Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    762
Секој систем има свои недостатоци, вклучувајќи ја и грчката демократија. Но, да се користат туѓи примери за да се оправдаат сопствени пропусти не е сериозен аргумент. Ако се повикуваш на демократија, тогаш треба да ја браниш како принцип, а не селективно , кога ти одговара....Да, Грција има свои проблеми, но тоа не значи дека основните вредности на демократијата владеење на правото, заштита на малцинствата и човековите права ,се неважни или невалидни.
Владеење на кое право? Римско, англо-саксонско, шеријатско, обичајно...?
 
Мислиш како во Ελληνική Δημοκρατία и нивната „заштита“ на македонското и останатите малцинства?
Демократија е само тоа што газдите ќе кажат дека е демократски. На пример малцинствата во Македонија мора да се негуваат и штитат за да нема „тиранија на мнозинството“, но истото не важи за македонските малцинства во соседните држави (кои се поважни американски вазали).

Ова не може да се дискутира со платеник од НВО. Пошто он или:
- тотално не верува во срањта кои ги повраќа, ама цинично си ги вергла пошто тоа му е работа
- верува во срањата, услов е се разбира да биде многу глуп

Во двата случаи пак нема да можеш нормално да дискутираш со него. :unsure:
 
Еве пар од тие „хај-тек„ кои КосовА ги забранува за извоз во Русија:
- „брашно„,
- „трава„,
- бело робје,
- организиран криминал,
- корупција.

Наведените „технологии„ и тоа како се извезуваат во ЕУ.
Ваљда мислат на колите што ги крадат низ цела Европа.
 
Јас никаде не пишав дали има време или нема. Јас напишав дали некој има мислење дека РФ ќе тргне кон овие 2 града ? А зошто па да не би тргнале доколку го освојат Запорожје можат на овие 2 града токму од позади грб да им излезат.

Несомнено ќе тргнат кон Славјанск и Краматоркс, тие градови се "круната" на СВО, последниот бос, ултимејт награда.
 
Буквално сум во право, а ти само ги повторуваш флоскулите на кои те научиле во невладината. Освен тоа, да не бев во право немаше ни да постојат невладините организации. Ниту па во суверени држави ќе забрануваа финансирање надвор од државата на елементи како НВО-а и јавно покажување на таквите што работат против интересите на државата... Знаеш ваљда дека и во „земјата на слободните“ и „лулката на демократијата“ (САД), дека и таму има такви закони? Ама кога истото ќе се обиде да го направи и помала држава како Грузија на пример, тогаш ги пуштаат таквите како тебе да гажувате гачки и флоскули за „тиранија на мнозинството“.
Се обидуваш да измешаш поими и да го пренасочиш фокусот од суштината. Невладините организации постојат како алатка за граѓанска контрола и застапување на одредени вредности, кои да, може да се поклопуваат или не со интересите на државата. Но, тоа е суштината на демократијата, плурализам на мислења и можност за различни перспективи.

Ако забележуваш, токму во земјите каде што навистина има демократија, како САД и ЕУ, постојат механизми за контрола и регулација на НВО, но не и целосно забранување. Проблемот не е во НВО, туку во тоа како владите ги користат или злоупотребуваат тие механизми за свои цели.

Затоа, да се ставаат сите НВО во ист кош како „работат против интересите на државата“ е едноставно евтин наратив за замајување на јавноста. Дебатата за демократија не се сведува на тоа кој е погласен, туку кој има подобри аргументи.
 
Несомнено ќе тргнат кон Славјанск и Краматоркс, тие градови се "круната" на СВО, последниот бос, ултимејт награда.
Бос на првото ниво... Далеку се последните босови а и ултимејт наградата.
 
Се обидуваш да измешаш поими и да го пренасочиш фокусот од суштината. Невладините организации постојат како алатка за граѓанска контрола и застапување на одредени вредности, кои да, може да се поклопуваат или не со интересите на државата. Но, тоа е суштината на демократијата, плурализам на мислења и можност за различни перспективи.

Ако забележуваш, токму во земјите каде што навистина има демократија, како САД и ЕУ, постојат механизми за контрола и регулација на НВО, но не и целосно забранување. Проблемот не е во НВО, туку во тоа како владите ги користат или злоупотребуваат тие механизми за свои цели.

Затоа, да се ставаат сите НВО во ист кош како „работат против интересите на државата“ е едноставно евтин наратив за замајување на јавноста. Дебатата за демократија не се сведува на тоа кој е погласен, туку кој има подобри аргументи.
САД е Уставна Република, не е Демократија.
 
Владеење на кое право? Римско, англо-саксонско, шеријатско, обичајно...?
Владеењето на правото не е апстрактен поим кој се менува според желбите на оние што се на власт, ниту е врзан за конкретен правен систем, било да е римски, англо-саксонски или кој било друг. Суштината е во тоа како се применува во пракса: дали законите важат за сите подеднакво или се алатка за манипулација.
Секој правен систем има свои предности и недостатоци, но суштината на владеењето на правото е неговата доследна примена, независно од политичката, етничката или верската припадност.
Ако веќе зборуваме за принципи, тогаш тие треба да се почитуваат без двојни стандарди, без оглед дали станува збор за Грција, Турција, Македонија или која било друга држава. Се друго е селективна примена и демагогија....
 
Русија се соочува со сериозни критики поради своите постапки на меѓународната сцена. Нејзината агресија кон Украина, вклучително и анексијата на Крим и поддршката на сепаратистичките движења, претставува флагрантно кршење на меѓународното право и суверенитетот на независни држави. Овие дејствија не само што ја изолираа Русија дипломатски, туку и доведоа до сериозни економски санкции кои ја ослабеа нејзината економија.
Дополнително, руската внатрешна политика е обележана со репресија на опозицијата, ограничување на слободата на медиумите и кршење на човековите права. Овие авторитарни практики го нарушуваат демократскиот развој и ги поткопуваат основните слободи на нејзините граѓани.
Исто така, Русија е обвинета за мешање во внатрешните работи на други држави преку дезинформациски кампањи и сајбер напади, што дополнително ги влошува нејзините односи со меѓународната заедница. Овие активности создаваат недоверба и нестабилност на глобално ниво.
За да ја подобри својата позиција на меѓународната сцена, Русија треба да ги преиспита своите политики, да се придржува кон меѓународните норми и да покаже вистинска посветеност кон демократијата и човековите права. Само преку такви промени може да се надева на обновување на довербата и соработката со другите нации.

Shakespeare ти си? Мора да си ти. Само ти ја имаш моќта и времето да истрескаш толку долги глупости на толку многу теми.
 
САД е Уставна Република, не е Демократија.
Точно е дека САД е уставна република, но тоа не ја исклучува демократијата како принцип на владеење. Уставната република подразбира дека законите и уставот се темелите на владеењето, додека демократијата обезбедува учество на граѓаните во донесувањето одлуки преку избори и институции.
 
Невладините организации постојат како алатка за граѓанска контрола и застапување на одредени вредности, кои да, може да се поклопуваат или не со интересите на државата. Но, тоа е суштината на демократијата, плурализам на мислења и можност за различни перспективи.
Гледај, сеедно колку мафташ со флоскулите ама ако ти на 1ви земаш плата за да ја зборуваш пропагандава - ти тука си ја изгубил можноста да наметнуваш дефиниции за идеали како демократија.
 
Гледај, сеедно колку мафташ со флоскулите ама ако ти на 1ви земаш плата за да ја зборуваш пропагандава - ти тука си ја изгубил можноста да наметнуваш дефиниции за идеали како демократија.
Гледај, тоа што ти мислиш дека некој зема плата за да изрази став е само показател на твоето разбирање за дискусија и аргументација. Демократијата подразбира слобода на говор и размена на идеи, независно од тоа кој каде работи. Ако немаш контрааргументи и се сведуваш на обвинувања и етикети, тогаш јасно е кој ја губи можноста да наметнува било какви дефиниции. Пробај со факти, не со напади можеби ќе изгледаш посериозно. :facepalm:
 
Гледај, сеедно колку мафташ со флоскулите ама ако ти на 1ви земаш плата за да ја зборуваш пропагандава - ти тука си ја изгубил можноста да наметнуваш дефиниции за идеали како демократија.

Покојниот Љубиша Георгиевски, во еден од своите последни настапи на ТВ, зборувајќи за Зоќета из Муртино, (Љубиша) со право забележа дека (Зоќе) е увежбуван (!) за улогата која му беше доделена, за која Зоќе му отплати барем два „кредити„ на својот “чадор„.

Буквало ист е „случајот„ и со ликот @oon, кој користи речник од кој лесно се „чита„ дека е обучуван од....хммммм...веројатно истиот „чадор„.

За среќа, не морам да сум режисер за да го препознаам таквиот “феномен„ на форумов.
 
Некои не се согласуваат... :)

Изборот на Трамп не се согласува со ова. Скоро сите олигарси беа против него.

Ама дефинитивно не е Демократија.
Точно е дека САД е уставна република, но тоа не ја исклучува демократијата како принцип на владеење. Уставната република подразбира дека законите и уставот се темелите на владеењето, додека демократијата обезбедува учество на граѓаните во донесувањето одлуки преку избори и институции.
Демократија во принцип на владеење е различна од Република. Според тоа ти што го викаш и СССР била демократија, па комитетот гласал за промените во државата, ете имало нешто демократско и таму.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom