10без10
Фев 09, 2014
Меѓународен турнир во Билијард „Insomnia open“ во Прилеп
Од 14-16 Фебруари прилеп ќе биде домаќин на билијард елитата од овој дел на Европа.
Низ тридневен турнир, на кој ќе учествуваат повеќе од сто натпреварувачи, Прилеп ќе има можност да проследи високо професионална игра на мајсторите на овој спорт кои че се натпреваруваат во дисциплината „Десетка“.
Со оглед на квалитето на учесниците, тешко е да се каже кој е фаворит на овој натпревар, кој ќе мора да се проследи до крај за да се види кој од сите овие великани на билијардот ќе го освои овој турнир, кој ќе се игра до касни саати во недела вечер.
Организарторот, клубот „Insomnia“ уште во својот прв обид за организирање на турнир од вакви размери, успеа да го приреди најголемиот и најдобар турнир во билијард кој досега се одржал во Република Македонија.
Играчите кои клубот „Insomnia“ успеа да ги собере на едно место за оваа манифестација, се играчи кои на најпрестижните турнири во светот имаат освоено дваесетина шампионати.
Една од главните ѕвезди на турнирот е гркот Никос Економопулос, освојувач на дури шест европски медали, од кои два во сениорска конкуренција. Никос е освојувач и на Austrian open 2012, а настапил и како член на репрезентацијата на Европа која ја победила репрезентацијата на САД, на MOSCONI купот во 2012 година.
Силна билијард екипа доаѓа и од Р. Србија предводена од Шандор Тот, кој е двократен освојувач на EUROTOUR и четирикратен освојувач на медаљи на ЕП во билијард (злато во Финска во 2002 година).
Трократниот освојувач на сребро на ЕП, Зоран Свилар е вториот фаворит на овој турнир, член на српската екипа која ќе му придаде неизвесност на овој турнир.
Истот така треба да се спомнат и Милош Веркич, Мартин Мартинович и Андреу Касовица кои со својата одлична форма ќе пробаат да се изборат за првото место.
Од Бугарија доаѓа првакот во снукер, Красимир Карамашев и првакот во десетка на Бугарија, Станимир Русланов.
Од Хрватска ќе пристигнат европскиот првак Ивица Путник и Марко Лишнич, незаменливиот хрватски репрезентативец.
Од словенските билијардисти посебно треба да се спомне Матјаж Ерчуља, најдобриот словенечки играч, кој доаѓа со големи амбиции на овој турнир.
Албанецот Ник Манај кој е актуелен бранител на среброто од минатото ЕП, исто така ќе се претстави на овој турнир со својата одлична игра.
Сериозна екипа претставуваат и играчите од Босна и Херцеговина, предводени од Дино Черимагич и Ален Муратович (бронза на последното ЕП).
Домаќините голема надеж полагаат на македонскиот двоец Жика Михајловски и Дејан Сипковски. Па останува да видиме како ќе се представат овие играчи на домашен терен, и дали ќе подлегнат на притисокот.
Турнирот започнува во петок, а финалниот натрпевар е резервиран за во недела во попладневните часови.
Турнирот ќе може да се прати преку Live Stream на
http://biserko.dyndns.org/ - user name: user pass: user и на
www.10bez10.com , а извлекувањето на ждрепката, како и фотогалериите од текот на турнирот ќе можете да ги очекувате на
www.10bez10.com
http://10bez10.com/vesti/sport/2082-megjunaroden-turnir-vo-bilijard-insomnia-open-vo-prilep