CafeDelMar
Luminance
- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 6.505
- Поени од реакции
- 14.691
Си ги врзуваше патиките секогаш на прагот од кујната, ја чешлаше косата во исти ритмични движења, кваката од вратата секогаш и беше извадена наутро и насмевката му ја поклонуваше на огледалото. Секој петок по истиот редослед излегуваше од дома, се враќаше понекогаш за да провери дали прозорот е затворен, дали кафето е допиено ... Ја оставаше спремната воздишка во ходникот и пак излегуваше.
Лифтот беше заглавен со денови меѓу спратовите без достапност. По нејзиниот распоред таа одеше со лифт, секој петок само еден спрат подолу се симнуваше зошто и беше потребно застанување, и беше потребен звукот на ланците кои не беа никогаш подмачкани, како тој звук да и го суптрахираше врисокот од себе.
Почна да се враќа назад, со бавни движење кои наговестуваа дека стравот и ги контролира врвците на патиките, тишината и ја обземаше косата која веќе имаше форма на напуштено гнездо, насмевката беше крик, а воздишката премолченост.
Не ги сакаше знаците позади затворената врата на лифтот, само посакуваше да ги виде пајажините внатре, го сакаше мирисот на влагата ... и ја тресна вратата од сопствениот немоќ. Се врати уште неколку чекори за да ја одржува рамнотежата додека лебдеше околу сопствената сенка и набљудуваше како по истиот редослед ги враќа работите назад. Го виде кафето испиено, знаеше дека не е назад, само има заглавено во меѓупросторот заедно со лифтот.
Си го бараше спокојот некаде во орманот каде што беа оставени не завршените приказни, да ја остави и оваа ... па тогаш се сети дека постои една голема утроба која создава и ревитализира приказни, утроба која вреснува пред секој плод. Секое утро фикцијата и носи нов крик на новороденче ... и во првите зраци на создавањето сака да му поклони нота која ја отсвирела само за него. Интонација по која ќе го препознава и кога ќе се констриураат длабоките, цврсти ... никогаш завршени приказни.