Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.676
Поени од реакции
59.802
И според човечево (т.н. аналитичар) подобро е протестите да се исполитизираат, бидејќи тоа ќе била можност да се ресетира целиот "авторитативен систем".

Еве ја критиката насловена:

Држава-убиец

"Протестот успеа преку социјалните мрежи и со првата вечер на улица ја исполни својата функција. Оттогаш натаму протестите немаат ниту постигнато ниту променето нешто суштинско. Може да се лажеме дека протестот е постигнување сам по себе, но не е. Македонија покажа дека има твитераши и неуморни активисти на социјалните мрежи, но и дека нема граѓанство што е способно да го артикулира својот протест. Од тој аспект и натаму сме „селска држава“, една длабоко провинцијална средина.
................

Затоа ми се смешни сите оние што се повикуваат на некаква независност или, пак, ја покануваат политиката да се држи подалеку од протестите. Па, што се протестите ако не политика, ако не се насочени против некаква политика? Против што протестираме, против нешто што треба само од себе да се смени или против нешто што сакаме да го промениме? Некои велат: сакаме да се дистанцираме од политиката, сакаме помалку политика, доста ни е од политиката! Не разбираат дека на Македонија и' е потребно повеќе политика, не помалку политика. Тоа не значи дека ни се потребни повеќе политички партии и политичари, туку повеќе здрави и артикулирани политички ставови и поголемо обединување околу нив.
Оние дечки што и натаму живеат со некакви заблуди за нерасипана, чиста, апсолутна независност и аполитичност, а притоа демонстрираат центрипетални тенденции и се самоисклучуваат, тие не го плашат антисистемот на власта и тие нема ништо да променат.

На оваа власт и' одговара ваквата кадифена младина."
Полтрон ко полтрон...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Има голема разлика од целосната дистанца од политичките партии ( Ние НЕ сме партија ) со дистанцирањето од политиката ко сегмент од едно општество.
Не е теорија за релативитет ова па да има некој тешкотии за да го разбере.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Има голема разлика од целосната дистанца од политичките партии ( Ние НЕ сме партија ) со дистанцирањето од политиката ко сегмент од едно општество.
Не е теорија за релативитет ова па да има некој тешкотии за да го разбере.
Не е тоа финтата ( веројатно знаеш)
Финтата е бараат влакно во јајцето.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.676
Поени од реакции
59.802
Има голема разила од целосната дистанца од политичките партии ( Ние НЕ сме партија ) со дистанцирањето од политиката ко сегмент од едно општество.
Не е теорија за релавтивитет ова па да има некој тешкотии за да го разбере.
Протестантите се дистанцираа од политичките партии и ги одржуваат протестите во таков дух, тука нема ништо спорно.

Кога се зборува за политизирање обично се мисли на политичките партии и нивната неспособност барем две недели во своето постоење да си седат на г'зот. Ваквите полтрони како оној погоре се обидуваат да не убедат дека од вакви протести немало фајде и да им го дадеме мегафонот ним, на полтроните и нивните партии, зошто тие се мајстори да направат поголема фрка...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.880
Поени од реакции
20.512
Тигарот го направил убиството надвор од неговото работно време (МВР со ова сака да си наметне помала вина). Ако било тогаш надвор од работното време што барал он да реагира ако Мартин сакал да се качи на бина или незнам што ? После завршувањето на неговата смена тигарот е во својство на приватно лице на прославата, а не да воведува мир.
Ете колку незнаете, воените формации како Тигри и Волци, кај нив не постои пост работно време и тие се секогаш во приправност, што значи тоа, имаат дозвола 24/7 да носат оружје, нон стоп се во функција и на стенд бај, значи он не бил надвор од работно време, он како што убаво си видовме си бил директно ангажиран како редар....што значи тоа дека елитните структури кои што се страшно спремни и секогаш на готовс се употребуваат во штитење на партија за време на прослава, да тоа е точно и за време на сите различни влади биле користени тоа е злоупотреба на службено лице со таков кредибилитет, јас пишав и погоре, оној кој го држиш во касарна и го тренираш за најлоши сценарија не се употребува во ЈРМ, не го оправдувам но вината не смее да запре само кај специјалецот, рибата смрди од главата не од опашката.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Умберто Паскали ? Кој ?
Незнам само кој му даде за право и него да го манипулира и лаже овој народ односно да ја вреѓа интелигенцијата на истиот ...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Јас искрено се воодушевувам од сите млади лица што ги гледам на протестите. Размислував дека конечно дојде нова генерација која е ослободена од остатоците од сите комунистички, социјалистички и наследени државни девијации и стравови. Ние како народ не сме биле „учени“ ниту „способни“ јасно и гласно да си го искажеме незадоволството камоли да чачнеме у „власта“. Браво за освестеноста и самосвесноста!
Второ што сметам дека треба да се направи е сите компјутерски „напредни“ членови на општеството да се организираат во еден влијателен сегмент преку кој нема од сите нас да се прават ретардирани индивидуи и по принцип на (ми одговара)/(не ми одговара) да се пишуваат депеши за укинување на групи од социјалните мрежи.
Не подржувам повици на насилство, премногу е примитивно и погрешно, но доколку има јасна порака за мирно искажување на сопствена мисла, не е малце неетички некој да му направи „cut“?
Kонечно и ја тоа си го мислам! Е уште да се ослободиме и од партии,да не ги вртиме 2% и ќе биде нешто од нас :D.. Заминува полека онаа шлајм генерација за која протест беше мисловна именка, и повеќе пцуеја него што делуваа како треба,ме радува
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Туку, ако се спремаме за револуција, ќе мора крв да падни. Сами ќе се боцниме или како ?
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Не мора ! ^
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Туку, ако се спремаме за револуција, ќе мора крв да падни. Сами ќе се боцниме или како ?
За револуција треба идеа . А најмалку што ние имаме е идеа :) .
Дури и одредени протести ако успеат да ја срушат власта - револуција ќе биде дури тогаш кога ќе наметнат(наметнеме) нов систем на владеење а не нова власт.

Како и да е, малце оф-топик беше горенаведеното. Чекам вечер да видам за Ал Џезаира кој ќе говори.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140
Милион проблеми има во државава, првин економијата да си ја средиме па се останато ќе си дојде на свое место.
Економијата нема да ти ја реши полициската бруталност треба менталитетот да се менува кај полицијата.

Енергијата да ја трошите за нешто попродуктивно отколку да ја кодошите сопствената држава во странство и да им давате куршуми на соросоидите.
Човече бидејќи живееме во држава со 30+ % невработени, протестирањето го сметам за далеку попродуктивно од колку седење во државна фотеља и чекање наредба од штаб, или седење дома и слушање на Латас вести.

Куршуми им даваме на соросоидите?

Соросоидите не го убија Мартин таа ноќ на плоштадот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде бе изолирајте ги овие од темава,Каран ќе ни кажува какви се протестите или избраниов ќе не учи економија,само ни се загадува темата. Или Цитро подршка ќе изразува.Како им правите на обоените во протестот така и овде треба,крц и нека одат за спомениците нека расправаат.

Во Прилеп прочитав дека е најавен протест,вторник така?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom