Најмногу ме нервира кога влегувам в продавница а они намуртени ко да сум им убил некој од фамилија. Викам добар ден, од другата страна ништо, прашувам нешто, од другата страна ете таму најди си ги, викам пријатно,пак од другата страна ништо. Мислам знам дека се среќаваат со секакви луѓе и напорни и досадни и намќори, ама барем упати една насмевка кога веќе ти упатувам јас. Па и ние сме луѓе, можеби и нас денот ни била тапа, па уште згора на тоа треба да одиш до продавница да пазариш. И мене ми било скиснато некогаш па сум била културна. Значи тоа барам, не мора да се однесуваат кон мене којзнае како, ама барем да бидат културни. Има една нонстоп таква, никаква, додуша таму сите се никакви. Гужва има таму постојано. Ама оваа типката толку влага у филм што еднаш почна да драматизира. Демек главата не знае кај и е...почна да се дере КРЕНЕТЕ ГО ТОЈ ТЕЛЕФОНОТ ДА МУ СЕ МОЧАМ! А тука муштерии еден куп, празните пластични чаши почна да летаат на главите на муштериите, кусурот кај треба да го чекаш 5 саата, туку и од земја треба да го собираш. Дебили бе, дебили! Ако им било скурчено денот, онда не сме ние криви. Исто како што ако мене ми се скурчено, не ми е таа крива. Друго што мразам се коментари од типот: Ааа тие фармерки се скапи, не се за тебе. МОЛАМ? Па од кај знаеш бре ти колку пари имам јас и што можам да си дозволам? А од друга страна има и купувачи кои се удав. Еден и вика на касиерката - дај од тие жилетите. И оваа му подава. Ама не се вакви, не не не се вакви. И сеа шо да праам јас а? Сеа кај да барам такви? Што да праам јас сеа? Абе оди еби си векот, таа треба да знае што да правиш ти? Од двете страна има и лоши и добри примери.