Huzzy Gurl
Animal Lover
- Член од
- 14 септември 2008
- Мислења
- 307
- Поени од реакции
- 128
Јас имав една нездрава случка со нездрава продавачка лани. Влегов во 10 бутици и не можев на мира да разгледам што ми треба заради продавачките, ми се буткаат ми нудат работи што не ми требат и не ми се допагат. И веке изнервирана излегувам од еден бутик и одам накај следен и си велам овој ке биде последен за денеска . И уште не бев влезела во бутикот одма двете продавачки " што ке треба за вас, за што сте дојдени, имаме нова роба донесено вчера" . Јас дури на момент се исплашив бидејки одеднаш двете накај мене! И јас само одговорив "сакам само да разгледам што имате. Може ли??" И они со кисели фаци се погледнаа некако демек грубо изреагирав викат ок. Разгледав што имат и фрлив око на еден фустан од излогот и им велам дали ке можат да ми го покажат. И едната како пушка одма " епа нели ние те прашавме ШО сакаш и ШО ти треба ние затоа сме тука а не да кажуваш оти сакаш само да разгледуваш" Јас останав со подзината уста и ми дојде нервоза од петите до главата и и викам " не ми треба ништо, барем не од тука " и си излегов и си отидов дома изнервирана и ништо не си купив. Од овој случај никогаш повеке не влегов во таа продавница ниту пак ке влезам некојпат, овој пример го кажувам кај ке стигнам за двете искомплексирани продавачки и бутикот во кој работат што немат појма што е пред се лична култура а после услуга на муштерија.