Јас никаде не пишав дали има време или нема. Јас напишав дали некој има мислење дека РФ ќе тргне кон овие 2 града ? А зошто па да не би тргнале доколку го освојат Запорожје можат на овие 2 града токму од позади грб да им излезат.
Турчин агностик, љубител на тоа што правела отоманската империја, фан и почитувач на Ердоган и неговите политки и вработен во американска невладина организација. Или трола или е виц.
Прво, да расчистиме нешто , демократијата не е само мнозинство на референдум или во парламент. Вистинска демократија подразбира владеење на правото, заштита на малцинствата, почитување на човековите права и слободи, како и транспарентност во управувањето.
Буквално тоа значи, владеење на мнозинството, на народот.
Не мора ни да се биде образуван за да го знаеш тоа (а очигледно не си), доволно е само да ја пребараш етимологијата на поимот.
НВО-ата промовираат „вредности“ (читај интереси) на нивните газди од странство. Тоа се интереси кои секогаш се директно против интересите на мнозинството во државите каде роварат тие НВО-а. Интересите на трети држави, и на елитите од трети држави скоро никогаш не се поклопуваат со интересите на народот во чии држави роварат тие. Ова е толку елементарно едноставно, што може да не му биде јасно само на некој кој има интерес да се прави глуп дека не му е јасно.
Ако тоа ти изгледа како предавство, тогаш веројатно проблемот не е во невладините организации, туку во твоето разбирање на поимот демократија.
Ти како некој кој не веруваш во владеење на мнозинството сега објаснуваш што е демократија. Повеќе од иронично, само уште да можеше да разбираш иронија.
И како второ, ако секој народ одлучува како сака 'да ја уреди својата куќа', тогаш зошто зборуваш против невладините организации ? Зарем не е тоа дел од слободата на избор ? Ако не ти се допаѓаат, не мора да ги поддржуваш, но тоа не значи дека се нелегитимни.
Ти си многу збунет човек. Буквално дел од „уредување на својата куќа“ е расчистување со петтата колона. Работење - за пари - за странски и непријателски интереси.... Тоа бре не е никаква eбeнa „слобода на говор“.
Ајде малку полека, длабок здив. Ти цел свет го спакува во еден коментар,од древен Египет, преку султанот, до Урсула и Блек Рок. Владеењето на правото не е никаква „западна мантра“, тоа е основен принцип за цивилизирано општество. И да, разликата е во тоа што денес имаме закони кои важат за сите, барем на хартија, а не закони кои се менуваат според ќефот на султанот.
Што се однесува до НВО, дали мислиш дека ние како општество сме изолирани од светските процеси ??? Секое НВО има агенда, тоа е точно, но и секоја држава, секој лидер, секоја корпорација има агенда. Разликата е што некои НВО носат програми кои ја подобруваат образовната структура, здравството и човековите права, а други се користат како изговор за делегитимизација на цела идеја за прогрес.
Politics is downstream of culture - Andrew Breitbart. NGO одат на промена на култура, што носи промена на политика во земјата. Затоа и самото име Не-Владина Организација е само еден орвелизам.
Секоја војна како и оваа мора еден ден да заврши прашањето е како.
Второ, ЕУ ќе биде обврзана тој дел што ќе преостане од Украина да го обнови знаете ли тоа колку пари се ? Тоа значи уште повисоки даноци и потежок живот за граѓаните на ЕУ. Тоа ќе донесе до внатрешни немири во членките на ЕУ. Јас лично сметам доколку тие немири ескалираат со насилство можен е и распад на ЕУ. Први земји кои не се задоволни од општата политика на ЕУ се Словачка, Унгарија и делумно Романија.
Од кога функционира правото? После Косово го уклучија да важи?
Politics is downstream of culture - Andrew Breitbart. NGO одат на промена на култура, што носи промена на политика во земјата. Затоа и самото име Не-Владина Организација е само еден орвелизам.
Политиката можеби е „downstream of culture“, но културата не е монолитен блок што може лесно да се „промени“ преку невладини организации. НВО имаат свој фокус и агенди, но нивното влијание е ограничено, тие можат да предложат идеи, да поттикнат дебата, но на крај, културата на едно општество се гради од народот, традициите, вредностите и времето.
Името „Невладина организација“ не е никаков „орвелизам“, туку јасно укажува на тоа дека тие не се државни институции и не се дел од владините структури. Ако толку веруваш дека НВО имаат толкава моќ, тогаш зошто не формираш своја и не го промовираш твојот „анти-НВО“ наратив ?
Крајно време е да престанеш да гледаш заговори зад секој агол. Културата на едно општество не се менува со неколку флаери и работилници, туку со длабоки и органски промени во самото општество. Престани да им придаваш натприродна моќ на НВО, како да се некоја светска тајна организација. На крајот на денот, секоја промена, културна или политичка, зависи од народот, а не од некоја фондација или грант.
2025 ќе е почеток на крајот на војнава.Се почна од 2014 со потпалувачи на атмосвера од надвор.На крајот ќе заврши со десеткувана и инвалидизирана машка популација во Украина,голема изгубена територија и ослабната европска економија.Последиците за жал ќе ги почуствуваме и ние.Тие шо ја отворија украинската пандорина кутија сега никаде ги нема,се налапаа пари,во име на демократијата.
Светогледот се менува преку социјален инжинеринг. НВО-ата се дел од тој социјален инжинеринг но повеќе се за влијание врз самите држави во кои роварата. Ги поставуваат правилата за игра, за потоа елементите кои ги промовираат - тие да продолжат со менување на светогледот на луѓето.
Земи ги на пример ЛГБТП/воук култот. Западните отвараат НВО-оа овде и поставуваат услови како дајте им вакви права, онакви права, инаку плачење кај амбасадорите и другите политичари дома, а потоа овие им маваат заушки на овдешниве политичари и функционери. И следно се сменило тоа што го бараат НВО-оата.
2025 ќе е почеток на крајот на војнава.Се почна од 2014 со потпалувачи на атмосвера од надвор.На крајот ќе заврши со десеткувана и инвалидизирана машка популација во Украина,голема изгубена територија и ослабната европска економија.Последиците за жал ќе ги почуствуваме и ние.Тие шо ја отворија украинската пандорина кутија сега никаде ги нема,се налапаа пари,во име на демократијата.
Ќе се обидат да ја вовлечат цела Европа во војна против Русија, повеќе е од очигледно. Знаците се насекаде. Глупи воинствени изјави од функционери на државички како Естонија, запленување на руски танкери, отворено воено помагање на Украина, итн. Како што стојат работите, Господ нека ни е на помош.
Буквално тоа значи, владеење на мнозинството, на народот.
Не мора ни да се биде образуван за да го знаеш тоа (а очигледно не си), доволно е само да ја пребараш етимологијата на поимот.
НВО-ата промовираат „вредности“ (читај интереси) на нивните газди од странство. Тоа се интереси кои секогаш се директно против интересите на мнозинството во државите каде роварат тие НВО-а. Интересите на трети држави, и на елитите од трети држави скоро никогаш не се поклопуваат со интересите на народот во чии држави роварат тие. Ова е толку елементарно едноставно, што може да не му биде јасно само на некој кој има интерес да се прави глуп дека не му е јасно.
Теоретски си во право, но демократијата не е само буквално владеење на народот, туку комплексен систем кој вклучува баланс меѓу мнозинството и заштитата на малцинствата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Ако се држиме само до буквалното значење на зборот, тогаш ќе дојдеме до тиранија на мнозинството, што не е суштината на модерната демократија.
Демократијата не е само ‘кој има повеќе гласови, туку и како тие гласови се користат за да се зачува правдата, еднаквоста и правата на секој поединец. А за тоа не е доволно само да се гугла етимологија, туку и да се разбере суштината зад зборот.

Буквално сум во право, а ти само ги повторуваш флоскулите на кои те научиле во невладината. Освен тоа, да не бев во право немаше ни да постојат невладините организации. Ниту па во суверени држави ќе забрануваа финансирање надвор од државата на елементи како НВО-а и јавно покажување на таквите што работат против интересите на државата... Знаеш ваљда дека и во „земјата на слободните“ и „лулката на демократијата“ (САД), дека и таму има такви закони? Ама кога истото ќе се обиде да го направи и помала држава како Грузија на пример, тогаш ги пуштаат таквите како тебе да гажувате гачки и флоскули за „тиранија на мнозинството“.
Секој систем има свои недостатоци, вклучувајќи ја и грчката демократија. Но, да се користат туѓи примери за да се оправдаат сопствени пропусти не е сериозен аргумент. Ако се повикуваш на демократија, тогаш треба да ја браниш како принцип, а не селективно , кога ти одговара....Да, Грција има свои проблеми, но тоа не значи дека основните вредности на демократијата владеење на правото, заштита на малцинствата и човековите права ,се неважни или невалидни.
Политиката можеби е „downstream of culture“, но културата не е монолитен блок што може лесно да се „промени“ преку невладини организации. НВО имаат свој фокус и агенди, но нивното влијание е ограничено, тие можат да предложат идеи, да поттикнат дебата, но на крај, културата на едно општество се гради од народот, традициите, вредностите и времето.
Политиката е производ на културата. Еве колку лесно беше да се промени монолитниот блок, специфично за хомосексуалните бракови, НВО се гордеат на овие промени.
United States (2015):
The case Obergefell v. Hodges legalized same-sex marriage nationwide, largely supported by advocacy and legal action from Lambda Legal, HRC, and ACLU.
Ireland (2015):
NGOs like the Gay and Lesbian Equality Network (GLEN) and Yes Equality campaign significantly influenced the referendum that legalized same-sex marriage.
South Africa (2006):
NGOs like the Legal Resources Centre supported legal challenges that led to the Constitutional Court’s ruling in favor of same-sex marriage.
Taiwan (2019):
NGOs like Taiwan Alliance to Promote Civil Partnership Rights played a vital role in securing Asia’s first legalization of same-sex marriage.
Australia (2017):
Organizations like Australian Marriage Equality led the public campaign resulting in a successful plebiscite and subsequent legalization.
Името „Невладина организација“ не е никаков „орвелизам“, туку јасно укажува на тоа дека тие не се државни институции и не се дел од владините структури. Ако толку веруваш дека НВО имаат толкава моќ, тогаш зошто не формираш своја и не го промовираш твојот „анти-НВО“ наратив ?
Не-владина организација е орвелизам затоа што се меша во работата на владата преку организирање на протести, парично зајакнување на опозицијата и купување влијание кај разноразни олигарси. Кога ќе имам фонд како Сорос и те како истото ќе го правам. Заинтересиран си за да проповедаш моја НВО?
Крајно време е да престанеш да гледаш заговори зад секој агол. Културата на едно општество не се менува со неколку флаери и работилници, туку со длабоки и органски промени во самото општество. Престани да им придаваш натприродна моќ на НВО, како да се некоја светска тајна организација. На крајот на денот, секоја промена, културна или политичка, зависи од народот, а не од некоја фондација или грант.
Теоретски си во право, но демократијата не е само буквално владеење на народот, туку комплексен систем кој вклучува баланс меѓу мнозинството и заштитата на малцинствата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Ако се држиме само до буквалното значење на зборот, тогаш ќе дојдеме до тиранија на мнозинството, што не е суштината на модерната демократија.
Демократијата не е само ‘кој има повеќе гласови, туку и како тие гласови се користат за да се зачува правдата, еднаквоста и правата на секој поединец. А за тоа не е доволно само да се гугла етимологија, туку и да се разбере суштината зад зборот.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.