Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Г

Грејвдигер

Гостин
Која е таа нормална, здрава и права особа која со денови не се враќа дома?

П.С. И ќе беше се океј ако настанот немаше политичка заднина.
Јас. И што има лошо во тоа?

Заеби политика, ама 2 дена ништо да нема објавено е оправдување за тебе? Макар тоа било и обична тепачка помеѓу два обични граѓани. Никој медиум не беше објавил ништо цел ден, беа зафатени мерејќи си го. Го слушаш сега Латас шо збори? Полицаецот бил од СДС, бил изнервиран и го нападнало момчето од ВМРО... #polnaustakur. Се појавија неколку фаци од СДС на протест, пак исто #polnaustakur... Јасно се кажа дека се против мешање политика во овој настан, ама некој си игра онаквото. Детето било од сдсм, не било намерно, жими куроф... од кога „удар, нога у глава, глава у клупа“ е нормален удар? Дури и со еден удар у глава може да се усмрти лице, а не пак од толку напади.

Едит:
Не е битно дали е наркоман, дилер, криминалец... пишав еднаш, ама изгледа пак ќе морам. Ако сака и атентатот врз Киро нека го имаше вршено, не се пристапува со убивање. Го фаќаш, приведуваш и у полиција... башка детето не пружело отпор.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Мартин често отсуствувал од домот и по неколку денови така да ова било нормална појава за неговите.
Ај малце вклучете го мозокот:

Кога новинарка на А1 отиде кај семејството на Мартин, мајка му рече дека дента дознала дека е мртов, зошто претходно се мислеше дека е Даниел од Ѓорче. Неговите родители не кренале паника токму ради ова. Воедно не сите родители до толку ги контролираат своите деца, па чим нешто се деси одма да ги бараат по полиции, туку сметаат дека се доволно возрасни да се грижат за себе. Точка на таа шпекулација, каде биле, оти не го барале.

Друга работа, сметам (значи јас лично самиот) дека на МВР им требаше тооолку време за дознаат кое е детето, затоа што првин биле кај неговите дома за да вршат притисок да молчат, па потоа да објават во јавноста. Друга причина за одолговлекување нема! Велат немал лични документи, но има отисоци. Кога вадиш лична карти ти ги земаат и одма се дознава кој е и што е.

Не ја користете главата само за фризури, него и за размислување!
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
А како то мајка му вика дека се обидел да се качи на бина да го изгушка премиерот, па зато го убиле, а не знаеше 2 дена дека е мртов ?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
какво ни е судството може и да не оди во затвор, ке добие некој "Психијатриски" наод дека е непресметлив и ке му се досуди некоја алтернативна мерка за лечење во некоја установа од отворен тип и пак ке е на слобода, тоа е од што највеќе се плашам!!!
Плус се знае дека е човек близок до власта!!!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Познавам наркомани шо со денови не си одат дома, се моткаат ваму-таму, по клупи, низ паркови, бла бла бла.
Момакот го направивте светец, кон тоа целам.
Сите сме имале некаков проблем со алфовите.Можда ти не,не знам.Не би сакал да си на местото на Мартин,верувај!Или не дај Боже ,да мораш да одиш на препознавање на некој така близок.Дечкото можда не е светец,ама никого НЕ УБИЛ.

И не.Не е политички.Па дечкото бил на митинг на сопствената партија.Не бил контра.А и да бил,ирелевантно е.Важното е дека некој заслужил казна.Какви се тие идиоти да убиваат за забава еееејј?!?!?
Ако продолжиме да глумиме глувонеми и ние сме соучесници!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.965
Поени од реакции
45.223
Познавам наркомани шо со денови не си одат дома, се моткаат ваму-таму, по клупи, низ паркови, бла бла бла.
Момакот го направивте светец, кон тоа целам.
Кој го направил светец ? Дури и да вршел некакви општествени девијантни појави, он бил убиен брутално од лице кое треба да се грижи за мојата и твоја безбедност, една од задачите и одговорностите која тој ја има со таа функција која му е дадена од државата и која се обврзал дека ќе ја врши чесно.
Тоа дали бил наркоман, пијаница мене ми е ирелевантно, он бил паднат на земја, простор за апсење мирно имало, дури и да дава отпор на земја, такво говедо ко убиецот рутински ќе го неутрализира и ќе го уапси, но не, он наместо да го направи тоа, он го убил ...

Утре ако има некаков општ неред а ти немо следиш од страна со односот денешен на полицијава големи се шансите и ти да бидеш жртва, класичен пример за ова ти се навивачките групи каде страдаат лица кои буквално ништо не направиле но се тепани.

п.с. А Латас дегенот го слушнавте ли ? Џандарот бил член на СДС и нервозен од поразот убил симпатизер на ВМРО ...
ц ц ц, македонско новинарство, што к*р ви стана ?!
 
G

Gray Foxx

Гостин
На сите бескичмењаци ке ви пратам по една алфа или тигар дома. Онака чисто, за да видат дали сте од дисфункционално семејство.Племе!
 
K

kalimer0

Гостин
А како то мајка му вика дека се обидел да се качи на бина да го изгушка премиерот, па зато го убиле, а не знаеше 2 дена дека е мртов ?
И мене ова ме подзачуди најверојатно после чинот и кажале очевидци (претпоставка).
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Го слушаш сега Латас шо збори? Полицаецот бил од СДС, бил изнервиран и го нападнало момчето од ВМРО... #polnaustakur.
Кретен.
Верувајте несакате да знаете што се ми поминува низ глава во овој момент и што се сакам да напишам ама ќе се воздржам.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Кој го направил светец ? Дури и да вршел некакви општествени девијантни појави, он бил убиен брутално од лице кое треба да се грижи за мојата и твоја безбедност, една од задачите и одговорностите која тој ја има со таа функција која му е дадена од државата и која се обврзал дека ќе ја врши чесно.
Тоа дали бил наркоман, пијаница мене ми е ирелевантно, он бил паднат на земја, простор за апсење мирно имало, дури и да дава отпор на земја, такво говедо ко убиецот рутински ќе го неутрализира и ќе го уапси, но не, он наместо да го направи тоа, он го убил ...

Утре ако има некаков општ неред а ти немо следиш од страна со односот денешен на полицијава големи се шансите и ти да бидеш жртва, класичен пример за ова ти се навивачките групи каде страдаат лица кои буквално ништо не направиле но се тепани.

п.с. А Латас дегенот го слушнавте ли ? Џандарот бил член на СДС и нервозен од поразот убил симпатизер на ВМРО ...
ц ц ц, македонско новинарство, што к*р ви стана ?!
Не ја заборавајте главната поента на случајов: ПРОБАА ДА ГО ПРИКРИЈАТ!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
п.с. А Латас дегенот го слушнавте ли ? Џандарот бил член на СДС и нервозен од поразот убил симпатизер на ВМРО ...
ц ц ц, македонско новинарство, што к*р ви стана ?!
Латас душата на ѓаволот ја има продадено за неколку илјади евра месечно, затоа што вестите се нешто најдолно мизерно несреќно нешто освен убиства катастрофи друго ништо нема, и не само кај него кај сите со ред.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom