Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Филозофке,дури и ништо од тоа да не се постигне,протестиве покажаа дека и покрај се,се уште има луѓе кои мислат со своја глава и кои не дозволуваат да бидат изманипулирани од партиските машинерии кои 24/7 не убедуваат дека светот е црно-бел..
 
S

smexy

Гостин
Кои услови на протестирачите се исполнети засега?
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Цитирам "Освен распуштање на „алфите“ и на „тигрите“, за специјалните полициски сили се бара соодветна стручна подготовка утврдена со независно граѓанско тело, контрола при вработување нови лица во МВР, психолошки тестови на кадрите."

Мене лично не ми се допаѓа ова барање поврзано со распуштање на специјалната единица тигри. Дали доколку неколку зрна се скапани треба да се фрли целиот грозд? Ги сваќам барањата поврзани со полициската бруталност како контрола на вработување на нови лица во МВР, психолошки тестови и така натаму, но распуштање на единицата тигри? Едно мало потсетување за тие што не знаат. Од таа единица 7 припадници го имаат дадено својот живот за татковината, а повеќе од 30 биле полесно или потешко повредени. Многу е неблагодарно да се генерализира, баш поради луѓето кои што го посветиле животот бранејќи ја Македонија. Да не бидам сватен погрешно, убиецот без разлика од која единица е, треба да биде казнет и при тоа да има фер судење, без прикривање докази и слично, но да се етикетира целата единица тигри како несовесна и нестручна и при тоа да се бара нејзино распуштање е навистина неблагодарно.
 
I

Iblis

Гостин
Цитирам "Освен распуштање на „алфите“ и на „тигрите“, за специјалните полициски сили се бара соодветна стручна подготовка утврдена со независно граѓанско тело, контрола при вработување нови лица во МВР, психолошки тестови на кадрите."

Мене лично не ми се допаѓа ова барање поврзано со распуштање на специјалната единица тигри. Дали доколку неколку зрна се скапани треба да се фрли целиот грозд? Ги сваќам барањата поврзани со полициската бруталност како контрола на вработување на нови лица во МВР, психолошки тестови и така натаму, но распуштање на единицата тигри? Едно мало потсетување за тие што не знаат. Од таа единица 7 припадници го имаат дадено својот живот за татковината, а повеќе од 30 биле полесно или потешко повредени. Многу е неблагодарно да се генерализира, баш поради луѓето кои што го посветиле животот бранејќи ја Македонија. Да не бидам сватен погрешно, убиецот без разлика од која единица е, треба да биде казнет и при тоа да има фер судење, без прикривање докази и слично, но да се етикетира целата единица тигри како несовесна и нестручна и при тоа да се бара нејзино распуштање е навистина неблагодарно.
Едно мало потсетување, распуштање =/= укинување. Составот да се смени се бара, со професионални , психички урамнотежени, непартизирани лица. Значи Тигрите и Алфите ќе останат, ама да бидат исфилтрирани. Тоа е целта на барањево!
 
Член од
25 ноември 2010
Мислења
156
Поени од реакции
149
Едно мало потсетување, распуштање =/= укинување. Составот да се смени се бара, со професионални , психички урамнотежени, непартизирани лица. Значи Тигрите и Алфите ќе останат, ама да бидат исфилтрирани. Тоа е целта на барањево!
Не напишав никаде дека распуштање=укинување, али постот си е на место.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Све си мислам, доколку се прифати независна комисија, во неа ке членуваат Тито Петковски, Стојан Андов или пак некои слични фаци.Од независна ни Н нема да се види.
 

Cthulhu^

your neighbourhood weirdo
Член од
17 јули 2006
Мислења
1.505
Поени од реакции
2.180
Само да кажам дека многу се гордеам со сите оние кои со искрена намера и без валкани политички мотиви излегуваат на протестиве!
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Моја порака до младите во Мкд е дека независно на етничката припадност треба да покажат солидарност и да се угледаат на Светот како се солидаризира и обединува кога се работи за загрозување на нивните права, нека протестите бидат се помасовни и нека свати власта дека ние нив ги храниме и дека они се тука за нас а не ние за нив!
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Абе секаде во светот државата прави кампањи за ненасилство во полицијата, само кај нас се сфаќа спротивно, да земе човек и да бега. Цела недела протести, и само треба да се правдаме, ебати народот испартизиран до коскена срж!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Све си мислам, доколку се прифати независна комисија, во неа ке членуваат Тито Петковски, Стојан Андов или пак некои слични фаци.Од независна ни Н нема да се види.
Било каква комисија од самонаречени експерти професори или политичари не е независна доколку нема членови на семејството од жртвата.
--- надополнето: Jun 13, 2011 10:37 AM ---
Македонија

Каде се снимките,кој ги брише профилите?!
-„Остана непознато што таа кобна ноќ, регистрираа камерите на градскиот плоштад непосредно до клупата каде е убиен, може да побараме да не остане непознато„...вака младите во секоја минута ја бараат правдата за Мартин, обидувајќи се да дојдат до вистината, што всушност се случи во неделата, кратко по полноќ.

Каде исчезнаа видеата на you tube, и од социјалните мрежи од прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто на сите групи на владејачката партија, по популарниот фејсбук можат да се најдат линкови како поминале митинзите низ Македонија, но победничката атмосфера од плоштадот во Скопје никаде ги нема. Екипата на 24 вести ги чешлаше you tube и социјалните мрежи, но видео од славењето нема. Се поставува прашањето кого и што треба да се заштити, со повлекувањето на сите видеа, веднаш по информацијата за убиството на младиот Мартин.

Полицијата од синоќа веќе започна да ги брише групите со повик за секојдневни протести за младиот Мартин. Досега повиците за протести против полициското насилство беа испраќани преку социјалните мрежи.Со бришење на групите, сега се врши директен обид да се спречи младите да протестираат.

Извори кои што замолија да останат анонимни се обратија до телевизија 24 вести, и не информираа дека низ групите кои што протестираат, последниве неколку дена се инфилтрирани поединци кои се обидуваат да ги премислат младите да престанат со протести.
Во меѓувреме побараа на протестите да се снима и фотографира, за да има повеќе докази дека младите одржуваат мирен протест, а не напаѓаат полицајци.
http://24vesti.com.mk/Sodrzina/
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.960
Поени од реакции
45.182
Јавно се оградуваме од сите објави на FB страната “Поддршка за ПРОТЕСТОТ против полициското насилство“ бидејќи истата е контролирана од едно лице и ние немаме никаква контрола ниту одговорност за содржините и коментарите кои се постираат таму.

Ви благодариме на разбирањето.

линк
Лицето од наведената група живее надвор од Македонија, информациите кои ги црпи и мислењата кои ги креира се резултат на она што го пишуваат медиумите, медиуми кои во земјава моралот и етиката ги имаат ставено на последно место.
Не дека типот се обидува да манипулира, но во секој случај со резерва треба да се земат информациите и ставовите дадени на тој пејџ, линкот најдоле од известувањето е од фејсбук страната контролирана од луѓе кои се активно вклучени во овој протест и дел од организацијата на истиот.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Јас искрено се воодушевувам од сите млади лица што ги гледам на протестите. Размислував дека конечно дојде нова генерација која е ослободена од остатоците од сите комунистички, социјалистички и наследени државни девијации и стравови. Ние како народ не сме биле „учени“ ниту „способни“ јасно и гласно да си го искажеме незадоволството камоли да чачнеме у „власта“. Браво за освестеноста и самосвесноста!
Второ што сметам дека треба да се направи е сите компјутерски „напредни“ членови на општеството да се организираат во еден влијателен сегмент преку кој нема од сите нас да се прават ретардирани индивидуи и по принцип на (ми одговара)/(не ми одговара) да се пишуваат депеши за укинување на групи од социјалните мрежи.
Не подржувам повици на насилство, премногу е примитивно и погрешно, но доколку има јасна порака за мирно искажување на сопствена мисла, не е малце неетички некој да му направи „cut“?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Кучињата лаат, караванот си минува ...(кога веќе не е партија што би било подобро)........
И според човечево (т.н. аналитичар) подобро е протестите да се исполитизираат, бидејќи тоа ќе била можност да се ресетира целиот "авторитативен систем".

Еве ја критиката насловена:

Држава-убиец

"Протестот успеа преку социјалните мрежи и со првата вечер на улица ја исполни својата функција. Оттогаш натаму протестите немаат ниту постигнато ниту променето нешто суштинско. Може да се лажеме дека протестот е постигнување сам по себе, но не е. Македонија покажа дека има твитераши и неуморни активисти на социјалните мрежи, но и дека нема граѓанство што е способно да го артикулира својот протест. Од тој аспект и натаму сме „селска држава“, една длабоко провинцијална средина.
................

Затоа ми се смешни сите оние што се повикуваат на некаква независност или, пак, ја покануваат политиката да се држи подалеку од протестите. Па, што се протестите ако не политика, ако не се насочени против некаква политика? Против што протестираме, против нешто што треба само од себе да се смени или против нешто што сакаме да го промениме? Некои велат: сакаме да се дистанцираме од политиката, сакаме помалку политика, доста ни е од политиката! Не разбираат дека на Македонија и' е потребно повеќе политика, не помалку политика. Тоа не значи дека ни се потребни повеќе политички партии и политичари, туку повеќе здрави и артикулирани политички ставови и поголемо обединување околу нив.
Оние дечки што и натаму живеат со некакви заблуди за нерасипана, чиста, апсолутна независност и аполитичност, а притоа демонстрираат центрипетални тенденции и се самоисклучуваат, тие не го плашат антисистемот на власта и тие нема ништо да променат.

На оваа власт и' одговара ваквата кадифена младина."
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom