Каде се снимките,кој ги брише профилите?!
-„Остана непознато што таа кобна ноќ, регистрираа камерите на градскиот плоштад непосредно до клупата каде е убиен, може да побараме да не остане непознато„...вака младите во секоја минута ја бараат правдата за Мартин, обидувајќи се да дојдат до вистината, што всушност се случи во неделата, кратко по полноќ.
Каде исчезнаа видеата на you tube, и од социјалните мрежи од прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто на сите групи на владејачката партија, по популарниот фејсбук можат да се најдат линкови како поминале митинзите низ Македонија, но победничката атмосфера од плоштадот во Скопје никаде ги нема. Екипата на 24 вести ги чешлаше you tube и социјалните мрежи, но видео од славењето нема. Се поставува прашањето кого и што треба да се заштити, со повлекувањето на сите видеа, веднаш по информацијата за убиството на младиот Мартин.
Полицијата од синоќа веќе започна да ги брише групите со повик за секојдневни протести за младиот Мартин. Досега повиците за протести против полициското насилство беа испраќани преку социјалните мрежи.Со бришење на групите, сега се врши директен обид да се спречи младите да протестираат.
Извори кои што замолија да останат анонимни се обратија до телевизија 24 вести, и не информираа дека низ групите кои што протестираат, последниве неколку дена се инфилтрирани поединци кои се обидуваат да ги премислат младите да престанат со протести.
Во меѓувреме побараа на протестите да се снима и фотографира, за да има повеќе докази дека младите одржуваат мирен протест, а не напаѓаат полицајци.