Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    739

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.965
Поени од реакции
2.251
Некои не се согласуваат... :)

Изборот на Трамп не се согласува со ова. Скоро сите олигарси беа против него.

Ама дефинитивно не е Демократија.
Точно е дека САД е уставна република, но тоа не ја исклучува демократијата како принцип на владеење. Уставната република подразбира дека законите и уставот се темелите на владеењето, додека демократијата обезбедува учество на граѓаните во донесувањето одлуки преку избори и институции.
Демократија во принцип на владеење е различна од Република. Според тоа ти што го викаш и СССР била демократија, па комитетот гласал за промените во државата, ете имало нешто демократско и таму.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.056
Поени од реакции
1.242
Изборот на Трамп не се согласува со ова. Скоро сите олигарси беа против него.

Ама дефинитивно не е Демократија.
Демократија во принцип на владеење е различна од Република. Според тоа ти што го викаш и СССР била демократија, па комитетот гласал за промените во државата, ете имало нешто демократско и таму.
Твоето поедноставување на концептите за демократија и република е прилично наивно. Демократија не значи само гласање, исто како што република не значи автоматски слобода и правда. СССР имаше фасадна демократија да, имаше гласања, но изборот беше однапред одреден, а опозиција не постоеше.
Во вистинска демократија, изборите се слободни, фер и плуралистички, а владеењето на правото е основа на системот. Разликата меѓу демократија и авторитарен режим кој се маскира како демократија е токму во ова, дали системот служи на граѓаните или само на елитите на власт.
Затоа, не мешај концепти кои се суштински различни. Едно е да имаш систем кој овозможува промена на власта преку избори, а сосема друго е кога гласањето е само театар за народот. СССР никогаш не беше вистинска демократија, а тоа што го споменуваш само ја покажува површноста на твоето разбирање на политичките системи.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.479
Поени од реакции
9.132
Владеењето на правото не е апстрактен поим кој се менува според желбите на оние што се на власт, ниту е врзан за конкретен правен систем, било да е римски, англо-саксонски или кој било друг. Суштината е во тоа како се применува во пракса: дали законите важат за сите подеднакво или се алатка за манипулација.
Секој правен систем има свои предности и недостатоци, но суштината на владеењето на правото е неговата доследна примена, независно од политичката, етничката или верската припадност.
Ако веќе зборуваме за принципи, тогаш тие треба да се почитуваат без двојни стандарди, без оглед дали станува збор за Грција, Турција, Македонија или која било друга држава. Се друго е селективна примена и демагогија....
Па што не ги почитувате?
Израелските спортисти настапуваа на Олимпијадата во Париз, ама затоа на белоруските не им беше дозволено учество. А непречено учествуваше и холандскиот силувач.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.127
Поени од реакции
34.612
Што не кажувате дека 5 патриоти, ирис, и понекој Миг изгореле вчера... Изгледа не е ни интересно повеќе. :unsure:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.127
Поени од реакции
34.612
od kogo bese izbran? do koga mu e mandatot? dali pak ke glasaat za nego tie sto seuste se del od taa "drzava"?
Ај што му е поминат мандатот, ама уште поважно: За која програма го изгласаа тогаш Зеленски? Дали ветуваше мир и помирување во Донбас, или вети самоуништувачка војна за интересите на САД? И последно... Како ова да се дискутира со бот од НВО?
Автоматски споено мислење:

Инаку скроз не се пратат важните случувања на темава, ваљда благодарение на ботовите кои редовно ја заглупуваат дискусијата.
Нејсе, деновиве на површина излегува уште една важна причина за упадот кај Курс: Гасната станица во Суџа. Актуелни се преговарањата за нов договор за испорака на гас од РФ до ЕУ. Зеленски сака гасот да се мери на влез во ЕУ а он да лапа колку сака при транзитот без да плаќа. Досега гасот се мереше на излез од Русија, преку две точки едната во Суџа и другата во Донбас која падна уште на почеток на војната. Сега кога ја држи гасната станица во Суџа, Зеки тоа сака да го искористи како џокер. За другата гасна станица во Донбас дури поднеле тужба во европските судови, демек не можат да надгледуваат и сега Русите да плаќаат милијарди како отштета дури и ако линијата не се користи. Нормално наместен процес во ЕУ и тужбата ја добиле.

Русија нормално не се согласува со ништо од ова, и Зеки сака да го запре гасот кон ЕУ. Само изгледа не сметал на Фико и Словачка кои се заканија дека ако Украина го запре гасот, тогаш Словачка ќе ја запре струјата кон Украина (многу нормално, пошто гасот исклучително важен и за Словачка). И сега Зеки прави драми, кажува гачки за Фико како бил руски агент и што ти не... Делува смешно, но во моментов ова може е и поважно од случувањата на фронтот (кои сите се на штета на Украина и западните).
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2022
Мислења
571
Поени од реакции
1.528
Теоретски си во право, но демократијата не е само буквално владеење на народот, туку комплексен систем кој вклучува баланс меѓу мнозинството и заштитата на малцинствата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Ако се држиме само до буквалното значење на зборот, тогаш ќе дојдеме до тиранија на мнозинството, што не е суштината на модерната демократија.

Демократијата не е само ‘кој има повеќе гласови, туку и како тие гласови се користат за да се зачува правдата, еднаквоста и правата на секој поединец. А за тоа не е доволно само да се гугла етимологија, туку и да се разбере суштината зад зборот.
Каква демократија,демократија на двојни стандарди?Како бе кај на во 2001 тие шо не нападнаа од Косово со подршка на овдешни милитанти беа прогласени за борци за човекови права?По која основа?Не ни беше дозволено да се браниме со сите разположливи средства.Ни беше забрането да ги користиме Т-72ките.Друго на запад во моментов ако сакаш да си ја почитуваш својата традиција и ако си против да ти се населуваат орки од Блискиот Исток одма те прогласуваат за симпатизер на крајната десница.Нео -либерализмот е најголемото зло шо му се деси на западот после WW2.Новите фашисти себеси се нарекуваат Антифа.Готово е и на народот на запад преку таквото им е од тие двојни стандарди.Победата на Трамп е најголемиот доказ за тоа.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.069
Поени од реакции
13.359
Турчин агностик, љубител на тоа што правела отоманската империја, фан и почитувач на Ердоган и неговите политки и вработен во американска невладина организација. Или трола или е виц.
Сам себе си е противречен. Атеист што подржува подем и злоупотреба на било каква религија :facepalm: Сам себе убијал.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
571
Поени од реакции
1.528
Теоретски си во право, но демократијата не е само буквално владеење на народот, туку комплексен систем кој вклучува баланс меѓу мнозинството и заштитата на малцинствата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Ако се држиме само до буквалното значење на зборот, тогаш ќе дојдеме до тиранија на мнозинството, што не е суштината на модерната демократија.

Демократијата не е само ‘кој има повеќе гласови, туку и како тие гласови се користат за да се зачува правдата, еднаквоста и правата на секој поединец. А за тоа не е доволно само да се гугла етимологија, туку и да се разбере суштината зад зборот.
Дали вашата НВО има преставништво во Турција?Дали таму се борите за заштита на правата на Курдите?Дали Курдите имаат државен универзитет во Турција?Дали курдите имаат државен празник на Курдистанското знаме, на кој свечено ќе празнуваат,ќе урлаат,ќе пукаат со калаши,и ќе палат турски знамиња на сред Анкара?Дали курдите имаат споменици низ градовите и селата на нивните паднати борци за човекови права?Дали курдскиот јазик треба да е втор службен јазик во Турција?Дај објасни ни нас овдека до кај се работиве со демократијата таму,немој само да ни проповедаш.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.056
Поени од реакции
1.242
Сам себе си е противречен. Атеист што подржува подем и злоупотреба на било каква религија :facepalm: Сам себе убијал.
Гледам дека си експерт за сè, па дури и за разликите меѓу атеизам и агностицизам, само што, за жал, твојата „експертиза“ изгледа како да е стекната од првата страница на Википедија. Атеизмот и агностицизмот се различни поими, ама очигледно ти намерно ги мешаш за да изгледаш паметен пред самиот себе. Но ајде, секој си има право да биде главен јунак во сопствениот филм на заблуди. Продолжи, барем ме забавуваш со својата самодоверба во незнаењето. Оти класика без поента си :facepalm:
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.541
Поени од реакции
3.315
Шо бидна со нуклеарките чекам и понатаму,и шо е работава со јод го има ли во слободна продаја или е разграбан?Овие навијачи кои завземаат страна ми се посебна комедија..А и општо навивањето ми е комедија..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.242
Поени од реакции
84.271
Затоа, да се ставаат сите НВО во ист кош како „работат против интересите на државата“ е едноставно евтин наратив за замајување на јавноста. Дебатата за демократија не се сведува на тоа кој е погласен, туку кој има подобри аргументи.
Не сите, но огромен процент работат на ширење на, за нас, погубна идеологија (исламистичка или woke, сеедно) и лажни наративи, како во твојот случај.
Единствениот лек ни е закон за забрана на надворешно финансирање и ние мораме тоа побргу тоа да го направиме.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.056
Поени од реакции
1.242
Дали вашата НВО има преставништво во Турција?Дали таму се борите за заштита на правата на Курдите?Дали Курдите имаат државен универзитет во Турција?Дали курдите имаат државен празник на Курдистанското знаме, на кој свечено ќе празнуваат,ќе урлаат,ќе пукаат со калаши,и ќе палат турски знамиња на сред Анкара?Дали курдите имаат споменици низ градовите и селата на нивните паднати борци за човекови права?Дали курдскиот јазик треба да е втор службен јазик во Турција?Дај објасни ни нас овдека до кај се работиве со демократијата таму,немој само да ни проповедаш.
Очигледно имаш многу прашања, но сите се поставени со искривена логика и малку демагогија. Невладините организации не се владини тела, ниту амбасади, за да „отвориме“ претставништва каде ќе ни падне на ум. Секое присуство зависи од локалното законодавство и дозвола на земјата-домаќин.

Што се однесува до правата на Курдите, тоа е прашање кое најдобро треба да го реши турската влада со сопствена политичка волја.

Дали Курдите треба да имаат свој универзитет, јазик или празници ? Тоа е прашање исто така на политичката волја во Турција, а не на невладини организации.

Ако веќе си толку загрижен за правата на малцинствата, зошто не ги поставуваш истите прашања и за некои други земји ? Очигледно е дека твојата „загриженост“ е селективна и инструментализирана за да звучиш како паметен на форум.
Ајде, продолжи со твоите 'длабоки' анализи барем си добар во креирање парадокси. Инаку горе долу истиот одговор ќе го добиеш ако ме прашаш евентуално и за други држави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom