Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.205
- Поени од реакции
- 34.441
Со освежен физички изглед, "ослабен" за дури 25% од претходната верзија, набилдан со две камери (од кои едната снима во HD формат), блиц, двојно поголема резолуција и нов софтвер кој поддржува "мултитаскинг" - пристигна четвртата генерација на Apple iPhone!
Како што веќе најавивме пред повеќе од месец дена, новиот iPhone е претставен точно на предвидениот датум. Конечно, молитвите на приврзаниците на Apple култот се остварени. iPhone како што требаше да изгледа уште од првото претставување во јавноста. Со сите модерни "салтанати" кои корисниците толку долго ги посакуваа.
Станува збор за најтенкиот (9,3mm) паметен телефон на светот со досега најголем дизајнерски исчекор во однос на претходните генерации на овој уред. Физичкиот дизајн е речиси идентичен со веќе објавениот "украден" уред кој беше "пронајден" од уредникот на Gizmodo.
Куќиштето на телефонот е сега од цврст нерѓосувачки чели и служи како антена на уредот. Дисплејот е со иста дијагонала (3,5 инчи, IPS матрица), но затоа има четири пати поголема густина (326 пиксели по инч), или маркетиншки кажано - ретина дисплеј.
Екранот со резолуција од 960 x 640 пиксели и контраст од 800:1 прикажува значително поквалитетна слика и текст од неговите претходници, а Apple смета дека IPS и понатаму е подобро решение од OLED екраните. Хардверски, уредот очекувано се базира на новиот A4 процесор, кој е веќе виден во iPad и воопшто не се сомневаме дека на помалиот брат iPhone ќе му даде повеќе од одлични перформанси.
Причината поради која во новиот iPhone се користи micro-SIM картичка наводно лежи во поголемиот процесор, но и капацитетната батерија која нуди по 10 часа гледање на видео и сурфање на WiFi, седум часа 3G разговори и 40 часа слушање на музика.
Позадинската камера сега располага со LED блиц за "колку-толку" да видите што фотографирате во темница, а додаден е и жироскоп со 3 оски со што уредот сега е способен да го почувствува движењето на сите 6 страни. Ова сигурно ќе го поттикне развојот на уште повеќе нови и интересни апликации и игри кои ќе го искористат целиот капацитет на моќниот хардвер на новиот iPhone.
Максималниот капацитет и понатаму останува 32GB. Позитивна промена е и промената на главната камера на уредот, која сега е 5-мегапикселна, со 4x дигитален зум и позадинско-илуминиран сензор кој овозможува снимање на HD видео материјал со 720p и 30 фрејмови во секунда.
М.Л. | Кајгана