Очигледно имаш многу прашања, но сите се поставени со искривена логика и малку демагогија. Невладините организации не се владини тела, ниту амбасади, за да „отвориме“ претставништва каде ќе ни падне на ум. Секое присуство зависи од локалното законодавство и дозвола на земјата-домаќин.
Што се однесува до правата на Курдите, тоа е прашање кое најдобро треба да го реши турската влада со сопствена политичка волја.
Дали Курдите треба да имаат свој универзитет, јазик или празници ? Тоа е прашање исто така на политичката волја во Турција, а не на невладини организации.
Ако веќе си толку загрижен за правата на малцинствата, зошто не ги поставуваш истите прашања и за некои други земји ? Очигледно е дека твојата „загриженост“ е селективна и инструментализирана за да звучиш како паметен на форум.
Ајде, продолжи со твоите 'длабоки' анализи барем си добар во креирање парадокси. Инаку горе долу истиот одговор ќе го добиеш ако ме прашаш евентуално и за други држави.