Lanna
Taller, Stronger, Better
- Член од
- 30 септември 2008
- Мислења
- 550
- Поени од реакции
- 165
Само ние бевме во темнината и темнината беше во нас...Притаени, а немирни и гласни.
Во почетокот бевме само ние. И потоа, нашите треперења во нокта ги разбудија сите ангели и демони кои го нарушуваа спокојот во годините низ кои јас и ти заедно растевме, созревавме, се сакавме...
Ти се восхитувам на силата со која ги примаш моите удари и ги претвараш во пепел. Ми го нудиш најнежниот допир, а јас го отфрлам како да е најголемото губре. Тогаш почнувам со старите срања за гордоста и достоинството, а ти ми возвракаш со идеалот за љубовта и простувањето.
Те мразам заради големината на твојата личност, заради тој дел од тебе, во тебе, кој успеал да собере толку многу љубов, а да не препукне. Се срамам зошто не се срамам заради работите кои и покрај ваквото сознание продолжувам да ги правам... и јас од љубов ама не кон тебе...
Се извалкавме себеси во желбата да останеме најчисти. Трагајќи по најголемата срека се изгубивме самите себе. Ниту еден збор на крајот од уште еден ден поминат во залудни објаснувања нема да ја намали болката од пролонгираното страдање. И се што не можам да изустам на крајот на уште еден ден е да не се обидуваш да ме задржиш кога веќе одамна си замижал на моментот кога престанав да ти припаѓам. И тоа заради љубов...ама не кон тебе...
Се затвара уште една кутија на работ на темнината која е со нас и во нас. И повторно многу работи ќе останат надвор од таа кутија... мојата омраза кон твојата љубов, мојот срам заради моето несрамење, мојот восхит на силината на твојата љубов, мојата љубов, ама не кон тебе...
Во почетокот бевме само ние... А потоа дојдоа и другите - сите духови на патот на среќата кои ми даваа храброст, со овие зборови кои ќе ги читаат многу други кои не си ти, да го скратам и твоето и моето мачење. Затоа безвредена е било која реченица со која ќе завршам уште еден монотон ден зошто јас не пишувам поради желбата да си олеснам себеси, туку поради надежта дека токму ТИ ќе читаш...
Пишував со љубов... ама не кон тебе...