Чекоревме по патеката на животот како најјаки, најподготвени да се бориме против целиот свет.Она што го чувствувавме еден за друг, нашите чувства, ни даваа сила да продолжиме понатаму.Го делевме секое добро и лошо. заедно поминавме мигови на среќа и тага, нанаспани ноќи, лутајќи до зори.Ноќите ми ги исполнуваше со страст, успивајќи ме со твоите нежни бакнежи.Прекрасно е чуството кога се будам во твоите прегратки.Таа хемија што не врзува ме направи само твоја, и ничија друга.Стана сопственик на секое мое чувство, нежност, мисла...
Заслепена од страст и љубов, не знаев дека стоиме на ивицата, на крајот.Зошто ја снема љубовта во твоите очи?Твојата недоверба ја уништи сета љубов во тебе, и те отру со гнев и омраза, не турна од височините на љубовта, не надвладеа и скрши.Се се сруши одеднаш!Станав црна точка во твојот живот и товар кој се трудиш да го уништиш.Чекорам пред тебе како сенка, гледајќи како времето те менува на лошо, а јас немоќна да го поправам сето тоа.Ме боли ова чувство во градиве и љубов која не можеше да ја почувствуваш.Залуден беше трудот, докажувајќи ти ја мојата искрена љубов. Зарем оваа тага и потреба да те видам, допрам, почувствувам на кожава не се доказ дека ми требаш? Зарем оваа болка по тебе, не е доказ дека те сакам?
Зарем овој нечуен плач на моето срце, не е доказ дека си единствен за мене? Ми недостигаш!...ечи тоа во мене низ празнината и кршот на мојата душа.Ги поминувам најболните моменти во мојот живот, ноќи во несоница и немири во душав, те нема, тешко ми е....
Секојдневно се повеќе и повеќе полудувам, те барам, ми требаш, а тебе те нема...
И, еве измина уште еден осамен и тажен ден, часовите бавно минуваат, а од тебе ни глас, ни трага...те нема.Ноќ е и веќе ги пушта првите ѕвезди од своите скриени одаи, да ја започнат својата игра низ темното небо. Се е толку мирно и тивко, го слушам само црцорот на штурците, како целиот свет да потонал во длабочините на соништата.Сама сум во мислите за тебе, а во мојата душа се е срушено.Нема повеќе надеж за нас, време е да продолжам без тебе и да те заборавам.Ти си само минато од мојот живот, спомените ме враќаат до тебе...
Тешко ми е!Се борам со самотијата, со тагата и со оваа неизлечлива болест - депресијата.Те замислувам покрај себе како некогаш, кога бегавме од реалноста и се криевме од сите други за да бидеме сами и да уживаме во секој миг заедно.Те чувствувам иако те нема, ти си во сите пори на моево тело, низ моите вени сеуште течеш...Времето немилосно поминува, не се враќа, остануваме само јас и ти во мојата фантазија, прегазени од судбината.Наскоро се ќе стане ладно и далечно, а љубовта мирно ќе затаи. Ќе исчезнат сите страсти и чувства. Од нив ќе нема ни трага. Допирите ќе испарат од мојата кожа, а бакежите ќе станат заборав.Минатото ќе чекори како сенка низ животот, додека иднината е толку далечна, недофатлива и невозможна. Останува само онаа лузна на срцето, трага на усните и бледо сеќавање...