Јас го ценам твоето мислење, ако ти не го цениш моето, слободно стави ме на игнор.
Лицемерно е да јавно се кажуваш пристрасен а ги обвинуваш другите за курири или пропагандисти.
мора ли да почнеш со плачки, биди барем еднаш ... и почни со темата, а не “со стави ме на игнор“, ако толку сакаш да одиш на листата со цревни содржини само замоли и брзо оди тоа.
Многу си чувствителен, не те обвинувам за ништо туку реков дека е посакувано да се полемизира со нечие мислење а не со пренесена вест, односно со оној што ја пренел, без обзир дали истата е вистина или лага.
Според украинците, за тие настани се криви русите. Според русите, криви се украинците.
Како јас и ти ќе знаеме што е вистина?
За кои Украинци се виновни Русите, оние со наци симболи и поставени од ЕУСА, за тие збориш?
И никој не претендира на вистината, затоа и се води дијалог за да дојдеме до некаква вистина, а флоскули од типот “ни јас ни ти не знаеме“ е само обид да не се води дијалог па според тоа и да не дојдеме до вистината, а таа е секогаш една, не може и едните и другите да ја говорат.
Американскиот воен комплекс по многу параметри е најсилен во светот.
Буџет, огнена моќ, тренинг, координација, логистика, технологија, развој, искуство, стратешко позиционирање и проектирање моќ.
Ако имаш ти различно рангирање, повели кажи го.
И после се лутиш кога ќе напишам дека пишуваш глупости .....
Ти сосема ладно земјата која поседува најголем атомски арсенал во светот ја нерекуваш “втората светска сила“, а таа втора може да ги јаде и прва и трета за појадок.
Таа земја која ти ја нарекуваш и ја класифицираш како втора во моментов води во судирот помеѓу неа и цел ебен запад, не знаат каде им е главата каде им е газето, па ти види колку е втора.
Кој си ти да суди кој треба да коментира а кој не? Ова е форум, наменет за дискусија. Јас пробувам да развијам дискусија.
Што на ова да одговорам а да биде колку толку пристојно.
Не не може да се виде пристоен со некој кој ги отфрла аргументите и укажувањата дека пишува глупости па затоа еве го договорот.
Секој има право да биде глуп колку што сака, дури и ти го имаш тоа право, проблемот е што тој а и ти не смеете да го злоупотребувате тоа право.