- Член од
- 7 декември 2011
- Мислења
- 4
- Поени од реакции
- 1
Ете сум ... на патот обвиткан со магла, со скршени облаци и месечина пресечена на пола.Од дното на земјата до крајот на небото – нема да го најдам времето. Ќе има празнина. Загубен сон и исушени очи. Ќе има тишина. Никој нема да ме слушне. За сите букви од твоето име. Сите срца што чукаат во едно. Сите насмеани души. За љубовта врзана во снопје. Никој ... И оваа нова кошула. Високо кренати чаши. Непознати гласови во позадина. Нечии туѓи очи. Кој пие вино, кога знае дека нема со кого да наздрави?
Почнувам. За тебе. За другите. За мене. За она што останало во просторот. За она што се залепило на мојот образ и заборавило да се исуши. За она што го носам. Со мене . Сега, без тебе. Почнувам, мила моја. Со свиткан скелет удирам по типките. Се редат неправилни тонови, помешани со твоето далечно чекорење. Со твојот утрински глас. Со нечии украдени воздишки. Со туѓ мирис во твојата коса. Со нечии завивање, со нечија совест што никогаш нема да престане да моли ... Удирам посилно. Веќе никој не слуша. Сите ги затвараат очите и останувам сам. Толку многу публика, а сепак стоиш сам. Со сите години наназад. Со сета младост. Со крвта што носи замрзнати парчиња од едно време. Стоиш и чекаш да се случи. Одново и одново. Истите ноти и истиот крик. Врска што ги поврзува левата и десната страна. Мост што го има обликот на нејзиното тело. И топлина. Топлина од првиот до последниот зрак.
Да, тишината ми е најдобриот пријател. Секогаш ми раскажува за тебе. За твојата сенка. За сенката до тебе. За твоето постоење. За сите твои заминувања. За зборовите пред и потоа. За местата каде те чекав и сонував. За местата кои не можам да ги најдам. Зафатено е. Заклучена соба и изгаснато светло.
Можеш ли? Можеш ли да замислиш мажи , жени и деца. Неколку седишта во првиот ред. Љубов што ги поврзува. Среќа што ги следи. Колку се само обични. Со обични мисли и сонови. Можеш ли да замислиш дека нивното нема никогаш да помине. А ние? Зарем тебе возот не те однесе предалеку? Зарем јас не останав да те чекам на истата станица? По гаволите, не знаев ... јас и ти никогаш нема да бидеме истите. Требаше. Сега знам. Требаше да те оставам пред да заминеш. Требаше да те оставам само еднаш, само така ќе заминеше засекогаш. Значи не си виновна. Јас требаше да се збогувам. Прости ми ...
Прости ми за се што е за тебе. Се што не сум можел да го избришам и да го нацртам со другата рака, да нацртам некој нов лик, нечие ново тело. Да пијам ново кафе. Во нова постела. Да гледам преку нови прозорци. Да слушам нов глас. Да имам повторно се. Одново . Нова приказна и нови ноти.
Знаеш бев човек. Некогаш бев човек. Сега, можам да видам половина од тоа. Другата половина е ништо. Празен простор. Длабока дупка ископана од твоите прсти. Сега, моето име го пишувам со малечки букви.
Ја тргам прашината од мојот костим и свирам. Ја затворам дупката и се обидувам да личам на човек. Ги искривувам усноте и се надевам дека се смеам. Се молам тоа да биде насмевка. Како твојата. Силен аплауз ми ги крвари ушите. Крвата не излегува. Се е на своето место. Можам ли ? Воздивнувам и тргнувам да се поклонам. Нешто посилно крвари. Моето срце. Песната има крај. Сите стојат. Оф, боже ... ти се поклонувам. Единствено тебе можам. Да не беше ти, нотите ќе нема смисла.
Ти ...
Почекај, почекај да завршам со оваа драма. Да ги поздравам пријателите, да го допијам виното и да тргнеме.
Вечерва ќе отидам во нашиот стан. Во нашата соба. Ќе ги облечам твојата пиџама. Ќе легнам на твојата перница. Ќе ја отворам дупката и ќе ја гледам темината во очи. Ќе играм танго со мислите. Ќе водиме љубов. Ќе ти посакам добра ноќ и во оној дел од вечноста ќе бидеме еден покрај друг. А потоа ... потоа ќе плачам. Со илјада очи во мене. Со оние очи со кои те љубев. Ќе плачам тогаш. Ден потоа. Години подоцна. Таа песна мила моја ... нема да има крај.