Прилеп и Мариово

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
После се чудат оти младите бегале од градот, па и од државата. :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Колку има од прилер до мариово и колку ќе чини превоз(автобус,такси)??
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Колку има од прилер до мариово и колку ќе чини превоз(автобус,такси)??
де бре. Мариово не е едно село, огромна област е. За каде точно те интересира? Прилеп - Дуње 40 километри, Прилеп - Витолиште околу 60 километри.
патем автобус нема, единствен начин да стасаш до таму е со сопствен превоз или диви таксисти, оти регуларните таксисти одат само до Слива. Ако сте повеќе души можите да си организирате и приватно комбе кое ќе ве однеси и земи од местото каде сакате.
Знам порано дека имаше во недела само организиран превоз, ама појче нема
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Колку има од прилер до мариово и колку ќе чини превоз(автобус,такси)??
Каде конкретно во Мариово? Најчесто луѓето одат во Витолиште или пак Манастир во последно време?
Мој предлог е да си појдете со велосипед таму. Инаку нема превоз до таму, совен такси кое што ќе ве чини некоја илјадарка во случај ако сакате да ве вози и шета со вас цело време.

 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Граѓаните на Прилеп овој ден го чекаа цели 50 години. Прилепчани од денес имаат нова, модерна и убава автобуска станица.


Во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, генералниот директор на Македонски железници Оливер Деркоски, претседателот на Совет на Општина Прилеп Никола Димески и многу други гости од стопанскиот и опшестевен живот денеска свечено се пушти во употреба новата Автобуска станица.
Овој објект кој во голема мера ќе придонесе за понатамошниот економски развој на градот ги исполнува сите потребни стандарди и претставува функционална единица на еден современ транспортен центар.
Инвеститорот и сопственик на фирмата „Пелагонија Бус“ која ќе стопанисува со овој објект Горан Трпковски ја истакна одличната соработка со локалната самоуправа и градоначалникот Ристески повикувајќи и други инвеститори да градат во овој град.
Градоначалникот Ристески ја поздрави брзата градба на овој објект кој во рок од година дена стана достапен за 24 часовно сообраќајно – патничко функционирање и нагласи дека во иднина со реновирањето на железничката станица, Прилеп ќе добие модерен и ефикасен транспортен центар како што му доликува на еден современ европски град.

http://www.kurir.mk/republika/opstini/163885-FOTO-Avtobuska-stanica-po-svetski-standardi-vo-Prilep
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
џамче.jpg [DOUBLEPOST=1405016296][/DOUBLEPOST]Љупчо го лете квадрикоптеро :icon_lol:.

 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Денес првпат дознав дека вакво нешто позтои во Македонија. Знаев за Слонови, Гуштери и слични карпи но за МОМА првпат денес.
[DOUBLEPOST=1406375778][/DOUBLEPOST]Културното наследство низ Прилепското Поле
Пелагонија и особено Приепското Поле изобилува со природни и културни знаменитости. Само Општина Прилеп има регистрирано 198 културни споменици кои се заштитени со закон, најголем број од сите општини во Македонија.

mk.to4ak.com
Општина
26 Јули 2014
156
0

А ни Општина Долнени ни Општина Кривогаштани немаат недостаток на нешта за покажување. Сепак, Прилепското Поле е нај познато по одгледувањето на тутун, додека неговата културна вредност се крие во сенката на недостатокот на промоција. Затоа Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од Скопје, во соработка со Велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп ве повикува на една образовна и промотивна велосипедска тура насловена како „Културното наследство низ Прилепското Поле.“

Велосипедската тура „Културното наследство низ Прилепското Поле“ ќе се одржи на 14 септември, недела, 2014 година. Период кој ќе овозможи да се доживее Прилепското Поле во својата златно-жолта боја и да се просведочат последните денови од зелените тутунови полиња.

Идејата е да се привлечат граѓаните на Република Македонија, но и странци, да го посетат Прилепското Поле на велосипед. Полето е рамно, со по некое ридче, па самиот терен овозможува скоро секој да вози велосипед по едвај прометните локални патишта. Самата тура пак е предвидена да биде лесна, ако не и најлесната организирана велосипедска тура во Македонија, се со цел да може секој кој сака да учествува. Долж предвидената рута ќе има бројни места за застанување кои претставуваат и културно наследство и каде кустоси ќе ги раскажуваат приказните за тие објекти. Секако, предвидено е да преку спонзори се обезбедат освежувања и по некоја закуска на местата каде нема вода или каде ќе има потреба од поголемо освежување.

Самата тура е предвидена да биде долга 50 км и да се движи по асфалтирани патишта. Додека, на барање на XMKD, предвидено е да има уште една опција за по активните велосипедисти, каде групата ќе има 77 км за возење велосипед и ќе има околу 20 км земјени патишта. Сепак, во делот на посета на културното наследство, двете групи ќе се движат заедно. Тоа ќе овозможи да турата биде интересна и за лица кои немаат многу кондиција или искуство во возење тури, како и за лица со по напредна спремност во однос на возењето велосипед.
Доколку ти си почетник и не си сигурен дали можеш да извозиш 50 км, знај дека во тие 50 км ќе има пет места, односно седум сосе почетната и крајната, кои ќе се посетат. На секое од тие места ќе се направат паузи од 15 до 30 минути. На овој начин почетниците, учесници нема да ја осетат должината на патеката. А доколку навистина ви биде тешко, тогаш ќе има возило кое ќе ви помогне.
Рутата ќе ги поврзе сите три општини на Прилепското Поле: Прилеп, Долнени и Кривогаштани. Односно стартот ќе биде во Прилеп, ќе се помине низ Долнени, а ќе се заврши во Кривогаштани.

За учество на оваа тура ќе се плаќа котизација од 700 денари, со која е предвидено да се покријат дел од организационите трошоци. Секако, превоз до местото на почетокот и назад ќе биде обезбеден со доплата, онаму каде ќе има интерес за тоа, како пример од Скопје. Деталите околу ова ќе бидат објавени набрзо, а до тогаш ве поттикнуваме да си резервирате место бидејќи бројот на учесници во оваа тура ќе биде ограничен. Испратете порака на prilepskopole@inicijativi.org.mk

За оние кои сакаат да учествуваат со сопствен превоз, потребно е да знаат дека ова не е кружна патека и дека тоа значи дека рутата ќе им биде подолга нив за уште 17 км. Затоа, за почетници велосипедисти и градски точкољупци препорачливо е да дојдат со организираниот превоз.

Се надеваме дека оваа велосипедска тура ќе биде промотивна, во смисла дека ќе поттикне зголемена посета на Прилепското Поле и надвор од овој настан, било од рекреативен или туристички карактер. Воедно, ги поттикнуваме учесниците кои сакаат да дојдат со сопствен превоз да го поминат целиот викенд 13-14 септември во Прилепското Поле и да уживаат во можностите кои тоа ги нуди. Ние стоиме на располагање за консултација доколку некој сака да го посети Прилепското Поле надвор од настанот. Слободно обратете ни се на: prilepskopole@inicijativi.org.mk

mk.to4ak.com[DOUBLEPOST=1406375809][/DOUBLEPOST]http://10bez10.com/vesti/opshtina/2836-kulturnoto-nasledstvo-niz-prilepskoto-pole
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.299
Поени од реакции
3.674
Некој да има убај слики од прилеп панорами или било што зиме/лете/ден/ноќ било што ... ?

нешто овај стил ... плс плс плс :)


 

Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Некој да има убај слики од прилеп панорами или било што зиме/лете/ден/ноќ било што ... ?

нешто овај стил ... плс плс плс :)


Овие успеав да ги најдам најбрзо, од 2009 се. CIMG0107.JPG CIMG0113.JPG
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тоа што беше Топилницата за Велес, тоа има да биде фабриката од ДуПонт за Прилеп и Мариово, доколку се изгради.

Дури и полошо...
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Тоа што беше Топилницата за Велес, тоа има да биде фабриката од ДуПонт за Прилеп и Мариово, доколку се изгради.

Дури и полошо...
оваа е таа најавена инвестиција за во прилепско, или има уште една ??
ај линкови стави да видиме шо како
 

Kajgana Shop

На врв Bottom