Пристигна iPhone 4!

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.199
Поени од реакции
34.433
Со освежен физички изглед, "ослабен" за дури 25% од претходната верзија, набилдан со две камери (од кои едната снима во HD формат), блиц, двојно поголема резолуција и нов софтвер кој поддржува "мултитаскинг" - пристигна четвртата генерација на Apple iPhone!


Како што веќе најавивме пред повеќе од месец дена, новиот iPhone е претставен точно на предвидениот датум. Конечно, молитвите на приврзаниците на Apple култот се остварени. iPhone како што требаше да изгледа уште од првото претставување во јавноста. Со сите модерни "салтанати" кои корисниците толку долго ги посакуваа.


Станува збор за најтенкиот (9,3mm) паметен телефон на светот со досега најголем дизајнерски исчекор во однос на претходните генерации на овој уред. Физичкиот дизајн е речиси идентичен со веќе објавениот "украден" уред кој беше "пронајден" од уредникот на Gizmodo.


Куќиштето на телефонот е сега од цврст нерѓосувачки чели и служи како антена на уредот. Дисплејот е со иста дијагонала (3,5 инчи, IPS матрица), но затоа има четири пати поголема густина (326 пиксели по инч), или маркетиншки кажано - ретина дисплеј.

Екранот со резолуција од 960 x 640 пиксели и контраст од 800:1 прикажува значително поквалитетна слика и текст од неговите претходници, а Apple смета дека IPS и понатаму е подобро решение од OLED екраните. Хардверски, уредот очекувано се базира на новиот A4 процесор, кој е веќе виден во iPad и воопшто не се сомневаме дека на помалиот брат iPhone ќе му даде повеќе од одлични перформанси.


Причината поради која во новиот iPhone се користи micro-SIM картичка наводно лежи во поголемиот процесор, но и капацитетната батерија која нуди по 10 часа гледање на видео и сурфање на WiFi, седум часа 3G разговори и 40 часа слушање на музика.


Позадинската камера сега располага со LED блиц за "колку-толку" да видите што фотографирате во темница, а додаден е и жироскоп со 3 оски со што уредот сега е способен да го почувствува движењето на сите 6 страни. Ова сигурно ќе го поттикне развојот на уште повеќе нови и интересни апликации и игри кои ќе го искористат целиот капацитет на моќниот хардвер на новиот iPhone.


Максималниот капацитет и понатаму останува 32GB. Позитивна промена е и промената на главната камера на уредот, која сега е 5-мегапикселна, со 4x дигитален зум и позадинско-илуминиран сензор кој овозможува снимање на HD видео материјал со 720p и 30 фрејмови во секунда.


М.Л. | Кајгана
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Нема што, удрија таму каде што највеќе им "јадеа гомна" другите.
Побрзо процесор (најбрз во телефон), највисока резолуција и ваљда чистина на слика/контраст, јака камера (иако треба да се потврди ова, авто-фокус и квалитет на леќа - во туторијалот за видео-снимање вели дека има тач-фокус што значи има и автофокус веројатно), жироскоп (ви текнува на филмот со тенкот :devil3:) и појака батерија.

Апликациите ги има, софтверот го има, ни ха-те-це ни нокиа срањата од телефони веќе не може да му се фатат.
Само интересно е како ги колат Американциве, со AT&T иде две-годишен договор, а на секоја година излегува нова верзија од iPhone-ов. Money money money. :)

П.с. Face-time бара Wi-Fi?!
Значи ќе иде бесплатно преку интернет, видео разговори без пари?
Ау, не сум сигурен што AT&T ќе имаат да кажат за ова. :devil3:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.915
Е ова е тоа што сите сакаа да го добијат кога излезе првиот iPhone. Не ми е јасно само, како следните 2 телефона не го содржеа ова? :nesum:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Е ова е тоа што сите сакаа да го добијат кога излезе првиот iPhone. Не ми е јасно само, како следните 2 телефона не го содржеа ова? :nesum:
Ако предходниците го имаа сето ова што ќе имаше овај модел? Тоа си е се маркетинг и им успева. Гледам на ебау веќе има за пре ордер 39 000 денари
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Во Македонија доаѓа некаде на крајот на Јули месец, почетокот на Август.

BTW - Why Apple wins, and others fail. Click!

 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Во Македонија доаѓа некаде на крајот на Јули месец, почетокот на Август.
Јас повеќе типувам на последната група, во Септември... Колку што јас знам, нема никаква официјална информација за кога ќе се појави во Македонија.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
За овој не жалам пари дефинитивно...
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
у пакет со Ајпадот го зиам за 15тина дена.
ко што кажаа, 2џи требаше се ова да го содржи, но секако намерно се прави вака, како и да е Нокиа,Хтц,Блекбери... се сеуште историски назад.
добра работа за Џобс, можеби време е и Мајкрософт да се внурнат во телефонијата.
 
P

Princ

Гостин
Чудо големо колку ајфон љубители има.
Големата штикла ајфонов. Имал *видео повици*, вау!

Со Андроник преку два месеца се дудламе на Nokia Е52 преку бесплатен видео повик. Ама ете, Џобс вика дека тоа е закон, и сите по него сега. Ко да заборавате дека до пред малку MMS не можеше да пратиш од ајфон, видео не можеш(е, ваљда уште е така) да снимиш. Џобс одредува точно како ќе го користите вашиот скапо платен мобилен телефон.

За на крај, освен дисплејот (кој ќе треба да го видиме во пракса, не верувам ич на Џобс) ништо друго револуционерно нема во ајфонов. А тој, рака на срце, мислам дека не вреди 1000 евра. Барем за мене не. За вас?

П.с. Face-time бара Wi-Fi?!
Значи ќе иде бесплатно преку интернет, видео разговори без пари?
Да, нешто што Fring на Nokia, Android и на незнам кој друг OS (на овие два лично имам тестирано) го може месеци уназад. Ама кажи, јако, револуционерно. Џобс вели така.
Дали првата верзија на iOS 4 ќе поддржува телефонски повици, или тоа накнадно ќе се додаде во iPhone 5, ако Џобс аминува? :tv:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Чудо големо колку ајфон љубители има.
Големата штикла ајфонов. Имал *видео повици*, вау!

Со Андроник преку два месеца се дудламе на Nokia Е52 преку бесплатен видео повик. Ама ете, Џобс вика дека тоа е закон, и сите по него сега. Ко да заборавате дека до пред малку MMS не можеше да пратиш од ајфон, видео не можеш(е, ваљда уште е така) да снимиш. Џобс одредува точно како ќе го користите вашиот скапо платен мобилен телефон.

За на крај, освен дисплејот (кој ќе треба да го видиме во пракса, не верувам ич на Џобс) ништо друго револуционерно нема во ајфонов. А тој, рака на срце, мислам дека не вреди 1000 евра. Барем за мене не. За вас?


Да, нешто што Fring на Nokia, Android и на незнам кој друг OS (на овие два лично имам тестирано) го може месеци уназад. Ама кажи, јако, револуционерно. Џобс вели така.
Дали првата верзија на iOS 4 ќе поддржува телефонски повици, или тоа накнадно ќе се додаде во iPhone 5, ако Џобс аминува? :tv:
Сакав хејтерски пост, ама досега ајфонот само ме импресионираше.
Во 2006та го ругав на блог, викав дека Сони и Нокиа не се будали што не направиле досега ваков телефон, па Ејпл ќе им прави сеа...Дека без тестатура не се живее и слични тролања. Али, ме исконтраа максимално.

Е сега, за овој вака ми иде да хејтам:

1. Жироскоп. Интересна играчка, ама се плашам дали ќе најде некаква корисна примена. Пазете, на презентациските слики имаат ставено рејсинг игра, ако тоа е највеќе што може Ејпл да смисли, преку курац.
2. Видео повиците. Многу ми беше смешен дебелкото на видеото....се радува ко мало дете на ВИДЕО-ПОВИК. Чекај бе, нели тоа уште мојот стар p990i го можеше? :)
3. Ова е ајфон 2010. Лани беше 2009, предтоа 2008 и 2007. Идната година ќе има 2011. Па 2012. Што значи иако ова се звучи примамливо, дали можеби можеле уште повеќе работи да вметнат, ама ги изоставиле?

И аман, не знам што се радуваат луѓето на мулти-таскинг, срамота е да се презентира тоа ко ОПЦИЈА АУ ВАУ, треба да е нечујна надградба за да си го скријат срамот.

И Принц, Андроид за 2 години ќе го надмине ова чудо од оперативен, со апликации и можности. Али засега, цар е, нема што. :)
 
P

Princ

Гостин
На жироскопот тури му пепелта. Практична примена има = нула.
Тоа е додадено колку да се покрие нешто што го нема/не работи ко што треба, па исто ко да го нема.
Читам коментари кои имаат смисла за жироскопов, и многу јако објаснуваат луѓето. На контролор за wii има смисла да има жироскоп бидејќи контролорот го држиш во рака и го мрдаш, а телевизорот е пред тебе, фиксиран. Кој ѓаол ќе го правиш бе тоа на нешто со големина од 3.5 инчи??? Мрдај го 6 пати (нели у правци да го поминеш) и пробај да ги држиш фиксирани очите на телефонот. Има да се онесвестиш ко труп.

Останатото се е глупо. Видео повици (антика), мултитаскинг (антика), затворен ос (антика)... све е старо, само Џобс го претставува како "first". Жими патикава фрст. И ќе има пуно негативности, се кладам во 500 евра. Негативности у стилу на 3Г-то, нема ммс, нема праќање фајлови, нема снимање на видео бе!!!!!!! (мораш да го џејлбрејкуваш за да снимаш е***и видеа, со твојот мобилен, кој има видео камера!!!).

Да не биде дека само хејтам. Новиов ајфон има убав изглед, и убав дисплеј. Ама сепак тие две работи јас мислам дека не вредат преку 500 евра. Останатите, си знаете за вас.

Патем, во секое време би примил на поклон iPhone 4. За да го продадам и да земам уште еден HTC Desire, резерва, да ми се најде :devil3:
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе убаво си викаат, еднаш смена се сега пофторно.

Мене ми е уште смешно кога хтц самсунг нокиа со секој свој издаден модел викаат ипхоне киллер. А нокиа колку ваѓа по 50 модели? Ајфон си ваќаат 1 модел годишно и знаеш дека е само тој. Не јас ќе дадам 40 000 за ХТЦ и за 2 месеци да излези нов модел овај што сум го купил да падне на 20 000, а после 4 месеци да го снема телефонот и никој ништо да не знае за него!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom