друго сеќавање на кое некогаш ќе се присетите...Подобро е кога ќе си легните мирно знаеќи дека никого не го мразите или му мислите лошо затоа што со таа енергија негативна си наштетувате лично себе...Постов не ми е да му докажам на некои личности дека мораат да простат тоа е лична и индивидуална работа..Според мене треба но секогаш кога човечката казна(совеста)вистински ќе проработи...
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Нема што да простуваш затоа што никој ништо и не ти направил
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Да се простува е голема доблест, оној кој простува е поголем во секој случај од оној кому му е простено.Но требе да сме среќни кога на некого му простуваме, со тоа докажуваме дека сме луѓе.:smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Бидејќи видов нема ваква тема би сакал да подискутираме на оваа тема колку е искрено денешното простување или поточно колку ви е искрено простувате дали е тоа со чиста душа или го простувате но не и го заборавате и за крај дали има нешто што вие едноставно не можете никогаш да го простите? :)

Еве нешто што најдов околу простување во врска со верата. :)

Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Исусовата молитва или Молитвата на срцето — во православието, е молитва-обраќање кон Исуса Христа, Син Божји и вистинскиот Бог по молба за помилување (простување на гревови, ослободување од пеколот и пресметување кон светците).
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)
Ова е за верата, сега јас од моја страна да си одговорам на темава како што и е редот.

Мене нешто што најмногу ме чуди е тоа што повеќето луѓе ги делат луѓето на пр. вака на едните ( најблиски во семејство ) им простуваат а на останатите кои толку не им се ближни полесните работи не ги простуваат е сега прашањето е како тоа на едни ќе им простуваш на едни не? и тука се поставува прашањето колку е тоа вистинско простување ... јас според мене би рекол дека тоа е само колку да се каже, да ти простив ... но еве јас пред извесно време направив една грешка кај една личност каде што уште во истиот ден се извинив и побарав прошка да ми прости за тоа што го сторив и одговорот кој го добив беше следниот: Што ако ти простам кога јас тоа нема да го заборавам? и тука повторно се поставува прашањето дали ако таа личност ми простила ќе било тоа искрено простено со срце и со душа? јас би рекол не. Од мене до сега имаат 2-3 пати побарано да им простам и најискрено кажано им простив од душа бидејќи јас секогаш им простувам на сите оние кои ми згрешиле сепак човечки е да се греши и човечки е да се извини и да се побара прошка. Сепак ова е мое мислење продолжете вие понатака со вашите мислења околу оваа тема. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom