С
Сатори
Гостин
Ладнокрвност на тацна
Додека танцуваат сомнежите на прозорецот во спалната соба, слушам шумови далеку во позадината, нечии малечки ножиња прават бука.Никогаш не го осмислив филмот со малечки ножиња во позадина, бар, целиот свој живот се надевав на нивното непостоење.
Ништо никогаш не е доволно добро и совршено за да може да го задоволи гладот на оние пластични дами кои што се најубавата проекција на филмското платно.Иконите на кои што понекогаш сакаме да им се поклонуваме додека нечии шумови не уништуваат свесно и потсвесно.
Потполна, тивка ликвидација.
Јас ја немам таа можност, да слушам нечии чекори и малечки слатки шеги, суровата и рационална страна од мене ужива во комплетната ладнокрвност која што може да се сретне на патот кон достигнувањето.Ќе беше жалосно да бев во средните години и со два пропаднати брака зад мене, но хеј, сеуште сум премногу млада за да бидам само уште една „затегната“ девојка упс жена на асфалтот.
Огроченоста е првиот стадиум кон прифаќањето.
Само што ги убив моите малечки ножиња, или, веќе беа убиени?