Се обидуваш да измешаш поими и да го пренасочиш фокусот од суштината. Невладините организации постојат како алатка за граѓанска контрола и застапување на одредени вредности, кои да, може да се поклопуваат или не со интересите на државата. Но, тоа е суштината на демократијата, плурализам на мислења и можност за различни перспективи.
Ако забележуваш, токму во земјите каде што навистина има демократија, како САД и ЕУ, постојат механизми за контрола и регулација на НВО, но не и целосно забранување. Проблемот не е во НВО, туку во тоа како владите ги користат или злоупотребуваат тие механизми за свои цели.
Затоа, да се ставаат сите НВО во ист кош како „работат против интересите на државата“ е едноставно евтин наратив за замајување на јавноста. Дебатата за демократија не се сведува на тоа кој е погласен, туку кој има подобри аргументи.