Прозни искри

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Поглед кон огледалото.
Говор со огледалото.
Поклон пред огледалото.
Се се врти околу тие проклети огледала, тие самите се толку бедни, но штом ја привлечат мизеријата да ги употреби ја добиваат својата вредност – и ја елиминираат можноста некој да ги соочи едно со друго.
Изгледот на нејзиното облечено месо делуваше како на својот список да има дебел број жртви за шармирање.
Во секој сантиметар покриена или откриена кожа имаше по нешто за секого, секој детал алудираше на различен драматичен момент.
Ексклузивен приватен бал во своите мисли, без храна и гости.
Многуте начини на кои можеш да се зјапаш самиот себеси се важни откритија, секој начин оцртува уште една внатрешна експресија што обично незаинтересирано клокоти во молкот, но кога ќе биде гребната со задоволство раскажува.
Но огледалото денес одразуваше повеќе од ентериерот одзади отколку што одразуваше облини на нејзината силуета.
Ослабена. Ритуални ноќи или премногу задоволство?
Можеби е само исцрпена од борбата со ѕверот кој мирно го докрајчува своето шише во стерилниот дел од нејзиниот ум.
Или само решила да си овозможи да го види она што е зад нејзе од таква чудна перспектива, која од изненадување би можела да и открие нешто повеќе, неколку невнимателни дамки?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.405
Поени од реакции
25.269
Роки

Првото нешто што дедо ми ми го покажа на застарениот кино - прожектор, беше еден филм кој во тоа време ми претставуваше сатисфакција, а сега сум уверен дека нешто сосема поинакво, и нешто сосема повеќе претставува, нешто слично на цел еден завет.
Тоа беше Роки. Табу тема за мене во тоа време, но кога целата антологија прилично заврши во сосема добро светло, решив одново и одново да ја изанализирам наведената.

Пред се ми беше интересна самата глума на Сталоне, но него потполно ќе го изоставам, бидејќи во оваа ситуација ми е поважен ликот, како генерална дискусија.
Роки е цар!
И несомнено е еден од најдобрите измислени ликови во филмската индустрија. Роки ми беше идол, ми е, и ќе ми биде верувам уште долго време...На моменти знаеше да избувне, да донесе глупава одлука, но колку само цврст карактер беше и колку само се бореше за тоа што го сакаше.
Минус бесконечност.
Нула.
Плус бесконечност.

Живееше сам, во стан прилично голем колку за една личност. Ама скапан. Само самотијата и тагата владееше тука. Ништо друго. Ама тренираше напорно, а некогаш и мали искри на љубов меѓу желката и рибите. Живеењето во запустен кварт не е лесно.
Љубовта можеш да ја најдеш на секое место...
Во продавница за животинска храна! Да се заљубиш во девојка со очила со обем од околу три метри, тешки пет кила, не е лесно. Треба да си ретардиран или да имаш посетено најмалку пет здравствени институции и тие да заклучат дека за тебе нема лек?!
После едно обично лизгање, малце зафрканции што знаеше да ги прави тој, се стекна со нејзината љубов. А таа го свиѓаше. Нормално, така набилдан крупен лик, со карактеристични црти на лицето...
А уште да не ја споменувам 70-тата највпечатлива фраза на сите времиња:
-Yo Adrian, I did it!
И не е баш мала работа...Роки ги сакаше предизвиците. Аполо Крид беше првата жртва на неговата упорност. И Роки стана број еден! Во крајот на вториот дел. Роки доби син, живееше среќно со неговата женичка. Син му интелигентен...како него, секако. Роки станува богат, го победува и големиот руски гуру, една невидена машина.
После доаѓа периодот даун...пак враќање во стариот кварт, и Филаделфија е мало место за живеење...После неколку години, истиот тој човек, истиот пријател, изменатиот син, зборуваат покрај гробот на најскромната женичка.
Син да се срами од татко? Каква патетика. Каков е, таков е, татко ти е!

Роки укажуваше на упорност, скромност, дисциплина. Роки укажуваше на ред други работи, кои во моментов немам време да ги дискутирам, а компјутеров веќе потроши доволно струја денеска.
Роки е на работ на совршенство, Роки е фраер за кого ова го посветувам. Роки ќе го гледам утре пак, ќе им го пуштам на моите потомци, после 10 години. После 50 години, во една убава старечка ноќ пак ќе го гледам, после 100...веќе нема да ми биде потребен.
Малце повеќе фантазирање, под дејство на причично несакани хемикалии, глупи некои супстанции.
Роки е цар!
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
22ка а? Лета времето..
Не сум заборавил за тебе, никако, и во никој случај немој да го помислиш тоа. Секој човек го гледам преку тебе, како би изгледал, каков би бил твојот карактер, дали исто би било кога и ти би бил до мене, па ти би го носел моето име сега и ти би бил постариот како сега јас на малата, јас само ќе се огледував на тебе и ќе бев радосен да си тука кога ми требаш, да имам некој кој би ме слушал, само тоа. Знам дека ме гледаш, дека знаеш што чувствувам, можеби и живееш преку мене, зошто посакувам да те имав, да ме учиш ко и сите други браќа.
Сакам само една прегратка... можеби еден ден и ќе се сретнеме, таму каде ќе нема граници и пречки, и да славиме, тоа што сме неможеле да го правиме пред тоа..
Среќен роденден.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Таа повторно го почуствува извлекувањето на светлината од темнината. Уште едно утро на непосакуваната тага. Ноќта е нејзиниот водач. Кога денот се раѓа, таа умира, а соништата и се разнесуваат на илјадници крвави солзи. Денот е нејзината смртоносна патека. Затоа се обидува да не ги отвори очите, ги затвара сите врати и ги гаси сите светла, се обидува да не мисли на ништо.
Сепак, спомените и тукушто изминатото задоволство ги надразнуваат нејзините сетила во мислите и навираат сликите и трагите од она што се нарекува сон.
-Проклето нека е сонцето, затоа што ми го одзема најдрагото!
Уште како дете таа замислуваше дека може да живее без болка и тага. Но, дури во тоа утро, во се исто како и сите негови претходни, сфаќа дека тие се дел од неа. Тогаш и таа и сонот знаат дека онаа која им недостасува е Слободата, танцот на вечноста, изворот на среќа. И само кога спие е спокојна, далеку од оковите кои ги носи денот. Сонот е нејзиниот таен, мрачен, хармонски свет. Спие во длабочините на изолацијата, со надеж дека никогаш нема да се разбуди од илузијата на безебдноста. Сонот е место каде бега од нејзините маченички денови. Таму се е така убаво. Светлината е далеку под неа, и таа се чувствува непобедлива.
Сепак, ненамерен зрак ја потсетува на нејзината сурова реалност. Ја чувствува нејзината душа како крвари под топлината на сонцето. Уште болка, уште тага, уште несреќа. Се плаши дека никогаш ќе нема крај. Се залажува со соништа, иако знае дека болката ќе ја заборави кога сонцето веќе никогаш нема да изгрее. Затоа се плаши да ги тргне чаршафите и да ја вкуси, според многумина, убавината на денот. Посакува да можеше да и се насмевне на светлината, иако знае, дека,како и сите деца на денот - ќе ја повреди. Така, со секое ново утро, нејзиниот свет се распаѓа. Можеби треба да се откаже од нејзината улога како човек.
Иако е премногу осамена за да остане, а премногу тажна за да биде сама, и понатаму тивко лежи, чекајќи ја ноќта, која секогаш, и се чини, паѓа премногу доцна. Продолжува да слуша тишина, и да го исполнува со празнина нејзиното срце, огорчено од руменилото на зората. Длабоко во себе насетува шепот на душа која умира, погребана на сопственото раѓање.
-Случајност е ова или судбина?...
 
С

Сатори

Гостин
Целиот мој живот се класифицирам себеси како жртва на хедонизмот, на комплетното предавање на задоволствата што живот значат.Мирисот на нечија кожа и малку повеќе арган за да се пополнат празнините на просторот и времето.
Илузија.
Стоп!
Не е дека не сум верувала во љубовта, неколку пати бев цврсто уверена дека ја чувствувам под совршено излакираните нокти и трепките тешки од многу маскара, бев убедена, да, тоа е вистинскиот избор на зборови.
Многу повеќе ме љубеа ... многу помалку, љубев.
Неспособна да се откажам од сите малечки тајни, невозможно да ги предадам сите слатки љубовници кои што ги поматуваат сетилата за да се одигра уште една партија шах.
Адреналин, возбуда, живот.
И тогаш се појави некој ист како мене, каква омраза беше тоа, ист, комплетно поклопување на маните и потребите, желбата за изневерување со таа, идентична сила, курва за емоции, дури и шармантен како мене.
Како да не го убијам, да не го уништам секој призрак на некој што може да ме засени и да ми го смени текот на пазарот.
Штета!
Од сите наводни прекрасни љубови во мојот живот, клучот на онаа што ја убивав секоја вечер пред спиење, онаа што се грижи, што љуби и разбира ... ја разбуди токму тој што никогаш не требаше да ја види.
Илузија.
Стоп!

Завршив со трагичните приказни.
Make things right little girl … make things right.
Now you finally can.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Секавица...Искрата го пали црното платно на бесконечноста. Дожд...Жедната уста впива сешто и се нуди од големото дарежливо небо...Камен...Под него се наоѓа тивката душа на желбата, скриена во очајот на смртта, целата обвиткана во хармонијата на ноќта, мистеријата на мракот и убавината на темнината. Од неа блескаат само две мрачни точки, се прелеваат под долгата влажна од дожд коса, која е поцрна од смртта а поубава од животот, нејзиното голо тело блеска во темнината со сиот свој одсјај на блескава љубов. Темните очи блескаат од оганот на омразата и пеколот, сето тоа измешано во една душа која некогаш постоела како тело, а сега е само одраз, слка на тоа што постоела. Каменот е само мало обележје на неа, таа е мракот, таа е омразата, таа е љубовта, таа е самата деница, која полека го убива но и го шири у проубавува...Таа е темнината...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Многу беше упорен да го откорне целиот олук кој така трпеливо ја нагостуваше целата вода од надојдениот облак.Од кога не успеа со рацете зема една крпа го покри и си влезе пак во тунелот.

Се чудеа минувачите ,седи во темнината која секој звук го преточува во музика ,седи во ограничен простор, а му пречи изборот на останатото .Ама никогаш и не го разбираа минувачите дека всушност изборот што тој го разнесува секое утро по домовите кај жените ,оние жени без никаков избор,не е изборот кој тој го пакува секое утро туку е токму оној избор кој никогаш не успева да го приготви.Зошто сите минувачи се разгневуваа дека му успева да ја отслика својата темнина преку изборот на виножитото.
Се чудеа ,како успева сите колачи да ги потопи во румот од неизбежното,во чајот на присуството,во мирисот на сонувањето...се чудеа како успеваше секоја насмевка да и ја поклони на нејзе,насмевка во која се отсликуваше нејзиното отсуство, нејзиниот избор заглавен во скршената даска на клупата,клупата на залутаноста.

Незнам ни самата зошто се чудеа,кога изборот на пригушеноста е секогаш оној избор кој прозведува најсилен звук...музика која незнае да престане,музика која не се припојува само на олукот туку танцува со секој облак на немоќниот и поклонет призор на дождлива силуета.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Зарем мислиш дека си нешто над мене ??? Тоа што ти си ме создала незначи дека ти ќе ме уништиш . Твојата нервоза мене не ми значи ништо, барем не сега. Твоите солзи на кој порано се плашев , на кој порано и јас плачев , сега ми се насмевка... Ти ме создаде мене Ѓаволу. Ти ме направи Демон. Сите оние пати кој ги прекрши ветувањата кршеше по еден дел од моето срце. Епа веќе тоа срце не постои , од твоите безбројни ветувања јас видов само капка вода создадена од солзата која толку бавно се тркалаше по моето лице.Се сеќаваш ли на сите оние пати кои не дозволуваше да дојдам до збор , да го исполнам она што се нарекува човечко право. Право на говор. Премолчуваш , но веќе не молчам , како ти се допаѓа тоа ? Зар е тоа изворот на твојата нервоза?? Ако е така,мило ми е . Веќе не ме интересира.За мене веќе се прекрши твојот облик на Господар. Ти си истото што и јас , разбираш ли ? Не си мој господар, не си мој претпоставен...Да не беше ти , немаше да бидам ни јас , ти си мојот создавач , благодарам. Но зар помисли дека тоа ти дава право да го контролираш мојот живот !?? Епа се излажа... Го немаш тоа право. Тоа право е само мое.
Сите тие дерења,нервози проследени со обиди да ме удриш завршија неуспешно овој пат . Веќе не сум мало дете ! Сега е време ти да ја осетиш таа болка , сега е време некој да се раздере право во твоето лице ! Осети ја болката, осети како е кога некој всушност ќе ти врати ! Не си сама на овој свет , јас не сум ти , јас сум човек, единка со свои морални вредности , со свое размислување , со свој карактер.
Ако неможеш да се соочиш со тоа , излези , знаеш каде е вратата. Само не пробувај да ме повредиш како што правеше до сега....Овој пат сум подготвен да одам до крај... Да го направам крајниот грев, бидејќи јас сум демонот кој ти го создаде , овој пат ќе те уништам......


До личноста која ме создаде....
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Алфа


Стојан го избегна прегледот на дебелото црево.Самата помисла дека буквално сето тоа може да заврши со некоја пластична ракавица на доктор во неговиот анус или евентуално црево од правосмукалка на истото место,беше незамислива за него.Целосно беше уверен во библискиот факт дека машкиот род не смее да биде допрен таму и дека тоа место служи само за екстракција.

Кога Стојан излезе од амбулантата,беше задоволен што со потпис го повлече барањето за преглед кој жена му го натера да го закаже.Им се јави на пријателите и ги однесе на частовка во локалната биртија.
Заглавија таму се до раните утрински часеви.Извртеа многу шовинистички муабети за тоа колку едниот од неговите пријатели би сакал да го валка својот пенис како колаче низ телото на пејачката во биртијата,колку другиот веќе и ја дал таа понуда кога и ставил пари у цицки,и како третиот негов пријател со ќотек ја натерал сопствената жена да и свари кафе на неговата швалерка.
Стојан уживаше во друштвото на своите пријатели и во целокупната циркулација на тостестерон која како мелем ги залечи раните во неговиот анус.Беше горд на себе.Остана маж и покрај болката и неможноста правилно да исфрли фецес.Остана верен на идеалот.

Излегоа од биртијата и се разделија,секој по својот пат.
Стојан не живееше блиску.Имаше долг пат до дома.
Не му беше проблем.Иако четириесет години му тежеа на грб,а и пијанството го замаглуваше,сепак младешката кондиција не го имаше напуштено.Полека тргна низ темнината,спремен да го искачи ридот кој го делеше од неговиот дом.
За неполн половина час,излезе од градот и почна да се доближува до пругата која стоеше како граница помеѓу неговата обскурна населба и светлината на градот.
Таму,на еден камен,кој го познаваше уште од младешките години кога тој ист камен им беше зборно место за екипирање него и на другарчињата пред да играат фудбал,здогледа фигура.Беше темно,ама Стојан беше сигурен дека некој човек,прилично голем,седи на тој камен и неподвижно го одмерува.
Сите сомнежи умреа кога виде дека фигурата се исправи,стана од каменот и почна да му се доближува.Наместо сомнеж во своите претпоставки,сега го облеа страв.Застана во место и почна да пребарува низ меморијата дали познава некој така висок и грамаден.Му проструија неколку лица низ глава,па тоа го утеши малку.Можеби тој негов познаник само сака да се поздрави со него.
Но,кога фигурата беше доволно блиску за да се одмери правилно,тој виде дека никогаш порано не го сретнал овој човек.Имаше долга црна брада,исто долга и црна коса.Очите му беа малициозни и мрачни,а гримасата на лицето успеа да ги исправи сите влакна на телото на Стојан.
Додека му текна дека треба да бега,човекот го зграпчи.Знаеше дека ова е крајот.Знаеше дека треба да се покае за гревовите,да бара прошка од сите на кои им згрешил,од сите кои ги разочарал.Ги затвори очите и го чекаше убодот или истрелот.
Почувствува силна болка.Ги отвори очите.Беше легнат на шините,а огромниот човек во црно лежеше над него.Инстинктот за борба се појави,но грамадниот убиец беше невозможно да се надвладее.
Стојан си помисли дека ќе биде врзан за шините за да возот ја заврши цела валкана работа.Самата помисла го извади од памет.Знаеше дека вака или онака,тој вечерва ќе умре.
Но,човекот во црно не извади никакво јаже.Наместо тоа,почна да ги соблекува панталоните на Стојан.
Стојан беше во недоумица.Што ли планира овој манијак?
Му стана јасно кога тој манијак го извади својот пенис.Равенката беше решена кога непознатото "x" беше голиот газ на Стојан,а непознатото "y"-извадениот пенис на манијакот во црно.
Стојан почна со сите сили да се бори.Преташе колку што можеше,се додека не почувствува како огромната рака на човекот го фати за глава и му ја удри еднаш силно од пругата.Се зашемети.Почувствува огромна болка во анусот.Одвај имаше сили да офка додека болката се повеќе и повеќе се зголемуваше.Солзи му течеа и се прелеваа со крвта која извираше од неговото чело.Неможеше да смета колку време беше силуван од овој човек,но низ целата таа магла,јасно слушна сирена на надоаѓачки воз.
Огромниот човек во црно се сепна и наеднаш стана.Додека си го средуваше појасот на панталоните,Стојан собра сили,се заврте и со цел бес кој можеше да го покаже,го шутна човекот по тестисите.Тој падна во непосредна близина на пругата.Стојан се довлечка до него и почна да му ја удира главата од пругата.За возврат доби тупаница во лице.Возот веќе беше во близина.Немилосрдната борба помеѓу предаторот и жртвата се одвиваше во полн тек,пред него,на пругата.Кога самиот воз веќе беше пред нив и ударот стана иминентен,и двајцата се свестија и почнаа да лазат на различни страни.
Возот закочи,а тие лежеа онесвестени,едниот на левата страна,другиот на десната страна од машината.

Стојан се разбуди во болнички кревет.Целиот преврзан и со игли во раката.Погледна наоколу и виде цвеќиња на масата веднаш до него.Го посетиле неговите.Му олесна.Битно е дека знаат каде е.Ама зошто е таму,беше сигурен дека немаат претстава.

Влезе болничарката.-"Добро утро,се разбудил некој"-му рече низ насмевка.Се обиде да и одговори,но набргу стана свесен дека може само да мрмори и нема енергија да изусти еден единствен збор.
-"Сте имале убав муабет со господинов на креветот до вас.Незнам зошто се тепате така крвнички,ама...има на кој да му објаснувате."

Господинот на креветот до него?Зборовите на болничарката го направија Стојан целосно свесен дека не се ни сврте да види дали има некој на креветот до него.Кога го направи тоа,го виде истиот лик кој му го направи тоа што му го направи.Грамадниот човек беше врзан низ голем дел од главата,но убаво можеше да се примети дека таму каде што има преврски,ги има баш поради рандевуто таа судбинска ноќ.Спиеше крвникот.Или беше во кома.
Му се насолзија очите и го зафати неверојатен бес и желба за убиство.Болничарката го праша што е проблемот,а тој иако сакаше да и одговори со мимики,во делот од секундата ја повлече таа идеја и остави место на една нова,поетски пооправдана.

Имаше посети тој ден.Му зборуваа луѓе,му плачеа,го прашуваа што се случило,му ставаа пенкала и листови во рака да им напише зошто,од каде....да им даде причина и отчет за неговата сегашна ситуација.Гордоста не му даваше да признае што му се случило.Го фрлаше пенкалото и одбиваше секаков обид на луѓето да извлечат нешто од него.
На крај,сите си заминаа,а тој остана сам со човекот,кој беше сеуште во кома,на креветот до него.
Сите светла се изгасија,дежурните доктори и болничарки се повлекоа во своите одаи да пијат кафе и да оргијашат...а Стојан тоа и го чекаше.
Ги извади иглите од раката,се одврза,ја зема перницата и полека почна да лази кон креветот каде лежеше човекот кој му ја зема машкоста.Кога стигна до таму,и покај нагонот да повраќа и гравитацијата која го тераше да се струполи,со сила на одмаздољубива хиена која штотуку го пронашла лавот кој се измочал на нејзина територија,ја стави перницата на главата на човекот.Стисна силно и ја држеше перницата некои пет минути.Ја тргна,му го провери пулсот...и кога виде дека нема пулс,воздивна и се онесвести.

После неговото опоравување,беше пратен на суд да одговара за тоа што го направи.Бараа од него да каже мотив,но тој упорно молчеше.Си ја поврати гордоста и машкоста и беше спремен да ги трпи последиците.
Го осудија на дваесет години затвор без право на условно.

Имаше цимер во ќелијата.Скинер.Кога за првпат влезе во ќелијата,со ќебе и чаршав во раце,големиот ќелав и истетовиран скинер скокна од двоспратниот кревет.
Се претстави како Адријан.
Го праша и Стојан како се вика.
Стојан му одговори.
Адријан му рече дека од денес па натаму тој не е веќе Стојан,туку Стојанка.
Стојан ја наведна главата.
 
Член од
14 февруари 2007
Мислења
108
Поени од реакции
13
Дворот кој го поседуваше беше сосема обичен, дури и западнат, зафрлен, изгризан од забот на времето, со железни и рѓосани порти, сува трева и овенати цветови. Разни раси на мачки кружеа наоколу, кои со нивните подли покрети ја правеа атмосферата уште поморничава. Меѓутоа, пумпата за вода даваше посебен шарм и некако ја ублажуваше целата слика на распаѓање и замирање. Глетката стануваше најатрактивана кога нејзините руси коси, секогаш исплетени, ќе надвиснеа над старата пумпа а таа со силните раце ќе почнеше да пумпа од водата. Кој и да поминеше во тој миг, застануваше барем за дел од секундата да поужива во магијата која ја нудеше моментот. Ни самата не беше свесна што е тоа што ги привлекува другите во нејзината работа, дури и се случуваше да избега , да се скрие и да плаче со саати кога некој минувач ќе почнеше буквално да зјапа во неа со блажена насмевка на лицето. Често помислуваше дека е некаков изрод, дека луѓето откако ќе ја видеа зборуваа и се смееа на нејзината глупост и нејзиниот изглед, чудните алишта кои ги носеше и косата која и даваше изглед небаре стара дама од 16ти век. Сето тоа го побиваше фактот што многумина додворувачи не само што ја викаа на прошетка, туку и по кратко време ја запросуваа. За неа и тоа изгледаше нереално и повтoроно предизвикуваше горчина и тага во неа, мислејќи дека луѓето не престануваат да се шегуваат со неа.

А веруваше само во нејзината пумпа која секој ден пушташе вода во разни бои, а таа само ги собираше боите и ги складираше во визбата, за подоцна да направи уште некое уметничко дело кое во целост ќе ги изрази нејзините чувства. Го сакаше вторник зошто тогаш водата имаше црвеникава боја, нејзината омилена боја од која ги правеше најубавите слики кои постоеа. Ни сама не знаеше зошто водата така менува бои, меѓутоа се зборуваше дека под дворот постојат бројни минерали кои придонесуваа да се случи тој феномен. Повеќе додворувачи ја посетуваа нејзината галерија, а таа со голема страст и жар им ги објаснуваше нејзините дела, гордеејќи се до небото и назад, иако скромноста во нејзиниот глас никогаш не се губеше. Но сите тие луѓе не ја слушаа, ја гледаа немо, восхитувајќи и се, ја дружеа и посакуваа барем за миг да им даде дел од неа, да ја почувствуваат и да не ја заборават никогаш. А само нејзината душа знаеше дека не може да им даде емоции и љубов никогаш. Се трудеше, ама никако да успее во тоа.
И пак секое утро почнуваше со својата работа и веќе година и пол знаеше дека во истото време ќе помине тој и знаеше и тоа многу добро дека нема да ја погледне ниту еднаш, а тоа болеше најмногу од се. Толку посакуваше барем еднаш да застане и тој, како и останатите, па макар и да се потсмева и да и пушти само една насмевка и таа веднаш би го повела во галеријта и би му покажала дека сите слики се за него и би му кажала дека за сите нив тој и бил инспирација. Некогаш ќе застанеше со некој додворувач, ќе се смееше гласно, ќе се трудеше да ужива во туѓото друштво, само тој да види дека и е убаво и без него, но џабе ни тоа не предизвикуваше реакција кај него. Никаков знак на желба и заинтересираност не се гледаше во неговите очи. Тоа ја убиваше, вистината која говореше од неговите постапки беше јасна како ден и оденкуваше во нејзината глава. “Тој не те сака, не те сакал, нема ни да те сака“... Имаше моменти кога ќе почнеше да ја привлекува некој додворувач и таа ќепочнеше да возвраќа на симпатиите, но сето тоа се губеше кога ќе го видеше него како смело и право оди по својот пат, невртејќи се никако. Го сакаше, го посакуваше, се би направила за него, а тој не знаеше дека и значи се, дека многу ноќи плачела за него, не знаеше дека тој беше нејзиниот свет, сакаше да му се извини дека не може да престане да мисли на него, дека не може да престане да се надева дека еден ден и тој ќе покаже интерес за неа и дека ќе заборави на неговата суровост барем за секунда и ќе и каже нешто мило и ќе и го растопи срцето.
Не можеше да се справи со болката и си замина. Се исели, ја остави пумпата, галеријата, остави се зад себе, освен него. Реши вечно да го носи со неа и да се сеќава на неговите чекори, груби, но најмили за неа. А откако таа се исели тој не помина повеќе крај нејзиниот двор.
 
С

Сатори

Гостин
Воздивна како некој да и ги пресекол сите победи во момент, прелесно е да им се предадеш на волците во ноќта, минеше тивко и болно спокојно низ главата.Бар да може да го врати моментот на воздивнувањето назад.
Полека ги кршеше прстите додека се обидуваше да го земе димот како што треба, длабоко, се до сржта.
Живот преполн со цинизам и воздржани екцеси, ладна пресметливост која што се топи како етерично масло и се впива во кожата.Повредува за да не биде повредена, наоѓа инспирација во деструктивноста на сопственото пропаѓање.Никогаш не се врзува.
Предадена, амбициозна, посветена!
Никогаш не била закана, тоа убедување на оправдувањето полека се лизга со паѓањето на гартерот и неглижето, едноставноста, убиствената потреба да не биде нечија, девојка, сопруга, мајка.Нечија жена, да.Со тоа го убива ризикот, никогаш не бара, никогаш не се јавува, никогаш не критикува, за возврат бара потполна слобода на дејствувањето, мислењето и доживувањето.
Различна плунка на лицето, во длабочината на усните, секоја вечер, нимфоманска потреба на вамб-снобизмот.
Секогаш, само за забава.
Водена од хедонизам, еротичност и основен инстинкт.Вистинскиот модел на современите фемботични модели кои што нажалост, се продаваат во секоја втора кинеска продавница.
Лоботомија на емоциите.
-Добро вечер, убавице, може да седнам?
-Секако.
-Јас сум Филип.
-Настасја, мило ми е.
 
С

Сатори

Гостин
Feathers

Никогаш не ги полеваше цвеќињата во нејзината градина, никогаш не ги бакнуваше, ниту ги мирисаше, само седеше во клацкалката и уживаше во нивната спокојна монотонија.
Понекогаш се појавуваа и малечките црни бубашваби за да и прават друштво во сликата со темни рабови и розови машнички, совршенството лежи во контрадикцијата.
Порцеланот секогаш сјае во темнината ... ооо зошто не ги полеваше цвеќињата девојката? :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Што го тера да се движи во круг начинот на кој што сме горе и доле
Ние сме мали детали што зјапаат во целото небо
Чуство за битка за да те направи остар
Сепак никој не е ист
Сите сме низ различни леќи
Бешиката ќе ја филтрира сета болка
И цревата имаат страни што не можеш да ги задржиш

Ти си ми се на мене
Ти си cobalt elemental

Нова лагуна за пет години од сега
Се што сакав е голем дел од твоето време
Овие денови кога облаците доаѓаат
Жештина се разлеа нема чад, без оган
Кршење на пејсажот
Во свет каде што учиме да бегаме
Невремето доаѓа
Но ние имамо дрво за горење
Тоа само дава
Секогаш ќе ти помогне да поминеш
Мојот мотор е со тебе
Килбурн и Калифорна
Те тераат да се запрашаш зошто е сето тоа
Нахрани ја тацната со лекцијата
Двасете и еден век
А туку што почнав да се движам
Времиња што растураат како отров на расположението
Деснкото светло доаѓа премногу брзо
Обвинувања и модринки на главата

Ти си ми се на мене
Ти си cobalt elemental

Заврзи ме со електрично јаже
Избањај ме во бахалинско вино
Ако јас со тебе одам до златните светови на вистинските крикови
И очи што го гледаат истиот базен
Ако не и истата вода
 
С

Сатори

Гостин
Време

Сите малечки коцкички полни сеќавања, мизерија и еуфорија, се фрагментираат во она што луѓето сакаат да го нарекуваат време.Отпадок што ни ја креира смислата на постоењето со своето постоење кое што се вплеткува во просторот само за да ни ја даде можноста да креираме и уништуваме во име на нешто што тече, стои, пропаѓа и повторно се раѓа во секундите.
Ако сакаме да ги броиме, да им дадеме значење, тогаш скоро да сме го совладале времето, да сме му го виделе крајот со доближувањето на нашиот крај или нов почеток.Сме го ослободиле со тоа што сме го измислиле.
Организираноста на човекот, животот со сите негови вкусови, традиционалноста, либералноста и вторник и четврток се подложни под невидливата материја затоа што се заробени и создадени од неа.Време, текот и непостоењето во еден поим, една димензија.
За мене, времето постои само кога тој е далеку од просторот.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Тела обликувани со мермерна совршеност, тела кои зад себе оставаат предизвикувачка блескава трага.
Мали, искривени и краткотрајни збиднувања со сопствена душа и правец, кои се инаетат со разумот кој ги моли да не излегуваат надвор,
за на крај се разбира,
неконтролирано излевајќи се,
секому да ја откријат локацијата на засрамената мизерија.
Незасладен порој од исецкан дожд, дебели парчиња вода спакувани во проѕирна хартија.
со тресок се распрснуваат врз површината на силуваната душа, за да го надвијат нејзиниот тап писок.
со виножитни блесоци се обидуваат да го украсат силуваното тело, за да го одвлечат вниманието од модринката.
Сесодржаен есеј за симболиката на претходната генерација,
Цврста основа за предвидување на составот на пакетот од иднината.
Во себе носат само еден звучен збор, но ги движи магијата на многу други.
Диво и бесшумно се лизгаат тие капки од црни токсини, крв, разбушавен дожд, прва утринска роса, скапоцени ликвидни прашинки од шишенце парфем.
..солзи.
[FONT=&quot]

[/FONT]
 

Kajgana Shop

На врв Bottom