Еве нешо патетично и од мене.. од пред 2-3 години.. Андроник, се сеќаваш?! Леле.. срамотилаци.. ама имаше добар фидбек
пред да читете, палома обавезно.. не е офчарон смешен само, море
(објавено беше на Багра)
Искра на сеќавање
Сте поминале ли покрај раскрсницата меѓу Партизанска и Рузвелтова? Место кое сите го знаат по колпортерите кои во секое време од денот се на работа... но и по многуте просјаци. Луѓе кои маката ги натерала да молат за корка леб.
Секое поминување покрај таа раскрсница ме натажува. Ме потсеќа на една судбина, една тажна судбина, судбината на малиот човек кој сите го знаеја како Саше.
Саше беше едно оние деца родени на улица. Беше од ромско семејство. Всушност и не се викаше Саше, но така го викаа. Целиот свој живот не го дозна роденото име.
Мајка му кога го родила го користела како средство за работа. Го терала бебето да плаче за да и се смилостиват минувачите. Така успевала да измоли по некоја монета за леб.
Како што растеше Саше, така сите почнаа да забележуваат дека беше поинаков од другите деца. Физички беше послаб; на 5 години сеуште изгледаше како бебе. Зборуваше забавено и понекогаш бесмислено. Немаше сомнеж: Саше имаше пречки во развојот. Беше ментално ретардиран.
Но тоа не го правеше помалку вреден од другите. Тој сеуште го имаше најнежниот поглед на светoв. Неговите крупни очи ѕиркаа како два костена од слабичкото лице. Неговата насмевка беше највеселото нешто што сум го видел.
Саше знаеше и да пее. Кога се собираше целото семејство навечер под дрвјата, сите се расплакуваа кога малиот славеј ќе ја запееше Едерлези.
Дојде времето кога сите негови врсници се запишуваа во училиште. Знаејќи го проблемот на своето дете, родителите на Саше рeшија да го институционализираат. Но, тие беа Роми и немаа воопшто средства и сите врати за нив беа затворени.
Немајќи друг избор, решија да го препуштат Саше сам на себе. Го оставија на раскрсницата на која просеа. Заминаа дома, а Саше не можеше да го најде патот. Следното утро семејството не се врати. Воопшто не се вратија, никогаш. Саше не можеше тоа да го разбере, мислеше дека така треба да биде.
Неколку дена по ред просеше сам, но не знаеше што да прави со парите. Спиеше покрај дрвјата. Беше прегладнет и исцрпен. Да не се најдеше еден милостив човек во близина, Саше немаше да преживее.
Тоа беше продавачот во книжарницата. Секој ден поминуваше покрај местото каде што Саше спиеше. Го гледаше детето препуштено само на себе. Отпрвин го игнорираше, но еден ден се сожали. Го зеде со себе. Му купи чоколадо. Никогаш Саше немаше пробано чоколадо. Иако отпрвин му се слоши, подоцна си побара уште едно. Не знаеше повеќе од две-три фрази на македонски, па комуницираше со мимики. Но беше впечатливо дека не е како другите деца. Сепак, тој беше мило и нежно дете, кое сакаше да си игра како и другите. Зема еден балон од книжарницата и го галеше. Го милуваше како да е нешто најсвето. Два часа не се оттргна од него. Од време на време му се насолзуваа очите, но потоа се смешкаше како ништо да не му е. Во себе страдаше, но не знаеше да тагува. Саше беше најведрото дете кое го имав видено.
Продавачот беше вчудоневиден кога го чу како пее. Одеднаш Саше ја запеа Едерлези, единствената песна што ја знаеше. Кога пееше не забавуваше со гласот. Воопшто не делуваше како ретардирано момче. Напротив, тоа беше милозвучно пеење. Пеење кое би омекнало и срце од камен, пеење кое би го пленило и најнамуртениот човек на светот.
Саше во себе имаше позитивна енергија. Имаше голема и добра душа. Наместо да бега од кучињата тој ги галеше; наместо да се срами од луѓето кои му даваа пари кога просеше, тој ги гушкаше силно и со многу љубов. Да, не ги разбираше работите, но имаше чиста и невина душа.
Попладнето за првпат се возеше во автомобил - продавачот го носеше дома. Како само го лепеше лицето на прозорот... Се радуваше на се што ќе видеше - автобусите, велосипедите, продавниците, семафорите. Едноставно ги сакаше работите такви како што се. Во неговото срце имаше повеќе љубов отколку во било кое друго.
Кога стасаа кај продавачот дома, Саше за првпат виде телевизија. Не можеше да престане да се смее. Му се смееше на телевизорот, и се смееше на тоалетната школка, му се смееше на огледалото.
Продавачот живееше сам. Не му пречеше привремениот гостин. Откако го избања и преоблече, му даде на Саше да јаде. Се шлапкаше во манџата и цело време се смееше. Приредуваше смешки на кои никој не би останал рамнодушен.
Следниот ден беше сабота. Затоа продавачот се реши да го одведе Саше на игралиштето да игра со другите деца. Некои беа поголеми од него, некои помали, но сите го прифатија. Сите се смееја кога тој главечки паѓаше од клацкалката. И тој се смееше со нив, и пак се качуваше.
И саботата помина во одлично расположение.
Во неделата продавачот се реши пак да го одведе Саше на игралиштето. Додека Саше играше со децата, продавачот замислено седеше на клупата. Разислуваше. Знаеше дека не може да го задржи детето. Така замислен на клупата седеше се додека не се стемни. Дури по некое време се освести дека е доцна и треба да оди дома. Го побара Саше но него го немаше...
Во меѓувреме две момчиња, значително поголеми од Саше дојдоа на игралиштето. Почнаа да го исмејуваат заради неговото однесување. Го навредуваа и задеваа. Додека продавашот седеше замислен на клупата, тие го беа одвлекле Саше далеку од игралиштето, позади некои гаражи. Тој не знаеше што се случува и непрестајно се смешкаше. Одеднаш, едното од момчињата го зграпчи, а другото го удри во лицето. Насмевката исчезна, а од очите почнаа да извираат солзи... Потоа момчињата го расоблекоа. Го легнаа така полугол на земја и непрестајно го клоцаа. Врисоците кои ги испушташе Саше како да не постоеја за луѓето од зградите. И кога веќе престана да пружа отпор, едното од момчињата започна да го силува. Ситното тело на Саше веќе беше изнемоштено. Не можеше ништо да направи. Кога едното момче заврши, на ред дојде другото. Цели два часа се менуваа. Саше веќе беше паднал во несвест. Вечерта двете момчиња неговото тело го фрлија во грмушките и со смеење и задоволни лица си отидоа дома.
По некое време, во најдоцните часови, улиците беа пусти. Само еден човек избезумено трчаше насекаде. Тоа беше продавачот кој го бараше Саше. Случајно го забележа во грмушката... од таа глетка се вџаши.
Парталавата облека го покриваше малото тело. Саше се тресеше. Неговото лице беше облеано во крв, но кога го виде продавачот собра сили да се насмевне. Продавачот со насолзени раце го зема во раце. Го погали по разбушавената коса и проба да го утеши. Тогаш, од немоќното грло се слушна мелодијата на Едерлези. Саше за последен пат пееше. Чиниш неговата песна сеуште се слуша...
Додека продавачот го носеше во раце, песната полека замираше. Саше испушташе здив. Кога продавачот стигна дома, го положи безживотното тело на Саше на подот, седна покрај него и заплака. Само тоа му преостануваше...
Кога поминувам покрај раскрсницата меѓу Партизанска и Рузвелтова ми се насолзуваат очите. Сега знаете зошто.