Претходниот спот кој беше даван на СНН беше далеку подобар од овој, а дали знаете колку чинеше тој спот?
0 денари - нашите само им пратија снимки на СНН и тие го составија бесплатно бидејќи Македонија закупи тогаш простор за 400.000 евра (пари од Европските фондови, не од буџетот).
Јас мислам дека џабе е да им прикажуваме на странците тоа што се прикажува на спотот или пак со реклами да привлекуваме туристи.
Нас ни требаат инвестиции во инфраструктурата, патишта, аеродроми, нови автобуси, такси, стандарди кои се почитуваат насекаде и нормално тука можеме да додадеме некоја инвентивност во нашите туристички места како Преспа, Охрид, Скопје и тн, а вака кога некој еве се излаже и дојде во Македонија и види дека се заебал бидејќи све е крш, услуга никаква, а на крај може да заврши во затвор во некое спектакуларно апсење на власта или недај боже да биде убиен како што направија во 2001 со пакистанците, како сакаат овие од валда некој да им доаѓа, тоа не ми е јасно.
Спотов мислам дека е правен за домашна употреба, за дивеење на чувствата во оние силните патриоти на кои им чука срцето кога ќе слушнат песна за Македонија или реклама со Александар Македонски, а кога ќе има војна кога ќе треба пушка да фатат со ноџината на маса прелистуваат весник на некоја од плажите кај нашиот јужен сосед.