Ама ти си влегол ептен у гето филм. Уејки уејки, ова е Прилеп, не Бронкс. Живееш на грб на родителите и никој нема да те упуца, смири се. Читај книги у слободно време, Тупак нема ништо со тебе.
Тоа што другар ти те видел како фалбаџија дека ти си фаца у друштво а он не, не го приметуваш а? Тоа што во негови очи ти си мочко шо и покрај тоа што е фаца во друштво не сака да го внесе во истото, не го гледаш а? Уствари он не ти простил тебе, исто колку и ти него.
Животот носи поише “бедови“, смири се, ќе дојдат, ќе видиш шо значи да се прости, коа некој ќе ти плаче у скут, ќе те видам колку ќе бидеш ладен и нема да простуеш. И да успееш, ќе те видам ти коа ќе плачеш у некое ќоше, коа ќе почнеш и Господ да го молиш да ти помогне, само за уште еден миг, за уште една шанса...