Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
(y) ^ ме мрзеше да читам назад
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Која е таа нормална, здрава и права особа која со денови не се враќа дома?

П.С. И ќе беше се океј ако настанот немаше политичка заднина.
Каква врска има тоа со неговото убиство? Дали ако некој не е здрава, нормална и правилна личност, што е многу субјективно, смее да биде убиен.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Наместо да се ситите и си играте иследници дали е партија или не, можеби е подобро да дадете придонес ако имате крвна група А негатив
http://forum.kajgana.com/posts/4179138/
бидете навистина хумани, кликнете за колешката Алтернативе, дајте крв, ...направете нешто добро некому. Човек не се станува ако знае да збори и да чита.

Ако немате, имајте барем почит према момчето и родителите, Ако сте верници, помолете се за неговата душа. Ако не сте, наведнете ја таа тврда глава во знак на почит кон нечиј живот без разлика дал бил наркоман или сам се повредил...човекот носел душа и значел некому нешто.
Дајбоже сите да станете родители...
Одвратен е овој наплив на малодушност
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.195
Поени од реакции
950
Кој го направил светец ? Дури и да вршел некакви општествени девијантни појави, он бил убиен брутално од лице кое треба да се грижи за мојата и твоја безбедност, една од задачите и одговорностите која тој ја има со таа функција која му е дадена од државата и која се обврзал дека ќе ја врши чесно.
Тоа дали бил наркоман, пијаница мене ми е ирелевантно, он бил паднат на земја, простор за апсење мирно имало, дури и да дава отпор на земја, такво говедо ко убиецот рутински ќе го неутрализира и ќе го уапси, но не, он наместо да го направи тоа, он го убил ...

Утре ако има некаков општ неред а ти немо следиш од страна со односот денешен на полицијава големи се шансите и ти да бидеш жртва, класичен пример за ова ти се навивачките групи каде страдаат лица кои буквално ништо не направиле но се тепани.

п.с. А Латас дегенот го слушнавте ли ? Џандарот бил член на СДС и нервозен од поразот убил симпатизер на ВМРО ...
ц ц ц, македонско новинарство, што к*р ви стана ?!
А што очекуваше таканаречениот НОВИНАР господин ВМРО т.е. Латас да каже. Па толку му сечи. Инаку и јас сум против за политички поени да се злоупотреби случајот. И како што гледам до сега од опозициските партии не го злоупотребуваат. Се оддалечуваат колку што можат. Но сепак еве замислете А1 и АЛФА како опозициони телевизии да не реагираа. Од каде ке се дознаеше дека момчето е убиено... Два дена не се слушна ништо, а денес замислете Латас тврди дека е убиен од СДСМ... Кој деген бре луге. На прослава на ВМРО каде има илјадници симпатизери на ВМРО кој доколку се приближи некој член на СДСМ ке го здробат, а не еден човек да убие член на ВМРО. Проста работа. И како тоа министерката тврди дека убиецот не бил на задача, а истиот во панцир вооружен ја обезбедува победничката прослава на ВМРО. Извинете на употреба на партиите но само сакав да го негирам овој дегенот од ШИТел
 
bootboy

Skopje Bootboys!!!
Член од
29 декември 2008
Мислења
624
Поени од реакции
346
Комити Скопје испраќаат остар демант околу објавата на неколку Македонски медиуми и портали дека нашата навивачка група била вмешана во протестите околу смртта на младиот Мартин Нешковски. Ние демантираме дека сме присуствувале на овој протест, и повикуваме да не ги обележуваат сите навивачи како Комити. Мартин Нешковски не бил член на Комитите, и нашата група официјално не присуствува ниту организира било каков протест за искажување револт. Воедно Комити Скопје жалат поради тоа што мораше да дојде до човечка жртва за сериозно да се сфати полициската бруталност во Македонија, на која ние бевме жртви и за која алармиравме во неколку наврати, но на тоа медиумите и внатрешните контроли останаа неми!

http://www.komiti.org/vest-88.html
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.900
Поени од реакции
44.842
Латас душата на ѓаволот ја има продадено за неколку илјади евра месечно, затоа што вестите се нешто најдолно мизерно несреќно нешто освен убиства катастрофи друго ништо нема, и не само кај него кај сите со ред.
Кај беше гадот цел ден во Понеделникот да извести за ова ?!
Нејсе и тоа, сеедно, му дава политичка димензија на овој настан али оноа хардкор, други заобиколуваат али начнуваат, и тоа е за осуда али ова е врвот ... сега за сега.
Во МВР ко и во секоја институција има членови на сите политички партии, што во случајов воопшто не е релевантно, тоа не ја лишува Гордето и Иво од одговорност бидејќи го криеа ова цел ебан ден, во пакет со Латас, човек кој е уредник на весник чиј слоган е '' Вечер прв дознава '' ... кој парадокс човече.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.999
Поени од реакции
18.771
„Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, случајот не е политички и според неа нема потреба да се бара политичка одговорност.“

Случајот не беше политички се додека не пробаа да го заташкаат. Сега и тоа како треба да има политичка одговорност.
Бреееееееееј колку совесни министри имаме, не да треба политичка одговорност си плаче за политичка одговорност. Прва причина за такво нешто е што на министерката, кај тигриве и се промакнале (намерно или ненамерно) луѓе со криминално досие. Со самото тоа е прекршен законот и министерката треба да одговара, не само политички ,односно да поднесе оставка, туку и кривично. Истото важи и за премиерот наш кој си има цела полицииска елитна единица за приватно обезбедување. Ај он зафатен е многу, не може глава да крене од реформи, така да може и да му простиме. Значи која е таа дрскост која ја покажа вчера, ожалостена мајка плаче ради неговото куче, надвор се дешаваат протести, а он отиде да отвара виртуелно село. Доколку сакаше да ја стекне почитта на народот требаше веднаш уште по завршувањето на митингот да излезе со соопштение до јавноста за она што се случило таа вечер, да не извести дека се преземени конкретни мерки и самиот да побара да сноси некаква одговорност, иако и ова нема никако да ја намали неговата вина бидејќи таа вина настанала уште во моментот кога почнал да прима криминалци во обезбедување. Не може мене никој да ме убеди дека премиерот нема увид во тоа кои луѓе му го чуваат грбот. А да, и како што министерката го посети стечаецот и му стискаше раце, можеше да се сретне и со родителите на дечкото и нив да им објасни некои ствари, не да ги лаже и да им праќа луѓе да ги уценуваат. Ептен влегоа во поштениот филм, поголемиот дел од народот им ја купи таа финта, ама реалноста е дека се болно-амбициозни луѓе кои би газеле преку трупови за да задржат власт.

P.S. се гледаме на митинг, жал ми е што вчера не можев да дојдам
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Повторно да реплицирам.
Протести за што? За ШТО? Што ве тепаат ако дувате, па половина од тие на протестот мислам дека беа надувани, со лименки пиво и алкохол одат по улица одат да протестираат со знамиња од Че, што по чаволите ЧЕ го го мешате? Колку убиства се дешаваат во годината па никој ник каков протест не прави. Барате оставка од функционери порад што? Поради поединци? Морална оставка? Па дај и секој сообраќаен офицер, командир да с даде оставка што неговите полицајци неуспеале сите пијани возачи да ги допрат. Ви се молам бидете разумни.

Полициска држава и полициско насилство ват д фак? Што е тоа? Па непамтам кога последен пат некој полицаец се испонашал изминативе 4 години, ваквата работа е само ПОЕДИНЕЦ не цела установа.

Сакте да се клошарите во парк да пиете ко луди да дувате трава каде што ќе стигнете и после тоа сакате да законот да не ви затропа на врата ни алфа да не ве ошамара? Алфите го прават тоа што вашите родители треба да го направат добар ќотек за вашите глупирања по улиците, демек анархисти.

Зошто да не ме тепа полицацот кога го пцујам на стадион додека навивам и кршам прозори или тепам противнички навивач и тоа да го наречам полициско малтретирање?

Филозофи ве молам не го силувајте овој трагичен настан на детето во ваша корист бидејќи ви немаат никаква цел вашите скандирања. Детето е мртво и боретесе за победа на правдината а не и некој да даде оставка, да нема полицајци бидејќи колку да ги мразите секогаш плачете по нив кога сте во фрка.

Работава е за поединец направил катастрофална грешка која неможе да биде изменете, правдината ќе биде задоволена, тој ќе оди во затвор и тоа е тоа, детето нема да го вратите назад.

Немора да покажувате омраза кон МВР бидејќи пола од тие на протестите се вечити студенти анархисти многу е јасно тоа камерета нелаже додека го снима протестот, само ќе си фрлите самите себеси лоша слика и после самите ќе бидете следени од окото на полицијата бидејќи секое скандирање носи свои последици.

Греота.
Ова до негде ти е добро, ама другиот дел ти е тешко сра*е.
 
Г

Грејвдигер

Гостин

Не се протестира за оставка на било кој, ма да и треба самите да сфатат и да си дадат оставка... зошто се ќутеше 2 дена и се лажеше дека немало таков случај, немало насилство а детето со скршен нос и што ли уште не... Се протестира против полициското насилство!

Ќе оди во затвор неколку години и после пак ќе го видиш на улица.

Е тоа ти е демократија, да не може да излезеш на мирен протест и ќе те нарекуваат анархист, пијаница и наркоман???!! Секој има право да излезе на протест и да изразе свое незадоволство... ама кај нас ако скандираш против полиција го јадеш стапот и тоа дебело! Без да направиш некаков проблем. Колку сакаш пцуј го, ама дур не го дираш не смее он да те удира!
Спомна натпревар, кога го пцуеш судијата он ти се качува тебе на трибина и те шамара?
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Која е таа нормална, здрава и права особа која со денови не се враќа дома?

П.С. И ќе беше се океј ако настанот немаше политичка заднина.
Ти малоумен си брат, изглеа...Каков бил, таков бил, ете, може не бил прибран човек, може бил скитник, може користел дрога...тоа си е негов избор, он така си сакал да му биде животот ама НИКОЈ НЕМА ПРАВО ДА МУ ГО ОДЗЕМЕ !!!

И стварно срамота за МВР што пробаа да заташкаат, стварно срамота, после ќе го дрват дека ќе праат вака и онака и дека ќе се борат за правда и слични куродрвења.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Кај беше гадот цел ден во Понеделникот да извести за ова ?!
Нејсе и тоа, сеедно, му дава политичка димензија на овој настан али оноа хардкор, други заобиколуваат али начнуваат, и тоа е за осуда али ова е врвот ... сега за сега.
Во МВР ко и во секоја институција има членови на сите политички партии, што во случајов воопшто не е релевантно, тоа не ја лишува Гордето и Иво од одговорност бидејќи го криеа ова цел ебан ден, во пакет со Латас, човек кој е уредник на весник чиј слоган е '' Вечер прв дознава '' ... кој парадокс човече.
Другар прочитај си го потписот спонзориран од Голубовски па после збори за политички димензии.
Да не има недоразбирање некое, латас е сељак!
 
I

Intex

Гостин
Значи, поентата не ми беше дали бил наркос, куропушач или партиски активист. Шогоебам шо е. Поентата е дека може извадил ноже, може сабја извадил ебаве хаха. Значи, 2 дена се криеше настанот, и еве сега се објави тек.

У Америка убија уругваец пред неколку години под сомнение дека бил бомбаш, пошто имал ранец на грбот. Знаете како заврши случајот? - Се извини Џорџ на семејството. Голем ташак.

Протестот и ќе беше океј ако го организираа студенти, средношколци, мање битно кои, ама го организираат политички партии во позадина. Тоа е проблемот. Доби политички карактер. Ги гледам на фејзбукот фаците кои објавуваат линкови, класични партиски пиончиња. Мхм, навредете се, гајле ми е.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
По овој повод Градоначалникот на Општина Карпош имал прес конференција

„Сакам да ги замолам претставниците на МВР и на власта да престанат да ни ги тепаат и убиваат нашите сограѓани. Го замолуваме премиерот, господинот Груевски, да престане да ни гради тениски игралишта и да најавува акваленди во Карпош, тоа можеме да си го изградиме сами, а она што го бараме ние од него, и што е исклучиво негова надлежност, е да ни обезбеди мир, безбедност и сигурен живот“.
Со овие зборови, денес градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, се обрати пред медиумите на прес-конференцијата свикана по повод суровото убиство на едно момче, жител на општина Карпош.
– Како е можно, праша Јакимовски, во случај на насилна смрт, какво што беше убиството на Мартин Нешковски, да не се вклучи истражен судија и обвинител, како е можно присутни колеги на полицаецот „тигар“ да не го пријават случајот во МВР, туку да го забошотуваат, за потоа МВР да речат дека во рок од 48 часа го откриле сторителот, во услови кога сами кажаа дека сам се пријавил. Вакво однесување на полицијата, истакна градоначалникот на Карпош, е можно само кога имаме партиска а не професионална полиција, и праша дали тоа значи дека во иднина ќе градиме и партиско судство, партиски обвинители...
Пред еден месец и половина, од училиште во Карпош беа украдени над 140 компјутери, пред една недела повторно уште 40-тина компјутери, а од полицијата нема ни збор ни одговорност за нерешавањето на ваквите случаи на криминал. Исто така, градоначалникот на Карпош на прес-конференцијата го спомена и случајот кога пред 15-тина дена на наш вработен од Општината синот исто така му бил претепан од припадник на „тигрите“ по што со потрес на мозокот и инфузија завршил во болница.
– Припадниците на „тигрите“, вработените во МВР и Владата воопшто, сите се финансирани од парите на граѓаните на Карпош, пред сè да не чуваат, а не да не убиваат по улица – изјави на денешната прес-конференција градоначалникот Јакимовски.
Џабе се бара одговорност. Никогаш нема да ја добиеме. . .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom