bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Фабрика за целулозен етанол во Прилепско вредна 250 милиони евраоваа е таа најавена инвестиција за во прилепско, или има уште една ??
ај линкови стави да видиме шо како
16/10/2014 | Компании | 0 Коментари
Ирската компанија Етанол Јуроп Рињуабл и американската ДуПонт наскоро ќе почнат со изградба на најсовремена фабрика за производство на целулозен етанол во Прилепскиот регион.
Тоа го предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерот за странски инвестиции Бил Павлески со претседателот на Етанол Јуроп Рињуабл, Марк Тарли и директорот на ДуПонт, Јан Конинг, чија цел е да овозможи олеснување на развојот на нивниот проект.
– Проектот предвидува изградба на современа биорафинерија со капацитет од 100 милиони литри, а производството ќе биде наменето за светскиот пазар. Вкупната инвестиција за период од пет години ќе изнесува над 250 милиони евра и ќе се креираат 1.000 директни вработувања. Градбата на фабриката би започнала во 2016 и би траела две години, рече министерот Павлевски по потпишувањето на Меморандумот.
Тој посочи дека фабриката за етанол ќе значи ревитализација и целосно заживување на Мариовскиот регион кој години наназад беше целосно запуштен и замрен, бидејќи инвеститорите ќе одгледуваат култури за производство на етанол на запуштено земјоделско земјиште во Прилепско.
– Воедно овој проект ќе и донесе на Македонија значителен економски раст особено во руралните средини, потенцијално придонесувајќи со повеќе од 100 милион евра годишно извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања, рече Павлевски.
Со примената на модерни земјоделски практики на напуштените и деградираните земјоделски површини во Мариовско, нагласи, конкурентноста на земјоделството во Македонија ќе се подигна на значително ниво, а проектот ќе придонесе и за развојот на практики на одржлив синџир на снабдување во земјоделството.
Според Павлевски, фабриката за производство на етанол може да стане глобален пример на климатските придобивки од напредните биогорива и биопластика преку нивната употреба во напуштените и деградирани земјоделски површини.
– Потенцијално заштедите на емисиите на стакленички гасови од етанол од македонската постројка за производство на целулоза би можеле да надминат 100 проценти според методологијата на Директивата на ЕУ за енергија од обновливи извори, без никакви негативни влијанија врз безбедноста на храната, рече Павлевски и додаде дека проектот ќе биде спроведен според сите европски регулативи за заштита на животната средина и безбедност при работа.
Претседателот на Етанол Јуроп Рињуабл, Тарли посочи дека преговорите за изградба на фабриката во Прилепско со Владата и општина Прилеп траеле повеќе од две години и додаде дека етанолот направен од растителни извори е најзначајна замена за фосилните горива кои се употребуваат во автомобилите и домовите.
– Етанолот е и една од најдобрите можности кои ни се на располагање за да се вратат повторно во живот европските помалку населени рурални области и да се создаде рурален развој кој е одржлив. „Пелагонија етанол проектот“ ќе одгледува растенија за производство на енергија, како и прехранбени растенија на површина од околу 20 илјади хектари на напуштено и деградирано земјиште во Пелагонија и Мариово, рече Тарли и додаде дека растенијата кои ќе се одгледуваат ќе го започнат процесот на претворање на напуштеното земјиште во продуктивен дел во македонската економија.
Директорот на ДуПонт, Конинг рече дека во моментов градат фабрика за целулоза и етанол во САД која ќе служи како пример за фабриката што треба да се гради во Прилепско.
– Исто како со проектот што го градиме во САД гледаме големи придобивки и од проектот во Прилеп за земјоделците и за заедницата. ДуПонт е лидер во земјоделството и добрата на земјоделскиот сектор во целиот свет се многу важни за нас, рече Конинг.
Претходно денеска претставниците на Етанол Јуроп Рињувабл и ДуПонт ги прими премиерот Никола Груевски.
http://vesti.mk/read/news/3463006/1240249/fabrika-za-celulozen-etanol-vo-prilepsko-vredna-250-milioni-evra[DOUBLEPOST=1414141597][/DOUBLEPOST]Темната страна на компанијата ДуПонт, инвеститор во прилепско
окт 21, 2014 Revolucionermk Македонија Исклучени коментари
ДуПонт е американска компанија и трет по големина производител во светот на: хемикалии, агрохемикалии, полимери, електроника и генетски модифицирани семиња.ДуПонт има свои производствени капацитети во повеќе од 70 земји.По ЕксонМобил и Деј, ДуПонт е трет по големина производител на хемикалии.
Компанијата ДуПонт е основана во 1802 година од страна на Елеутхере Ирене Ду поинт де Немур.Ирене ДуПонт имигрирал од Франција во САД за време на Француската револуција и неколку години подоцна во САД ја основа компанијата.Оваа компанија првично се занимавала со производство на барут.Од 1811 година ДуПон е најголем стабдувач на барут на американската војска, со што автоматски за време на Американската граѓанска војна се позиционира како најголем снабдувач на барут.Во периодот од 1902 до 1912 година ДуПонт го проширува своето производство на бездимен прав и динамит.За време на Првата светска војна 40% од експлозивите што се користат од страна на светските сили се обезбедени од страна на ДуПонт.
Во 1902 година ДуПонт губи судски спор со владата поради монополизирање на бизнисот со експлозив, па поради таа судска одлука ДуПонт мора да основа уште две компании и тоа “Atlas Powder Company” и “Hercules Powder Company”.Во тој период ДуПонт ги основал и првите две индустриски лабаратории со цел да ја подобрат својата воена пушка.Во 1914 година ДуПонт инвестираат во автомобилската индустрија.Периодот од 1920 до 1935 година ДуПонт го откри синтетичкиот каучук, најлонот, тефлонот и полиестерот.
Во текот на Втората светска војна 1941-1945 година ДуПонт станува најголем производител на воените резерви, а исто така ДуПонт одигрува важна улога во Менхетен проект и производството на првите атомски бомби кои што беа фрлени во Хирошима И Нагасаки.За време на истата војна ДуПонт произведува огромно количество на експлозив со што остварува вртоглав профит.Од 1950 до 1970 година ДуПонт на пазарот излегува со уште неколку нови суровини како што е ликрата,пепмасеп, кевлар и други суровини.Во 1981 година ДуПонт влегува во “војна” со наддавање во компанијата Сиграм која што има акции во Конко, која што е една од главните американски компании а нафта и гас.Во 1999 година ДуПонт ги продава своите акции на нафтеното претпријатие “Филипс”.
Во 1999 година ДуПонт станува компанија која што е најголем производител на хибридни семиња кои што се користат во производство на генетски модифицирана пченка и соја.На светско ниво ДуПонт е меѓу четирите компании кои што произведуваат 100% генетски модифицирани семиња и 60% од светските пестициди се водат како нивни производ.Мансанто, Сингента и Баер се останатите три водечки компании во овој “бизнис” .
Монсанто и ДуПонт се длабоко вкоренети во повеќе владини структури низ светот.
ДуПонт плаќа милиони долари на лобисти кои што би ги бранеле политиките на компанијата.Според некои податоци ДуПонт минатата година потрошиле околу 4.8 милиони долари за лобирање.Доколку се погледнат имињата на храна лобистите на компаниите ДуПонт и Монсанто ќе забележиме дека лобистите се лица кои работеле или работат за Владата.
Компанијата ДуПонт низ годините е следена од голем број на скандали, но вистински земјотрес за оваа компанија е обвинението против еден од наследниците поради тоа што првично бил обвинет за силување на својата три годишна ќерка, а неколку години подоцна бил обвинет исто така и за силување на својот 2 годишен син.
Од неодамна оваа компанија заедно со “Етанол Јуроп Ренјувеиблс” од Ирска најавија инвестиција во прилепскиот крај, односо во Мариово.Според првичните министерот за странски инвестиции Бил Павлоски станува збор за инвестиција вредна над 250 милиони долари, а реалцијата ќе почне во 2016 година.Оваа инвестиција опраќа и изгадба на рафинерија за целулозен етанол во Прилеп, но и обработка над 15.000 хектари напуштено, деградирано државно земјиште кое се наоѓа во Мариово, предвидени се 1000 вработувања.
Во литературата е наведено дека пченка stover , Panicum virgatum, Miscanthus трева, трупци од дрва и нуспроизводи од тревници се некои од популарните целулозни материјали за производство на етанол.
Останува нејасно како ќе биде тоа регулирано во Македонија поради тоа што во земјата е забрането увоз, производство и пуштење во промет на генетски модифицирана храна додека државата не стане членка на ЕУ.
Голем број форуми во државата и здруженија кои што се против ГМО реагираат на овие нејаснотии околу увозот и производството на потребните суровини за производство на целоулозен етанол.Познавачите на оваа проблематика сметаат по последниот развој на настаните со Дупонт, тоа претставува влегување на ГМО на мала врата.Не се работи само за намената на ГМО производите туку и за контамининација на прородните посеби преку кросполенизација, плус загадување со задолжителните хибдидни пестицити кои што се задолжителни при производството на овие генетски модифицирани организми.
Како пример за негативните последици од производството на ГМО е дадена Аргентина, земја во која што компанијата “Монсанто” која што исто се занимава со производство на ГМО има своја инвестиција.
Застрашувачки фотографии се појавија на интернет од аргентинци за кои што лекарите констатирале дека се заболени поради пестицидите кои што се користат при производство на ГМО.
Камила Верон
Двегодишната Камила Верон има тешки пореметувања на внатрешните органи кои што се тесно поврзани со нејзиниот инвалидитет.Според мајката на 2 годишната Камила причина за болеста на нејзината ќерка е контаминираната вода во околината каде што живеат поради интензивното запрашување со отровни хемикалии.
Аиса Кано
Алиса Кано живее во селото Авиа Тераи во аргентинската провинција Чако.Таа на своето тело има големо број на влакнести бенки кои што докторите никако не можат да си ги објаснат.Иако оваа болест е невозможно да се дијагностицира, докторите се сложиле дека станува број да вид на вродена мана која што е последица на агрохемикалија која што се користи при производство на ГМО.Уште пострашен е податокот дека во оваа провинција е тоа што е голем ризикот секое четворто дете да се роди со деформитет.
Фабијан Томаси
Поранешен работник на една од плантажите за ГМО, 47 годишните Томаси ја покажува состојбата со неговото тело.Работатната обврска на Томаси била да ги полни прскачите за вода кои што во ниеден момент не смееле да останат без хемикалии.Тој тврди дека никогаш не бил оспособен за работа со пестициди.Кај него е дијагностицирана полинеуропатија.За време на своето работење на плантажите тој припремал милиони литри на отров без никаква заштита, ни нараквици, ни маски или било каква посебна опрема која што спречила негово заболување.
Дали во Република Македонија ќе се воведат некои посебни мерки и стандарди за да не дојде до слична ситуација како овие случаи во Аргентина останува да видиме, до сега Владата го нема објаснето тој дел од инвестицијата.
http://revolucionermk.com/темната-страна-на-компанијата-дупонт/