Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Патување со себе си
Кој ли може да го сопре она чудно создавање, собирање и наталожување на некој вид подготовка за нешто крајно? Што може да те предизвика толку многу, па ти да прекинеш да се надеваш дека некогаш ќе сакаш да застане големата стрелка и да не мрдне никогаш веќе? Отчукувањето кое почнало уште одамна, кое никој не почувствувал дека постои, зар може да ја испречи својата рака пред вистината? Дали би можел ти да се погледнеш во ситната капка која додека паѓала се замрзнала и не ја допрела земјата со својот првобитен вид? Е таа капка е она што ти го сакаш, таа е она што ти е потребно, таа може да ти ја исполни душичката до степен на презаситување. Обиди се да го најдеш во нејзе одразот на твоето стуткано лице од грч.
Песната ја слушаш, тивко си потпевнува некој глас кој веќе не сакаш да го слушаш и мислиш дека цел свет ги чувствува тоновите. Вриснуваш тивко во себе, криеш што сакала да ти каже, не сакаш да ти биде одземена пред да ти е предадена на црвено перниче свечено играта на ветрот кој ја гали косата додека лежи мирно на рамењата. Што може да ти се случи? Што?
И добро. Ќе се најдеш во некој лавиринт кој сам си го создаваш, кој е твоја креација, кој е твое дело, твое милениче, твој свет од кој не сакаш да излезеш и да излезе. Секогаш фрлаш трошки за да не го заборавиш патот за надвор, но никогаш не ти успева да ги испуштиш од рака трошките. Замисла имаш, имаш нешто што мислиш дека ќе те врати, ќе те остави да бидеш онаму, да дојдеш до точката скриена длабоко во твојата желба и пред да ја имаш.
Интересно е тоа што свесно стапнуваш на црната линија на почетокот на тунелот, ги знаеш ризиците и знаеш колку треба да ти е темно пред очите додека стигнеш до светлоста на која и е сеедно дали ќе ја погледнеш. И што ако направиш уште еден чекор? Ќе се најдеш сам, ќе навикнеш на таа глувотија и нема да сакаш да си одиш од таму. Е тогаш што ќе остане од ситната надеж за подигнување на убавото во душата, што ќе остане од создадената носталгична слика која чека да биде допрена со рака? Сеедно? За кого добиено, а за кого оставено? Полека ќе сфаќаш дека не може да се исклучува светлината која никогаш не ни била пуштена затоа што постоела отсекогаш за да потсетува што сме. Што добиваш во тунелот? Денови и денови себеизмачување додека се трудиш да го најдеш патот до светлината. Ќе ти се плеткаат нозете, ќе трчаш како обезглавен, ќе се судруваш со ѕидовите, ќе паѓаш, крвава пот ќе те облева затоа што ќе ти текне на топлината која си ја добивал, а сега ја немаш. Солзите ќе ги туркаш најдлабоко во душата за да не го чуеш ехото од сопствените воздишки и липање додека се трудиш да ја потсмириш душата, ќе сакаш да скриеш што не може да биде скриено, ќе посакуваш да дојде некој со фенерче и да ти помогне да се извлечеш од таа твоја зандана. Но, дали воопшто, дали барем светулка ќе пролета пред твоите очите и за миг ќе ти измами надеж дека има спас? Можеби. Не знам дали ќе дојде, не знам дали ќе продолжи да го бара оној кој не знае самата дека свесно навлегол во својот тунел, во тунел кој си го присвоил, си го направил скромно живеалиште, сопствен дом.
Исправи се конечно, излези од сопствената кожа, разголи го сопственото лице кое се обидува да светне во мракот, дај им слобода на мислите. Почни да разговараш со нејзината убост, со нејзиното сонливо лице кое го трие со рацете за да сфати дали сето тоа е сон или јаве. Обиди се да допреш до најдлабокиот извор на нејзиниот немир, асфалтирај го патот до нејзиниот вечен сон, испружи ја раката до сопствениот судир со реалното, прифати го солзливиот поглед и сети се на трепкањето на очите. Погледни ги трепките, на нив натежнале бистри капки како бисери, заматеното дозволи да стане најчист бран кој стоплува душа додека се движиш по брчките на загриженото чело.
Помогни, помогни си. Премини со рака преку челото, избриши ја сувата вода и почни да создаваш патеки по кои ќе зачекориш со испружени раце, по кои самиот ќе сакаш да забрзаш од, па да почнеш да трчаш и никогаш да не застанеш. Нема да се сопнеш, само храбро!
Јас? Повторно од страна посматрам, немам дозвола за повеќе. Останувам со поглед кој моли да прекине се, кој бара да биде изправено челото, да биде прекинат поројот, да е задоволена сласта од трпезата на животецот.
I feel blue.